Префрлување на друг факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 25 август 2015.

  1. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Здраво феминки, можеби требаше да го поставам прашањето во некоја друга тема наместо да отворам нова, ама не најдов соодветна. Студирам на прилично тежок факултет во Скопје. На почетокот имав голем ентузијазам вредно учев, редовно учев, си ги положував предметите со ред се додека не паднав еден предмет и се тргна на удолу. Тогаш за мене како за ученичка која секогаш била со сите 5ки, одлична, од сите пофалена, тоа беше голема трагедија. Сега неколку години подоцна, веќе немам нерви да презапишувам предмети и да слушам предмети по 2-3 пати кои ретко кој на мојот факултет ги нема презапишано. Ама веќе почнав нервно да попуштам, да ми е сеедно дали ќе положам или паднам испит. Веќе ми се гади кога треба да учам одредени предмети. Се здебелив за време на студирањето од нерви почнав да имам проблеми со менструација, со цисти на јајниците. Иако немам цисти на јајниците веќе, пак од нерви не добивам редовно. Често сонувам и размислувам за самоубиство. На почетокот имав голем притисок од страна на моите родители, бидејќи сепак моето школување не ги чини баш ефтино и е за нив голема инвестиција. Факлутетот е еден од најпопуларните во моментов. Цело време поради моето заостанување вината ја барав кај себе, дека јас не учам доволно, не учам темелно, не сум сигурна во себе си, се додека не доживеав и јас да паднам со точно решени задачи, како што им се случуваше на мои колеги и колешки претходно. Иако и на моите родители конечно им стана јасно дека на факултетите се се прави само за да собираат повеќе пари од студентите пак нивниот притисок остана сепак сега е некако пасивно агресивен. Почнав да размислувам да се префрлам на факултет од истата област во мојот роден град како вондреден студент и да почнам да работам на струката. Од друга страна толку години сум се мачела на факултетов толкав данок сум платила со здравје, со нерви и да имам диплома од пониско рангиран факултет. За да го завршам факултетов во Скопје ќе ми треба уште година- година и пол. И сега се двоумам помеѓу двата избори. Моите родители од здравствени причини, не толку финансиски им е во ред да се префрлам на друг факултет и да почнам да работам, од друга страна не сакаат да испадне дека целото мое школување во Скопје било промашена инвестиција(што не би била до толку, сепак стекнав контакти и знаење). Што мислите вие, како да постапам?
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Iskreno nemas lesna odluka za donesuvanje, razmusli dobro I trezveno I misli prvo za svoeto zdravje, a potoa za se ostanato. Ili ednostavno olabaj malce nemoj premnogu seriozno da go sfakjas fakultetot. I taka I imas uste godina , godina I pol uci predmeti so ti se interesni, polozi gi , najteskite ostavi gi za na kraj. I prestani da mislis za samoubistvo, tvojot zivot vredi poveke od 2-3 ispiti.
     
  3. temily

    temily Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2015
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај сите паѓаме на испити, не е болка за умирање. Издржи уште малце на овој факултет , па дај боже понатака во животот тоа да ти се исплати. СО твоите успеси им враќаш на родителите, а за да заработиш свои пари имаш време...година и половина брзо поминуваат. Не се наслонувај сега на мислите кои што ти поминуваат додека си нервозна. Тие се миновни ;) Со среќа
     
  4. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    колку ова ми звучи како студент од ФИНКИ, или грешам?
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    ееее и мене како финки ми звучи ...
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @anakonda88 i @thegirld kako i pomognavte so toa sto konstatiravte deka najverovatno se raboti za studentka od FINKI? Iskreno i mene spored problemite so predmetite me potseti na drugarki moi od FINKI, sepak jas ostanuvam na toa dobro da razmislis i taka na tehnickite fakulteti se uci osnovata samo se ostanato so praksa se uci. Sepak razmisli i za kurs vo Seavus ili Semos. Moite drugarki najverojatno tvoi koleski mi kazuvale deka najgolem del od tie sto se otkazuvale od fax bile so zavrsen nekoj kurs i dobro plateno rabotno mesto. Vo sk bi imala poveke shansi za dobra kariera. Kako i da e duri odlucuvas prestani da mislis na samoubistvo.
     
  7. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Јас бев во слична позиција, но стиснав заби и го завршив факултетот и сега знам дека државен факултет никогаш повеќе!!! Не затоа што треба многу да се учи, туку колку и да учиш пак на крај нема да е доволно, ќе паднеш на некој испит пошто ќе ти дадат такво прашање или задача кое никогаш не било елаборирано на вежбите само да те зезнат. Ова зборам за оние потешките факултети! Такви испити се положуваат само ако се подготвуваш како да одиш на олимпијада, а со оглед дека се полагаат други испити во сесија нема време за такво спремање на испитот и нормално ќе го паднеш.

    Како прво да знаеш дека воопшто не си виновна! За ништо! Такви ни се државните факултети. Да го направат студентот да се осеќа глупаво, да се сомнева во своите квалитети и способности, да паѓа и презапишува испити. Дали го прават тоа од финансиски побуди или не - не сум сигурен! Битно имаат многу висок критериум небаре после завршувањето ќе работиш во НАСА. Премногу значење се дава на детаљите, а многу малку на суштината - welcome to државни факултети. Е таа е таа разлика со приватните факултети. Таму можеби е за нијанса или повеќе нијанси полесно, но ти сфаќаш што во суштина учиш и учиш нешто што утре во животот ќе ти биде корисно, не некоја глупост, теорија, доказ и сл. што реално никогаш во животот нема да ти се најдат. Кому ќе ги докажуваш освен на испитот? :D Ова го имам елаборирано на широко во темата Приватни vs. Државни факултети:
    http://forum.femina.mk/threads/Приватни-vs-Државни-факултети.742/page-59#post-2488689

    Мој најдобронамерен совет до тебе: Не се мачи повеќе пошто очигледно си сфатила дека не вреди! Паметна девојка си, тебе ти треба диплома само за да имаш високо образование и да се вработиш, а подоцна со твојата интелигенција, трудољубивост и напорна работа ќе ги достигнеш сите цели и ќе уживаш во животот како што уживам јас. :D

    Штом ти фали година - година ипол до дипломирање сигурно мислиш дека е подобро да останеш на истиот факултет и да го завршиш но биди сигурна тие година и нешто сигурно на крај ќе бидат 2-3 години!!! Затоа земи испиши се од факултетот, земи уверение за положени испити, префрли се на друг соодветен факултет (приватен најверојатно) кај што ќе ти ги прифатат испитите и ќе имаш уште година и нешто за дипломирање и за толку и ќе дипломираш!

    Познати ми се тие нервози и нерви кинење за паднат испит, мораш да го презапишуваш и слушаш и пак да го полагаш (замисли тогаш повторно го паднеш :doh:) итн. итн. Едноставно не вреди! Во животот имаш многу повеќе и поголеми ситуации од еден е*ан испит. Вистинското уживање во животот следи по факултетот, затоа толку инсистирам на што побезболен начин и со труд секако да дојдете до дипломата, да се инфилтрирате на работно место и после да се докажувате со вашиот памет, а дипломата слободно закачете ја на ѕид и оставете ја да седи така во наредните 20-30 години, нема да ви ја треба, но нека ја има. :D
     
    На senza.parole и tockaAa. им се допаѓа ова.
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Јас исто вака имав проблем , само што патsвав ди фах не седев стан , инаку ми требаја 5години да го завршам , повеќето колеги бевме заглавени кај тој проф , имавме два предмети кај него , студирав Безбедност и финансиска контрола , (кој студирал на овој фах знае за кој проф зборувам ) , во прва година се запишавме 160студенти , а после пет години бевме дипломирале 50 студенти , другите некои се откажаа некои уште се влечкаат со тој проф . Не е лесно но проф беше ископлексиран до вкрај што морав да полагам комисиски и така положив и едвај дипломирав , или остави го во мирување фах и почни некаде да работаш сезонски да собериш пари и во меѓувреме учи си го и оди дирекно на испит, не би те советовала да се префрлаш на друг фах бидејки скапо ке те кошта , за да ти прознает еден испит ке те кошта 500ден , плус ситници што мораш да ги платиш.. Одмори се малку напрај пауза собери пари и врати се на фах , никогаш не е доцна , а и малку испити се во прашање
     
  9. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски

    ако константирам дека од финки, може чекам одговор од неа дали грешам или не за да после си го формирам целото мислење..
    И уствари, ако моето мислење не и помогнало, дали значи дека не треба да пишам?
    ја како што знам форумот е направен за секаков вид на мислења и коментари, или можеби нешто грешка сум? ..

    и крај краева, еве ти многу и помогна..не знам што се замараш за другите.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Најглупавото нешто кое може некој да го направи е да прекине со студии на еден факултет, за да се префрли на друг. Тоа е огромен знак на површност и неистрајност.
    Колку и да сум разочарана од својот избор, кога сум се фатила за едно оро ќе го одиграм до крај, а доколку сакам да сменам професија и имам ентузијазам за уште еден факултет, тогаш по студиите ќе си го запишам и тој факултет или магистериум од таа област и ќе си имам две струки.
    Ништо не е толку тешко за да не може да се заврши. Од предизвиците не треба да се бега. Значи ли дека ако на пример утре работиш според својата струка и наидеш на ситуација која те иритира, ќе престанеш со својот работен однос?
    Мое мислење.
     
    На NOVAVON, fatamorgana123, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.158
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека најпаметно е да се префрлиш на тој другиот факултет вонредно и да работиш нешто. Во животот најважна е работата, а не факултетот. Сосема те разбирам затоа што и јас сум во слична ситуација.
     
  12. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали може да се префрлиш на друг факултет на половина година и ако може кои се условите?
     
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    ко ке се заверува семестар тогаш може да се префрли , условите на секој факултет се различни , како прво за да ги земеш документите требит да платиш 3000ден , ко ке одиш на друг фах требит и таму да плакаш , бар на фах кај што студирав беше така , и плус за еден испит да ти признает е 500 ден , ко ке видиш дупли трошоци , и затоа не би советовала никој да се префрли на друг фах , стегни се и учи си , тоа е
     
  14. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Сега ќе бидам прва и не знам дали го направив вистинскиот избор па затоа сакав да знам дали може да се префрлиш. А, важно е од кој на кој факс се префрлаш и првиот семестар не треба да се земе накнадно?
     
  15. leonor

    leonor Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Се запишав прва година сега на машински уплатив се примен сум ми го дадоа и индексот од 21 почнуваме со факултет но сакам да се префрлам на друг факултет исто што е под кирил и методи ама друг факултет е сега дали можи овие денови дур не сме почнати да се префрлам и што е потребно да направам ако знае некој нека ми помогни
     
  16. margarita666

    margarita666 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Знае некој кои се услови и како оди процедурата за префрлување од еден на друг факултет? Ја запишав Правен и се покајав ,сакам да се префрлам на Економски знае некој да ми помогне ?
     
  17. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Студирам прва година и испитите од првиот семестар ги имам сите дадено со висок просек. Планирам и да ја завршам цела прва година најдобро што можам. Меѓутоа, желба ми беше и пред уписот да се запишам на друг факултет. Сакам од следната школска година да се префрлам на тој факултет. Дали треба да конкурирам заедно со овогодишните матуранти под исти услови? Треба ли да се отпишам пред тоа од факултетот на кој сега студирам ? Дали запишувам повторно прва година? Каква е процедурата?
     
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    да , конкурираш според условите на тој факултет што ке се запишуваш , па потоа доколку некој од испитите ти е ист како во новиот факултет ,ке поднесеш барање во студенски прашања ( и ке си платиш ) да ти го признает испитот
     
    На VMP му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Blagodaram.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Зошто мора да е површност и неистрајност? Никогаш не можеш да знаеш под какви околности и од кои причини некој се префрлува.Зошто секогаш мора да бега? Можеби е тоа негов избор и добро обмислен чекор.