Сум слушнала дека во Афричките земји го прават овој специјалитет т.е.пржат банани.Па имате ли пробано или слушнато и дали го знаете рецептот?
Jас го пишував некаде рецептот....али еве ќе го повторам. Gо гледав на Tв и го испробав. Nема некоја филозофија, ги сечеш бананите на ленти и пржиш на загреано масло. Iспржени ги ставаш на хартија за да го впијат вишокот на масло. Oдозгора ставив шлаг, посолив цимет и сецкани ореви. Uбаво одат и со овошен сладолед. Iмам гледано на тв дека некој и ги похува ама јас тоа го немам пробано
Го прават ама со нивен вид на банани кои имаат повеќе скроб, се потврди и се наменети за готвење . Не се тоа исти банани како нашите .
Точно XMan е во право,тоа се друг вид на "банани" или името е Platanos. Многу се по тврди и по големи и по грди на изглед од обичните банани. (вака изгледаат) Имам другарка од Доминиканска Реп. Често ги готви,претежно ги пржи како чипс или од нив прави пире.сум ги пробала и благи но мене ич не ми се вкусни. Јужно Американците се отепуваат од јадење Платанос
Правам и се многу вксуни. Додавам и мед промешан со вода пред да ги тргнам и после имаат многу убав вкус, нешто како ванила, навистина прекрасни.