Префрлање на друг универзитет после семестар

Дискусија во 'Образование' започната од Rose.With.a.Thorn, 21 декември 2012.

  1. Rose.With.a.Thorn

    Rose.With.a.Thorn Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Доколку е некој запознаен да ми одговори, дали постои процедура после, на пример првиот семестар да се запишеш на иста насока ама на друг факултет, или тоа може само откако ќе земеш година?
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    6.369
    Пол:
    Женски
    колку што знам кај сите факултети е различно некој дозволват некој не подобро да се јавиш во факултетот да им ја кажеш ситуацијата и да видиш што ќе ти одговорат ако може префрлисе одма и не губи време
     
    На Rose.With.a.Thorn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Незнам за кој универзитет мислиш поточно ама еве што има ставено на страната на УГД за другите незнам...Se nadevam pomognav :)

    Сакам да се префрлам на УГД

    Универзитет „Гоце Делчев“ овозможува премин на студенти од други универзитети на УГД, како и премин на студенти помеѓу факултетите и студиските програми кои ги нуди Универзитетот.

    Премин од една на друга единица во рамките на Универзитетот и/или премин од друг универзитет на УГД може да прават редовни и вонредни студенти два пати во текот на една календарска година, и тоа:

    -пред почетокот на зимскиот семестар за редовни и вонредни студенти и
    -пред почетокот на летниот семестар само за вонредни студенти.

    Повеќе информации за потребните документи и начинот на префрлање во рамките на универзитетот ќе добиете од службата за студентски прашања за соодветниот факултет.

    Процедурата за премин на студенти во Универзитетот или од друг универзитет на УГД е едноставна и брза.

    Редовните студенти кои сакаат да се префрлат од друг универзитет на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип треба да поднесат:

    - барање за премин од друг универзитет на УГД (односно барање за премин од една единица на друга единица) и доказ за уплата на административна такса од 50 денари;
    - доказ за уплата од 1.000 денари, со цел на дознака премин од друг универзитет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип;
    - уверение за положени испити;
    - доколку студентот сака да му се признаат положените испити (согласно со уверението за положени испити) доставува барање за признавање на положени испити и доказ за уплата на административна такса од 50 денари.

    Вонредните студенти, освен овие документи, поднесуваат и доказ за вработување (нотарски заверен М1/М2 образец) или лекарско уверение за спреченост на следење на настава.

    Овие документи треба да се поднесат до референтот во Одделот за студентски прашања на факултетот каде што студентот сака да се префрли.
    Наставничкиот совет на факултетот каде што студентот сака да се префрли го разгледува барањето во рок од 7 (седум) работни дена и истото го доставува до комисијата за настава, којашто во рок од 10 (десет) работни дена треба да одлучи по истото.
    Доколку барањето се одобри, студентот кој се префрла од друг универзитет треба да достави и исписница и на тој начин да биде комплетирано неговото досие на новиот факултет.
    Повеќе информации за потребните документи и начинот на префрлање од друг универзитетот на УГД ќе добиете од службата за студентски прашања за соодветниот факултет.
     
  4. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    105
    Таму каде што јас студирам имаше случај на префрлање, беше период после Нова година... Најубаво е да се праша на самиот факултет.
     
  5. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Ова во приватен или државен универзитет ?
     
  6. Skmaki

    Skmaki Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Како иде префрлувањето од еден на друг факултет? Дали треба да имам положено 1 семестар или можам да се префрлам па одпослем да го слушам? Ако има некој убаво да ми објасни? Фала однапред многу