Претставување со лажен профил на фејсбук

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Katherine Manson, 13 август 2017.

  1. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здравоо.. Сакам да побарам еден совет од вас. Пред еден месец почнав да пишувам со еден дечко, ама од лажен профил. Многу ми се свиѓа бидејќи го знам ин риал лајф ама немав храброст да му пишам:worried:. А многу е добар и мој тип е само проблемот е што има девојка, невермајнд барем сакам да сме пријатели веќе коа не може друго. Многу се зближивме по цели денови пишуваме и девојка му знае, ми рече дека ништо не крие од неа и дека не е како другите машки. Многу ми е тешко и криво што го лажам и не знам што да правам.. Размислувам да му кажам дека профилот е лажен но не знам како ќе реагира, и онака ќе го изгубам зашо ќе дојде ден и ќе дознае дека профилот е фејк. Што мислите? Да бидам искрена и да му кажам или да го блокирам, (уф а срцево не ми дозволува тоа да го направам)... Ќе ве молам за совет.:(
     
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    Ти му пишуваш од лажен профил, тебе па можеби цело време девојка му ти пишува...
     
    На Wahnsinn, Victorian, Nedalija и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Не верувам:?: он многу пати ми рече да зборуваме на discord и баш вчера ми прати лајв да го гледам како игра една игра со неговите другари, гласот му го слушнав:inlove:. Ама сепак не сум сигурна оти ми кажа дека неговата девојка му го имала пасвордот од фб.. така да не знам дали да ризикувам да му кажам, секако не мислам да си го откријам идентитетот а верувам дека ќе сака да знае која сум...:|
     
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    75.047
    Пол:
    Женски
    На фб лажен профил?
    А слики од кого имаш оставено? Не ти бара слики да гледа?
    И тој ни малку не се сомнева?

    Те сфаќам дека може си почнала на зезање, но штом станало толку сериозно да се зближите, тогаш најдобро е да е повлечеш со време.

    Не мора да му кажуваш која си или дека е лажен профил, само не влегувај од тој профил.

    Тебе ти е криво и се измачуваш, а тој не заслужува да биде така излажен.
    Најдобро е некое време да оладиш и да не се приклуваш... Пошто колку време поминува, може поблиски да станувате и уште потешко ќе ти биде.
     
    На Victorian, teteks, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Профилов беше направен пред две години и до сега имам баш доста слики ставено, видеа и не изгледа на лажен. Инаку понекогаш бара слики, онака да ме види а немам осетено дека се сомнева. Тој самиот ми праќа слики од него и видеа, ми рече дека можеме само friends да бидеме но ништо повеќе, логично си ја сака девојката со која е во врска. Вчера баш одоколу го прашав дали знае да чува тајни и ми рече дека до сега би требало да знам каков е. Премногу е добар како пријател и тоа ме повредува бидејќи стварно не заслужува да биде излажен... 24/7 си пишува со мене
     
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    75.047
    Пол:
    Женски
    И кога ќе побара твоја слика, ти се препотуваш, се плашиш, бараш по нет туѓи слики, така? ... И сама си свесна дека се измачуваш и дека си во голема грешка.

    Ако му кажеш верувај дека многу ќе го повредиш.
    Речи му дека си зафатена периодов и не се приклучувај.

    Тебе ти годи неговото внимание, ама издржи.

    Читај книги, дружи се со пријатели/семејство, цртај, пишувај... Најди занимација.
    Заборави го профилот некое време.
     
    На Victorian, La.loca, teteks и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Сликиве се од една девојка од Србија, ги имам зачувано и она баш е така популарна на инстаграм и нон стоп става слики. Слики од неа еден куп имам, но ми има речено да дојде во Скопје да се видиме... а ни на крај памет не сакам да оди за џабе таму, оти не сум од Скопје.:shake:Во исто средно училиште одевме и од таму го знам. Немаме зборувано само неколку погледи си имаме разменето. Баш е ситуацијава заникаде xD
     
    Последна измена: 13 август 2017
  8. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.384
    Пол:
    Машки
    Za nikade e, oti ti si ja napravila takva :D
    Kazi mu ja vistinata i sto saka neka bide. Sretno
     
    На Victorian, fallenangel, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.707
    Допаѓања:
    75.047
    Пол:
    Женски
    Како би му кажала?
    - Еј јас сум Петранка заедно средно што учевме... Ова ми е лажен профил и цело време те лажам..

    Јас да бев на негово место ќе бев во голем шок, многу повредена и немав да сакам да те видам тебе реалната.

    Не знам тој како би реагирал, ама дефинитивно тој сака да се дружи и да си пишува со таа лажната, а за со тебе реалната може нема да сака.

    Уште еднаш ќе ти речам почни да не се приклучуваш на тој профил, почни да го одбегнуваш, па може и тој ќе олади малку.
     
    На honey.11, Victorian, La.loca и 8 други им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.876
    Пол:
    Женски
    Многу работи се погрешни тука.
    Прво, злоупотребуваш слики на друга девојка и правиш лажен профил.
    Второ, секој ден го лажеш дечкото што ти се свиѓа.
    Трето, малку ми е чудно, девојка му нема против тоа дечко и да прави муабет по цели денови со сигурно, убава девојка? Се и кажувал... тешко ми е да поверувам.
    Мој совет ти е да го деактивираш профилот и да свртиш нов лист, не гледам како ќе има среќен крај овде за двајцата секако.
     
    На honey.11, Victorian, fana и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И ја го прашав во врска со девојка му, како не му се лути шо пишува со мене, он рече дека имала доверба во него и го знае каков е.
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.083
    Има женска, се допишува со други, али она знае...Па уште и да сте се запознаеле.:rofl::rofl::rofl:

    Ако му е ова што му го праиш, и малку му е...
     
    На honey.11, Victorian, La.loca и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Lol и мене тоа уште на почетокот ми беше чудно:rofl: Сепак која девојка би дозволила нејзиниот дечко да зборува со друга и тоа по цел ден xD Можеби не е љубоморна, ама дечко ти така да зборува со некоја и тоа да средува состаноци не е баш сеедно, дури и број ми побара да ми се јави пред да се видиме..:?: Само се нема случено да ми се пушта, тоа е чудно :rofl: можеби дечкото сака само good friend. xD
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    Прво, НЕ можиш да бидиш пријател со некој кој го гледаш на поинаков начин, посебно не ако е машко и го гледаш како повеќе од пријател.
    Второ, ретко која девојка би дозволила нејзиниот дечко по цели денови да си пиши со други девојки :^) нешто тука не штима...
    Трето, поарно е да не се мешаш во нивната врска. Сигурна сум дека не сакаш тебе некоја да ти се меша во врската, затоа тргни се настрана пред да станат поозбилни работите. Ако раскинат арно, ако не пак арно.
    Во однос на тоа за лажниот профил и лажноте слики, можиш да му кажиш дека сликите се со филтер, притоа дека си нашминкана и дека изгледаш малку поразлично во реалноста. Јас еднаш така направив и не поминав лошо, ок беше во тој поглед (иако беше странец и од друга страна слична сум со девојката која ја имав на профилна). Затоа знај дека нема да ти успее тој изговор ако девојката на сликите е дијаметрално различна од тебе. :|
     
    На honey.11, LadyInTheDark, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Со девојкава ич не сме исти xD она е плавуша ја бринета и ред други работи.:shake:
     
  16. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш нема да ти успее изговорот, не го користи :shake:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Планирам само да му кажам дека се започна од зафрканција но стана озбилна ситуацијата, и дека ми е жал што го лажев.. и уште нешто ќе напишам:?: Сепак не ми дозволува срцево така да го оставам без ниедна порака... :|
     
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.384
    Допаѓања:
    126.350
    Пол:
    Женски
    Го иам напраено истово за да почнам муабет со една симпатија, али бев тоаш 13 години, интересно ми било. Исто од србинка имав најдено слики, ставав, му пишав и почнавме да пишуваме. Околу месец дена, ја само сакав колку боље да го упознаам инаку немав ни намера долго да трае. Искрено многу работи дознав за него, искочи тежок сељак, по месец дена го блокирав него и одма деактивирав профилот. Сеа ми е смешно зашо така сум се глупирала, но ете летен распуст, досада... И овој имаше женска, а да ти барал и нешто друго настрана, па и ми викаше донеси и другарка една и за другар ми, да се видиме, ова она... Одма сфатив шо тип е...

    Мој најбољи совет е веднаш да се повлечеш. Прво има девојка...Второ колку појше пишувате, толку појше ќе се приврзуваш и се потешко ќе ти е да се отргнеш. Блокни го, деактивирај акаунтот и здравје ако можеш у реален живот доближи му се со вистинската ти пошо вака он всушност воопшто не те ни познава тебе. Си мисли дека си пишува со некоја згодна, јака типка (претпоставувам од таква си нашла и слики чим е позната на инстаграм :D), лошо е шо си земала слики од нет, но добро го иам напраено истото, сфаќам за шо цел ти било...и ја со месеци го спремав акаунтот само за да пишувам со него...џабе потрошено време. :D
    Мое мислење е дека и овој е тип шо сака да си праи нешо настрана, ама ај нека...а ако му ја кажеш вистината, верувај тек тоаш 0 шанси ќе имаш во реалност со него, затоа најбоље нека те снема без никакво објаснување... :(
     
    На Victorian, La.loca, teteks и 3 други им се допаѓа ова.
  19. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Правиш лажен профил со слики на популарна девојка од Србија на која во секој момент може да налета?
    Ај, што правиш лажен профил за зезање па и да те разберам, но знаеш ли дека користење на туги слики е казниво дело?
    Ме интересира како можеш да се надеваш да прерасне тоа во нешто повеќе кога од старт го лажеш за круцијални работи?
     
    На Victorian, joy1, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Таа девојка е популарна на инстаграм, ама он нема инстаграм така да и затоа пишав, на фејсбук не е до толку популарна па и затоа шансите се мали да налета на профилот. Не се ни надевав на нешто повеќе оти знаев дека има девојка, прифатив дека можеме да бидеме само пријатели но не може да се има пријателство засновано на лаги па затоа и сакам да му признаам.. а тоа дали ќе ме блокира или што и да направи зависи од него, не сакам повеќе да се чуствувам лошо а и кога ќе му признаам ќе ми биде подобро.. од старт кога почнавме да пишуваме ми рече дека може само пријателство меѓу нас, ништо повеќе. Па сега дали го смени мислењето или подлажувал не знам...:|
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.