1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преспанско езеро

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Isabel, 24 јули 2011.

  1. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Од аспект на културно-исторската вредност апсолутно се согласувам, коментиравме по однос на плажите, дека се’ уште не се доволно средени, фали некој кафич, пицерија, ресторан, некое детско катче, луна паркче, да има основна забава и за деца, и за возрасни. А, дека е прекрасен преспанскиот регион, никој не оспорува, се разбира дека си има своја посебна убавина, иако не ги имам шетано сите села, односно споменатите Љубојно и Брајчино и не можам да кажам ништо, низ Царев двор имам поминато, го имам посетено Претор, Отешево и Ресен, имам убави импресии, но сепак сметам дека треба да се инвестира таму.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.611
    Допаѓања:
    161.122
    Пол:
    Женски
    Каква желба ми створи да ја посетам Преспа не си свесна.
    Од дете кога не водеа Асамати не сум била.
    Се надевам и јас ќе ја доживеам на начин како тебе:inlove:
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Глупаво е што нема вечерно време кај да се оде у 9 ке треба да си легнеш ако не си со друштво ако си со родители или со дечко...
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    и @Queen8
    Точно дека нема не знам каков, да не речам никаков ноќен живот за млади, затоа и реков, кој сака ете го Охрид, кој за жал го упропастија со урбанизацијата, ноќен живот колку сакаш.

    Сепак во Ресен има по некој кафич, нешто како ноќна забава видов дека се прави во Стење, можеби и Претор или Сливница, ама за навечер баш не сум сигурна за таму.

    Ние лани со бебе бевме две недели и навечер одевме во Ресен, седевме до кај 24 - 01 по полноќ највеќе, тогаш не беше проблем заспан да го преместиме во кревет, сега е. :D

    Во Претор на плажата има супер ресторан бар со многу убава атмосфера и имаше народ, барем додека ние седевме таму на плажа до кај 20ч.

    Сливница има огромен ресторан а подолу на плажата и бар кои не знам како функционираат навечер, се надевам има нешто.

    Стење знам дека има ама мн лоша музика трешти. |(

    Едвај чекам кон крајот на месецов ќе одиме пак, ќе се распрашам што прават младите преспанчани навечер и ќе ви пишам, само знам дека честа ноќна дестинација им е Битола на многу. ;)
     
    На Puffy2019 и Queen8 им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
  6. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
  7. MamaMaca

    MamaMaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Девојки, предлог за сместување на преспанско езеро?
     
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    @MamaMaca Конкретно сместување не знам да ти кажам, ама можам локација да ти препорачам.
    Плажата и езерото според мене најдобри се во Сливница. Поточно имаш две плажи, Connect Beach прекрасно уредена i Coca Beach мислам беше, има ресторанче и некоја лежалка, уредена е ама повеќе е за со сопствен "материјал" :lol:.
    Е сега во Сливница смештај директно на плажа нема, има горе во селото, ама можеш и во т.н. Претор, има доста вили таму и до Сливница се стигнува брзо пешки, по патеката, а Претор, како населба покрај езеро е доста по уредена, 3-4 ресторанчиња на плажа, некоја продавничка и така.
    Така да според мене најдобро е да се сместите во туристичката населба Претор. Значи не во селото Претор, туку во т.н. Претор, да не се збуните :).
     
    На MamaMaca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    На Преспанско езеро секогаш ми е убаво:D. Добро е и за со фамилија а и со друштво сме биле и убаво си поминавме.
    Годинава бев на еден ден и искрено премногу ми е жал за водата што е разотидена и никој не превзема ништо во врска со тоа:(. Само што прочитав на нет била изгубена вода колку 2 Дојрански езера:( Не знам колку е вистина дека толку многу ама во секој случај има многу изгубена вода а и имаше еден период и петиција во врска со тоа:(
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Дали оваа гофдина бил некој накај Преспанско?: Како е? Се бањаат ли луѓе?
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Сливница е супер, Отешево кај Черти Камен исто, Долно Дупени е најубава плажа, но за капење мене не ми е баш баш, иако многу се капат и таму.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Може препораки за сместување?
    Апартмани Галакси ги гледав, ама нема ништо слободно.
    Некое место кај што сте биле, погодно за деца?
     
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    ЈАс најдов бунгалов во КРани. Сакав неколку дена на таков викенд да појдиме, камперски, ама испадна сепак бунгалов - куќичка. По тоа што ги гледам по фб океј се. Со оглед дека барав бунгалови, за друг смештај не знам да ти кажам, освен дека и во отешево има куќарки, ама за периодот јас што барав (продолжениот викенд) ништо слободно.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Која плажа ја препорачувате на преспанско езеро?
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Релакс види во Претор, Рива во Стење, Лејквју во Отешево или на Букинг/ АирБнБ. И на Кајак.мк види, ме да има нешто.
    За со деца најдобра е плажата во Сливница, другите се ок ама езерото внатре не е за пофалба, посебно не за со дете. И Крани евентуално.

    Сливница (Плажата Цоца е подобра), Наколец, Долно Дупени, Черти Камен и Коњско (за авантуристи повеќе) :)
     
    На Annath и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Не е за мене, прашував за една колешка, Крани и фаќа око, па ќе се јави да праша дали има место.
    Фала @kikin @Ahoy.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми добро место на Преспанско езеро за со мало дете во хотел. Ми фати око Lakeview hotel and resort, ако била некоја да ми каже впечатоци. Инаку, не сум била досега таму освен како ептен мала еднаш. Фала
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Лејквју како хотел е супер, природата е предобра и целиот вајб, ама езерото за капење искрено не е. Ќе треба да одите барем до Черти Камен, на околу 2км од Лејквју.

    Хотели на Преспанско нема, освен Лејквју и можда Рива во Стење, што исто не е баш за капење таму. Јас би се сместил во апартмани во Претор или Сливница, каде има супер ресторанчиња за јадење :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Да, за храната ми е најмногу затоа сакав во хотел, исто и интернетот ми е битен фактор зашто работиме со мм. Сливница ми е преубава на слики супер штом има ресторани. Фала
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Имаш два таму, Конект и Цоца. На плажа се.

    Претор ми е поомилен по тоа прашање, е таму веќе без грешка се ресторанчињата, годинава има и нов мислам, таму не сум бил. Претор има 3 сигурно и уште 1 потенцијален. Ама ни Претор не е баш за капење :D
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.