Јас сум прва година, учам во Јахиа Кемал, но не сум задоволна од целиот режим ... Во план ми е од втора година да се префрлам во друго средно училиште (без разлика дали е приватно или државно)... Размислувам за ЈБТ, но се уште не сум сигурна дали е правиот избор... ЌЕ ВЕ ЗАМОЛАМ ДА МИ ГО КАЖЕТЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ, А УШТЕ ПОДОБРО АКО ИМАТЕ ИСКУСТВО...
Прво- пола,ако не и повеќе од професорите незнаат добро англиски, а се важи дека наставата е на англиски јазик. -Одморите се преедолги... -На часевите нема дисциплина, можеме слободно да слушаме музика, јадеме,зборуваме и така натаму. -Затворени сме со висока ограда, и чувството е како да си во затвор... -Екскурзии носат посебно машки,посебно женски ( па зар не треба да има дружење помеѓу нас?) Има уште многу други работи... очекував нешто поинаку... А сега ако може да ми дадете предлог кое средно училиште е добро во Скопје? И што мислите за Јосип Броз Тито?
Имаш тема и за ЈБТ и за Ѓорги, а има и тема за кое средно училиште да се одбере... Разгледај малку, а верувам дека ќе има сугестии од другите членки, па ќе ја оставам темава отворена за предлози.
и јас сум размислувала на темава... не дека нешто не ми е по кеиф школото каде што учам, него сакам да се оттргнам од луѓето со кои сум во клас...понекогаш си мислам и дали вреди за нив да се префрлам во друго школо и во дилема сум, ама сепак доколку се префрлам, размислувам кое школо би го одбрала...незнам мене ми е поради тоа што незнам дали ќе се вклопам, дали ќе се здружам со луѓе кои веќе се имаат здружено и дали ќе биде подобро од ова сега...не е дека сум некој затворен тип на човек ама сепак страв ми е од реакциите на луѓето онаму каде што ќе отидам...
Ако сакаш да продолжиш да учиш во убави услови и ако можеш да плаќаш од втора оди во Петта Приватна Гимназија. Не сум од СК, па не знам што да ти кажам за ЈБТ, ама за Петта приватна со сигурност ти тврдам дека има убави услови и квалитетен кадар. А плус можеш да избереш и настава на англски. Спојлер За наставата на англиски не знам како изгледа, не сум учела, ама велат дека професорите се добри и знаат англиски! Среќно што и да одлучиш!
Јас како горд Корчагинец ти го препорачувам Корчагин, доколку имаш јаки нерви. А за Петта приватна некако не сум. Настрана Јахја Кемал, она што ми го кажале и луѓе кои учат по приватниве школи не се учи ништо. Плус другарка учи во Петта и вели после мораш на ФОН да продолжиш. Дупли промашај ми е некако тоа. :/ Ај за факс приватен, ама средно некако ми е непотребно да плаќаш. Класот на другар во Петта беше 5.00, па видете колку е реално оценувањето и учењето.
Епа вака: Си го повлекувам тоа што го кажав... Планирам да останам да учам во Јахја Кемал...има многу можности за учење во странство, и мислам дека нема подобро... Грешка мислење имав... Сега еве ќе не носат на екскурзија во Истанбул, а други ќе носат во Виена,Прага и Будимпешта... Oва го напишав за ако случајно некој помал го прочита, препорачувам дека школото е закон
Не го сваќај тоа така Сакав само да го повлечам тоа што го кажав,затоа што на почетокот кога не бев уклопена многу, со сила барав негативни работи за школото,за и јас сама да се убедам дека не е добро таму... ама сега гледам дека и не било баш така како што си замислував...
Дали некогаш сте помислиле на префрлање од вашето моментално средно училиште? Дали таа желба настанала поради тежината на материјалот, професорите или учениците во училиштето или едноставно мислите дека не припаѓате во тоа училиште? За оние кои имаат завршено средно: Дали имало периоди во тие 4 години кога сте сакале да побегнете од тоа училиште и да се запишете во друго? Што сте направиле тогаш? Дали се каете што сте се префрлиле или што не сте се префрлиле во друго училиште? Мене премногу ми се допаѓа во Јосип Броз и не би го заменила за ништо.
Имаше период во прва година кога буквално не ми се одеше на училиште, воопшто не го сакав. Молев дома да ме префрлат , но не ми дозволија и ај некако мајка ми ме убеди. Не ми беше воопшто тешко, бев одлична, но некако класот не ми беше по ќеф.. и после некое време се смирив и се беше океј. Сега ми е мака бидејќи завршив.. Така да дечки уживајте тоа се некој моментални бубучки во глава кои потоа поминуваат.
Преместување во друго средно училиште Епа вака, годинава сум прва година, се запишав фармација, сакам сега да се преместам, имам одредени причини.. пр. учењето не ми е баш лесно, т.е предметите... исто така има девојки во класот кои само навредуваат и ги понижуваат сите, а пола клас ќе се преместува заради тоа. Не планирам јас да останам со таквите девојки. Иначе сакам да се преместам во економско училиште, на смерот банкарски техничар.. Очекувам ваши мислења.
Преместување во друго средно училиште јас ти велам да се преместиш... ако те пуштаат родителите премести се!
Преместување во друго средно училиште Пред се, тоа се сосема различни смерови, така да треба да си размислиш кој повеќе те влече. Ако повеќе го сакаш вториот, тогаш префрли се. Јас не се согласувам со тоа дека родителите треба да ти дозволат или не, тие треба да те поддржат во твојата одлука, затоа што сепак тоа е твој живот, иако сега си уште 15 години, тоа на некој начин ти ја трасира иднината, така да размисли си убаво, ако повеќе сакаш економско префрли се слободно, разговарај со твоите како стојат работите
Преместување во друго средно училиште Премести се додека е на време. Но, пак од др. страна, уште во првата недела не можеш да заклучиш какви се всушност и децата и предметите, се е до навика. Во почетокот, така се секој чувствува, како да е се до погрешен избор и дека си во клас со најлошите, се додека не се запознаеш и помине малку време.
Преместување во друго средно училиште ^^ Да сите тоа го велат ,ама чувствувам дека кај нас е тоа поразлично и мислам дека нема никој да ме сфати cvetce93- Фала, ќе размислам подобро и ќе одлучам...
Девојки како можам да дознаам дали е пополнет бројот на ученици во сликарското училиште во Скопје ? Плус јас веќе се запишав во друго училиште во мојот град па сакам да се префрлам во тоа училиште дали е тоа возможно откако сум веќе ваму запишана?