1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пречек од болница...прв ден дома

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 9 октомври 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Девојки дали и каков пречек имавте кога излеговте од болница?
    Кој ве зема, кој др.ве чекаше дома, со што ве изненадија и како ви помина тој прв ден?
     
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Според мене првиот ден најубаво е да те земе маж ти и дома да ве пречекаат неговите , твојте на сок, кафе, ручек и толку
    Ти ќе бидеш уморна и исцрпена , потребен ќе ти биде одмор и тие ќе ти сметаат( барем мене)
    Дури со вториов царски на мојте им реков следниот ден да дојдат, ептен бев утепана, тушот и во кревет и така неможев да седам и немав сила
    Со бебко, маж ми и малиот се изгушкавме вечерта , тие ми фалеа
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Уф колку беше убав тој ден... :inlove: :inlove: :inlove: . Го памтам моментот кога ми кажаа дека може да си одиме дома. Толку бев среќна дека ќе си бидам цело време со бебето...
    Експресно ги известив моите, и се собраа сите во болница :lol: . Кога се појавивме на врата со бебето,од сите страни бевме опколени со цвеќиња и бонбоњери ;)
    Сестрата ја облече малата и излезе му ја даде на маж ми.Неможам да му ја заборавам фацата, колку беше возбуден,насолзен и истремиран. Го гушна бебето, ние од сите страни го сликавме, се фативме за раце и трк во кола. После тоа најблиските дојдоа кај нас дома на кафенце и винце (таман беше ладничко па да ги стоплам :D ), си ја надоив малата првпат во спална и срцката си заспа.
    Вечерта од возбуда јас и маж ми не заспавме, а јас си плачев од среќа и неколку недели после тоа.

    Најнајнај убав момент ми беше тоа, никогаш поубаво не сум се осеќала во животот. Би сакала уште сто пати да можам да го почуствувам тоа.

    Сноу тебе те чека таа убавина, уживајте :*
     
    На Martka, martty06, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  4. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Без свекрвица ништо не поминува и крај,и за првото и за второто во првите ,,борбени редови бше таа,,со маж ми
    Ја без мајка нигде неодам беше работава
    со првото детенце бидејки бев скоро 10 дена и плус во друг град,кога дојде денот да си идеме дома со бебушко посреќна од мене немаше летав.Дома ме чекаа моите му се порадуваа на малиот,го прославивме доаѓањето на бебко со ручек,и за керката беше ситуација идентична само плус синчето мајкино беше со нив,па тој мажот голем ја зеде и со помош од маж ми ја носеше (и ја обори титулата на свекрвица)јас одев позади нив и кога ги гледав како слагаа по скалите сите тројца таа глетка неможе да се заборави само помислив овие тројца се мојот живот за нив живеам.
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Мм беше цело време со мене , кога се породив си отиде дома вечерта да одмори (кутриот 2 дена без сон) .. утредента ми дојдоа на посета мајкаму, сестраму и бабата на мм . И така останав уште дента во болница , па наредниот ден си отидовме домче. Никој не викнавме сакав мир ! Плус ново за нас Бебе :^)
    Па цело време плачеше бебево , грчеви ово оно и на крај заспавме сите во дневна на софа!

    Наредно си знам како треба , му реков и на мм сакам Балони и торта да најдам кога ке се вратам (се шалам) :lol: :lol:
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.745
    Допаѓања:
    130.781
    Jас со двајцата бев по 10-тина дена во болница.

    Со првото, едвај чекав да си одам, не можев да додржам да дојде 12 саат, да ме пуштат. По мене дојдоа муж ми и свекрва ми. Свекрва ми инсистираше таа да го носи бебето и прво да одиме кај нив, затоа што таков бил обичајот. Јас како фина снашка :devil: и кажав дека после десет дена во болница се што сакам е да отидам дома и дека ми е мерак детето јас да го држам. Не знам зошто во тоа време свекрва ми некако како конкуренција ја чувствуваше мајка ми, затоа што тогаш живеевме кај моите и за се нешто инсистираше кај нив да биде. Моите, нели секако беа дома. Гужва еден куп, едвај го издржав денот, многу бев напната.

    Со второто веќе живеевме сами, а и јас воопшто не брзав да си дојдам, затоа што знаев што ме чека :D . Супер ми беше во болница, сакав да поседам таму :D. Му реков на муж ми да дојде сам, и така и би. Тоа што ме чекаше како изненадување беше орбитрек :D да се вратам во форма. Инаку претходно препекав за орбитрек, а сега, се разбира служи за декор (многу убаво ми одговоара со мебелот :D ).
    Дента мислам дека никој не дојде, ама тогаш некако многу порелаксирана бев. Второ дете, тоа е :D
     
    На Martka, ilipili, ana.tinkerbell и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    За мене беше ептен напорен и нервозен ден :lol: Кога му се јавив на мм да му кажам дека ќе не пуштаат уште во следните 15 мин се нацртаа во болница мајка ми, свекрва ми и мм. Му објаснив каде им е облеката и се што требаше за во болница. Немаше гинеколог за да ми ја потпише отпусната, а деца веќе отпуштени. Па во соба на мојот кревет донесоа друга жена. Па кај цимерката во едно креветче 3 бебиња - циркуз. Кога конечно мм збесна и најде гинеколог за да ми потпише, немаше сестри никасе. 4 часа нерви изгубив од чекање, бебиња плачат за млеко(на дохрана беа), сестрата од педијатрија ми вика неможе да ви дадам отпишани сте :@

    Ајде конечно дојде ред да си одиме, што да видам мм земал некои шпихозни 3 броја поголеми, распар капчиња- е тука веќе доживеав нервен слом(глупава). Си почнав да си плачам, во кола си плачев, дојдовме дома одбор за пречек, јас никој не рецнав, децата и во спална. Они спијат јас си плачам, гостиве си отидоа, си легнав и си заспав со бебињата. Е следниот ден веќе се си дојде во ред. Ама првиот ден Хаос!
     
  8. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    За првото земањето од болница беше со се баби и жаби :D ,ама јас бев супер и ми беше цел ден релаксиран.А за второво немаше баби и жаби и пак требаше да биде релаксиран ден,ама пак кога дојдоја мажот ми и син ми да не земат два сати чекавме доктор да и го направи картончето на Калина и после сето тоа појде упм,наместо релаксација и радост што си одиш дома мене се ми помина во нервоза и после и дома кога дојдов си останав нервозна.И така да не беше како што јас си замислував дека ќе биде кога ќе си одиме дома 8)
     
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Леле, леле ве читам со бабиве и жабиве што дошле по вас, и усвет ми иде да фатам. Ние со мм се договоривме само он да дојде по мене, несакам да ми се точкаат сите во болниц затоа што знам дека ќе ме стресат, пренапорни се. Мајка ми и свеки-заколнати ривалки, ќе се исчупаат само која бебето да го носи. Дома нека ме чекаат слободно, и мир во куќа! ;) Баш ќе памтам здравје Боже да напишам дали ни успеал планот! :D
     
  10. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    мене вториот ден ми рекоа дека може да си одиме дома со бебушка,но ако сакаме може уште еден ден да останеме,и двете добри бевме,а јас едвај чекав да си одиме,какво останување :)
    сите дојдоа во болница, моите,на мм,девер ми,и нормално бебето и го предадоа на свеки(така требало) :^) се испрчи во ходникот но и беше тешко пошто во транспортер и по скали требаше да се симнува и му ја даде на мм,се испосликавме пред болницата,сите се вртеа накај нас :$ и си отидовме дома,моите не дојдоа пошто беа излезени од работа,а дома право во соба со мм и бебето си се гушкавме не оставија на раат :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Пред два месеци се породи една моја верна другарка.
    И таа не сакаше баби, жаби да одат по неа. Го замоли само маж и да појди, и не сакаше ни дома луѓе, додека закрепне.
    Што беше и во право, не можеше ни на газ да седне (имаше потешко породување).
    За среќа, маж и ја послуша, не и правеше проблеми, а и бабите имаа разбирање.
    Јас бев еднаш во посета, имаше блага постпородилна депресија, навистина и беше тешко во почетниот период и имаше потреба од мир, а не од гужви и тралала муабети.
    Сега веќе е супер, за среќа.

    А, друга познаничка кога ги видела сите наличени пред болница и го бапнала бебето на свекрвата, и рекла, на носи го дома, и таа заминала на шетање со маж и. И ние се чудевме како е можно ова, но секакви ги има.
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.823
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски
    Кога се породив во болницата беа свекрва ми свекор ми и мм. Постојано некој доаѓаше а редот беше жени да можат да седат со жените родилки и по цел ден а мм го пуштија само два часа дневно :( инаку 3 дена седевме во болница мене ми беше скиснало одвај чекав да излеземе. како и да е кога си дојдовме дома не сакав некој да ми доаѓа, свекрва ми само се јвуваше дали ми треба помош и тоа беше :) бебенцето беше мирно не плачеше без потреба , воглавно се беше во ред :)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Мене ме испуштија на утрешен ден пред точно една година :) еден ден порано, со царски ги држат 5дена, а мене 4, но еден си одседив пред тоа, па пак исто ми се фати :)
    Докторот мене ми одобри одење, но не се знаеше малата дали ќе ја пуштат, зошто имаше физиолошка жолтица, а и мн мала се роди, па се чекаше да видиме дали почнала да качува на килажа, едно друго...
    Конечно одобрија одење, па набрзина ги известив моите да тргнат накај Ск, требаше и они да дојдат во болница, но не стасаа.
    Само маж ми ме зема и мислам дека беше доволно, дома свекрва ми спремаше лазањи, дојдоа девер ми и моите, толку.
    Моите дојдоа со поклони, чуда, и тоа беше навистина убаво, некако личеше за денот и најважно не беше гужва и напорно :)
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас во болница лежев сите 3 дена со мајка ми, во болницат кадешто се пораѓав беше обавезна придружба и така мамичка си беше 24 часа со мене тие 3 дена, а и претходниот цел ден пред да се породам беше со мене затоа што мм беше на работа и не можеше многу да отсуствува па мораше некој да има со мене додека се породам во болница,
    Е откако ме пуштија, се јавив одма на мм да дојде со татко ми и така сите четворица + бебушка си отидовме кај нас домче и тоа беше. Тој ден никој не дојде, а и во наредните 40 дена, така им кажавме на сите пријатели и роднини од мм до 40 не сакаме гости, зимно време беше и башка вируси, грипови има трој период кога се роди син ми и сите почекаа и дојдоа после 40 дена, вклучувајќи ја и свекрвата и сите останати. Таа не се јави ни еднаш да праша како сме и дали ни треба нешто ама за тоа да не збориме , друга е темава сега :)
    И така, првиот ден од болница дома, супер, некако чуден со плус еден член дома, возбудена, ама убаво во секој случај, неопишливо , да си дочека секој и да види колку е убаво....
     
  15. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    238
    Мене ми беше некако напорен ден, иако ми се чини го чекав како вечност, 6 дена лежев во болница Марко фати физиолошка жолтица иако знаев дека тоа се случува често јас мислев само моево бебе прележува бев цела испаничена и си плачев :D Требаше да останеме 7 дена, но на 6тиот ден докторката се смилува да провери дали се намалени билирубините во крвта на бебчето и така испадна дека му се намалила жолтицата и дека може да си идеме дома, јас се израдував му се јавив на маж ми да дојде да ме земе и он се израдува конечно после 6 дена си идеме домче, му кажав да дојде сам зашто се што сакав е да си појдам дома да се истуширам како човек да седнам како човек и да легнам како човек :D и на моите им кажав да дојдат другиот ден едноставно сакав мир тој ден...но како што читав и кај вас мораше и свеки да се појави каде без неа нели, па дојдовме дома бебето очи му паѓаат за спиење она го ниша горе доле мислиш годинка има бебево али немав сила ни да зборнам ни да разговарам, се смилува после 5-6 саати си замина и останавме ние тројца да се радуваме на нашето најмило :inlove:
     
    На aleks26 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    цела бременост ги го замислував денот кога со бебушко ке си одиме дома, ама ништо во животот не е како што планираме :( јас никогаш нема да го заборавам тој ден, и наместо најубав ми беше најлош ден во мојот живот. од една страна не сакаа да не пуштат да си одиме со бебушко, многу намалил со грамажата, па од друга страна по веста што ми ја кажа др пред излегување
    дека татко ми починал дента јас кога се породив
    верувајте само го грабнав буквално синко и и со плачење заминав од болница, нити се потпишав дека си одам на моја одговорност, и сите се чудеа како имав сила после царски и тежок порагај да се движам... инаку дојдоја на болница мајками, мажето и сверквами, а дома беа блиските , ама се беше некако џабе, не го сакав тоа за тој ден, ама не знаеме што не чека во животот
    но на сите јас ви посакувам да си имате најјубав пречек, ама според мене првиот ден доволно е само мажето да е покрај вас, никој друг ;)
     
    На okcenzi, fifi16, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    786
    Мене ме пречекаа, моите со мажето, одвај чекав да излезам требаше за два дена, ама малиот фати јака жолтица и 6 дена ги окапав во болница, и дента кога ме пуштаа не ни знаев дека ќе излезам, ми рекоа чекај до после ќе ти кажеме, и јас чекам, чекам, дома чекаат и туку дојде една сестра ми го зема малиот и се смее и ми вика, а ти мене ме чекаш, и само се насмеа и рече спремај се, а до тогаш веќе сите тргнаа накај лифтот спремни, јас мислев нема ни да ме пуштат, за една минута сум се спремила и метак, не ни имав повеќе време, се јавив дома и тие збунка се набрзина :D, дома дојде сестра ми со малата и братот на маж ми и толку не ни можев повеќе луѓе да гледам, дека само лежев, се ме болеше, сестра ми и мајка ми и те како ми се најдоа и за бањање и се, после беше друго, иако и многу многу луѓе не ми ни доаѓаа, дека и јас несакав, а и неможев да трпам, со таа рана доле :D
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Маж ми дојде уште сабајлето, ги чекавме сестрите да ни донесат рецепти за калиум и витамин Д и нешто литература за дома да си читам. После дојде педијатар ја прегледа и ни потпиша отписница.
    Ја наместивме во седиштето за во кола и така двајцата со транспортерот под рака си тргнавме домче.
    Дома никој не дојде несакав никој да ми иде и многу ми беше убаво :)
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkNight

    DarkNight Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Еее девојки иако не е мое бебето (на брат ми е), се радувам како да е мое. Деновиве треба да дојде и многу се радувам. :clap: :) :D
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.759
    Допаѓања:
    32.143
    Пол:
    Женски
    Од болница ме земаа маж ми и татко ми. Требаше да ме пуштат после 2 дена, ама бидејќи син ми имаше инфекција, ме пуштија после 4 дена. Сабајлето дојде докторката и ми вели - денес си одиш. Јас му се јавив на маж ми и со татко ми дојдоа да ме земат. И свекрва ми сакаше да дојде кога мислевме дека ќе ме пуштат после 2 дена. ДЕнта кога ме пуштија немаше време да стигне, па дојде наредниот ден.