За кого ќе гласате од кандидатите за претседател На Република Северна Македонија Стево Пендароски (СДСМ и коалицијата Консензуален кандидат Гордана Силјановска Давкова (ВМРО Дпмне и коалицијата Блерим Река( Алијанса на Албанците и Беса
За Стево Пендаровски планирам да гласам. Да избереа СДСМ некој кандидат Албанец како консензуален кандидат, немаше да гласам за нив. Ќе излезев на избори, но ливчето ќе го пречкртав.
Не знам, изборот е крш... За Стево не ми ни паѓа на памет, Силјановска не ми влева доверба. Ептен од што не сакам да ми искористат глас. Мада како и да гледаш тоа е решено веќе...
На анкетава гласав за Гордана, но сеуште не сум баш сигурна дали би гласала за нејзе. Иако на парламентарните гласав за Сдсм ама некако се отераа у ку*ац, и од таа причина не сакам да гласам за Стево иако ми се гледа како добар кандидат, ама сепак не би. А и добро е да имаме жена претседател.
За мојата драга професорка, исклучително интелигентна жена, добар говорник, али пред сѐ човек со добро срце и душа..
Ќе гласам за Гордана С.Д Од проста причина бидејќи, власта викаше ќе избере кандидат конензуален, а уствари они избраа кандидат кој еднаш беше конкурент и беше номониран од СДССм и загуби. Значи он не може да биде еднаш партиски а еднаш не/ партиаки т.е консензуален...
не знам за стево дали е таков каков што го опиша,може и да е ама да речеш ЧЕСЕН за човек замешан во политика... мислам да бидеме реални досега чесен не се нашол.
Не постои чесен политичар. Не може да опстои на политичка сцена таков. Поголемите риби ќе го изедат. Треб да знае да лаже. П.с. не рипајте одма, не е ова само за Стево, туку за сите политичари не зависно партија.
Гледам сте почнале со чесни/нечесни. За Стево до сега нема афера некоја за нечесност, а за Силјаноска Давкова прашајте чии беа фришопите во 90-те преку кои се правеа прљави пари. И ај Стево еднаш партиски еднаш консензуален, ама Силјаноска Давкова еднаш СДСМ па еднаш ВМРО. Со сите бои е боена само на нејиниот газ да му биде добро. Тие што ќе си гасате за неа си поддржувате ков на политичар за кој велите дека не го сакате. Поддржувате корумпирани, препредени лажговци.
Не значи ако немало афера дека не плива во матни води. Има само јаки врски, убаво се крие и си пушта мито така поубавко и на право место
Али несакајќи не се качил во авионот каде погина Борис Трајкоски. Дека пролив го фатило де,и го испуштил летот.