1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватна пракса (Private Practice)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Lovely, 5 декември 2010.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Серијата е нешто слична на Вовед во анатомија, се зборува за ликот на Едисон Мотгомери кој глуми и во Вовед во анатомија и за животот откако таа ја напушта болницата Seattle Grace Hospital (од вовед во анатомија) и оди во Лос Анџелес. Омилен лик ми е Вајолет која е психијатар.
     

    Прикачени фајлови:

  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Private Practice - Приватна пракса

    Многу е добра серијата, Адисон (Kate Walsh) толкува една прекрасна улога и многу ми е симпатична и талентирана.
    За мене лично далеку подобра од Grey's anatomy, одамна престанав да ја гледам, а не сум испуштила ниту една еп. од Private Practice.
    Многу интересни моменти се случија и новата сезона не ме разочара, како некои други серии досега.
    Сите ликови се убави, просто серијата има душа. :)
    Не знам само дали Наоми ќе се врати пак, ме мрзи да вртам по форуми... :lol:
    [​IMG]
     
  3. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Приватна пракса(Private Practice)

    Многу добра серија, ама ме нервира што во едно нешто е иста со Анатомијата на Греј. Преку глава ми е од тоа нивно менење на партнерите. Ама нон-стоп им се дешава тоа.

    Прво Адисон беше жена на Дерек, го изневери со Марк, едно време со Алекс беше, потоа се пресели во ЛА, таму прво со Пит, сега со Сем, кој беше маж на нејзината најдобра пријателка. Вајолет одеше со Пит и со Шелдон во исто време, па не знае од кој и е детето, а е цимерка на Купер. Шарлот во исто време и со Шелдон и со Купер... На кој со кого му се присака :lol: Како да се на некој пуст остров и да нема други луѓе.

    Затоа највеќе го обожавам Хаус, човекот си ја сака Кади и крај.

    Ама, некако успевам да преминам преку тоа и ја гледам серијата :$ а и Греј ја гледам.
    Сега во јануари ке излезе нов спин оф на Греј, со ќерката на Мерил Стрип во главна улога, па и неа планирам да ја гледам :inlove:
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.219
    Пол:
    Женски
    Приватна пракса(Private Practice)

    како се вика серијата со ќерката на Мерил Стрип??
     
  5. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Приватна пракса(Private Practice)

    Одлични се, моментално си ги следам на Фокс Лајф и мене лично повеќе ми се допаѓа од Вовед во анатомија
     
  6. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    Приватна пракса(Private Practice)

    Мене поуба ми е вовед во анатомија дефинтивни појке ликови и се случват појке работи,многу ме нервира вајлет оти е себична пак ке си го остај детето за та книгата и заради неа цела клиника ке се затвори и Адисон ке отвара нова,Сем нејки дете да има со Адисон не фер та го премоли не знам со Питер шо ке се случи оти падна и така заврши сезоната :(
     
  7. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Приватна пракса(Private Practice)

    Ми се допаѓа серијава,а омилен лик ми е Адисон :) Престанав да ја гледам,но сепак е добра серија.
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Приватна пракса(Private Practice)

    За разлика од Вовед во анатомија, прекрасна серија!
    Толку ми ја затупеа таа, одвратна ми стана.

    Едисон е прекрасна. И како актер, улогата која ја толкува и секако изглед.
    Ми се допаѓа приказната, некако привлекува внимание и сакам да ја гледам. Уживам во тоа уствари.

    Единствен лик што ме нервира е оној кој го толкува Amy Brenneman.
    Вајолет.
    Ау! Баш ми шета по нерви. По пропис!
     
    На popins му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Приватна пракса(Private Practice)

    Јас серијава ја гледав на фокс лајф, ама таму се знае, каша попара. Ја фатив последната епизода од втората сезона,
    Вајолет е бремена, ама една пациентка сакаше да и го украде бебето и и го исече од стомакот.
    И после тоа знаев дека нема да даваат нова сезона, па почнав на нет да ја гледам. Сега сум негде до седмата епизода од 4тата сезона и не можам да престанам да ја гледам серијава. Ме зарази тотално. За разлика од Вовед, тука повеќе се соочуваат со етички и морални дилеми, неголи со крвишта, пациенти со секири во нив или не знам какви драми. :)
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Приватна пракса(Private Practice)

    И јас кога ќе ја фатам на ФоксЛајф ја гледам, ама... Вовед ми се подобри. Повозбудливо е некако таму. И изборот на актери повеќе ми се допаѓа.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Приватна пракса(Private Practice)

    Излезе вчера првата епизода од новата сезона :)
    Ми се насолзија очите кога Пит доби срцев удар, а Лукас сирото под маса се сокри и го гледаше :( Душичка. И ќе биде заплеткано со Едисон, ама се надевам конечно ќе добие бебе.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Приватна пракса(Private Practice)

    Јас навистина не ја сфаќам Едисон, сака бебе, Сем не сака, ама пак се заедно, она се обидува да забремени, а во меѓувреме одржуваат врска, па уште го тера да користи и заштита... :^)
    А разговараа ли некогаш што ќе се случи ако затрудни, не мора да е негово, ама пак ќе има бебе во сликата, тогаш ќе остане Сем покрај неа?
    И него не го сфаќам - не сака негово дете со Едисон, или не сака воопшто деца?
    И како би ја одржале врската ако затрудни?

    И морам да признаам дека Едисон ми е еден од омилените ликови, ама е тотално несозреана и зависна од маж покрај неа. Премногу е емотивна и наивна некако, ко во генот да и е впишано дека треба да изневерува, така со првиот сопруг, така и со Сем, зашто си флертува со новиот доктор (алелуја за Бенџамин Брет, супер лик), жената просто се движи по истата патека цело време.
    Неодлучна е, и не знае да пресече, тотално несигурна во животот, за разлика од работата.

    А најодвратен лик ми е убедливо Вајолет. Толку е неблагодарна за се' што има во животот, себична и постојано сака и бара уште. Убедена е дека книгата ја издаде за да им помогне на луѓето, кога сето тоа го направи само заради сопствена сатисфакција, гордост и слава.
    Никому не помогна, само ги повреди и мажот и пријателите.
    Не ми се верува како ја трпи Пит, посамобендисано суштество нема. Суетна до крај.
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам за Вајолет. Мене ми беше симпатична, ама со текот на времето се покажа како најнеодговорна и нестабилна. Човече, два пати си го остави детето. Таман се оправија малку ќе одела на турнеја. Само на себе си мисли, me, me, me... |( И којзнае дали ќе им успее бракот, ми се чини дека Пит е на крајот на нервите.
    Купер ми е најсимпатичен, иако и неговите постапки понекогаш не се како што треба. Ама Шарлот дефинитивно ќе го оправи :)
    А Едисон... Ни она сама не се разбира. И мене не ми е јасно како мислат да им успее врската. Иако мислам дека ќе биде нешто со новиот доктор ^_^
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Многу беа добри последниве две споени епизоди.
    Многу ми беше жал за А(Е)мелија. И за дечко и. Ама мораше изгледа тоа да се случи за да се освести. А и ситуацијата со Пит и Вајолет беше неизбежна. Толку го разочара што немаше шанси да и прости. Тоа е, што си дробела тоа ќе си срка. А Ади мислам дека остана бремена, насмевката таква и беше, а и се надевам дека е така, па заслужува по толку маки.
    Само со Сем којзнае како ќе ја наредат.
    И зошто толкава пауза ќе прават? Дури во мај ќе излезе наредна епизода.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Ау не ми се верува дека го дадоа бебето на Емилија, колку ми беше жално се изнаплакав. :(
    Какво беше греотка. :x
    Едисон конечно доби бебе, ама мислам дека со Џејк некако повеќе ќе си одговараат, имаат премнногу историја со Сем.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.219
    Пол:
    Женски
    Како сум плачела на оваа епизода. Како можеа бе да го покажат малото , срце ми се кинеше. Сепак за шарлот ми е мило што омекна, и како изреагира кога
    Мејсон и рече дека ќе ја вика Мама. Срце ми се скина тогаш.
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    ми е во омилените серии која ја чувам на надворешен харддиск

    да кажам дека сите глумци ми се супер но не очекував дека она ке и се деси на Вајолет (мислам на таа пациенткта со бебулето)
    .... но е супер содржајна и интересна за оние кои се за МеDiCal serii
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Шарлот ми е убедливо најомилен лик.
    Силна, некомпромисна, преживеа се' и сешто, има толку јака волја за живот, љубов и работа, силен инстинкт за преживување, добар хумор, и многу е секси. :)
    Многу ми е мило што така испаднаа работите за неа, вистински заслужи.

    А на последната епизода се изнаплакав, срцето ми се скрши
    за бебенцето на Амелија. :(
    Иако беше искрено себично од нејзина страна што не ја сакаше Едисон покрај себе до последниот момент и и' изнакажа такви груби зборови.
    Кога Едисон дозна дека Амелија е трудна, немаше ниту грам љубомора во неа, зема собата да ја преуредува за бебето и искрено се радуваше, иако толку посакуваше свое.
    А кога Едисон го посвои Хенри, а Амелија дозна за трагедија на своето бебе, зема веднаш со горчина и злоба да и' префрла на Еди.
    Мислам, лоша ситуација, ама имај малку разбирање и почит, да не беше она и целата екипа, уште ќе си беше наркоманка. |(

    Се надевам дека Едисон нема да го прифати предлогот за брак на Сем.
    Толку убав пар се со Џејк. Доволно долго го чекаше претходниов, се истуфка, де нејќам бебе, не сакам уште, ама го сакам ова! А ако Едисон случајно успее да затрудни, само посвоеново ќе го сака, друго на светов не?
    |(
     
    На bittersweet и figgiMK им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Уф добро е, не сум била само јас плачка, леле се изналипав на сцената со бебето ;(

    Шарлот дефинитивно најјак лик ми беше оваа сезона, колку само човечки се однесе спрема мајката на Мејсон, цело време беше покрај неа до последниот здив, и на таа сцена се изнаплачев кога легна Мејсон покрај мајка му а таа почина ;(
    Многу ми се добар пар со Купер, што се не поминаа и останаа заедно уште појаки.
    Вајолет и Пит ми се некако сакам кажам незнам речам, не можаат заедно не можаат оделно, напорни ми се како пар.
    Многу ми беше жал за Амелија ама таа пак како се однесуваше како сите други да беа виновни за нејзиното бебе, таа никако да прифати одговорност за своите постапки, одлуката што ја донесе за донирање на органите иако тешка одлука беше единствена позитивна работа од неа цела сезона.
    Сега останува во наредната сезона да видиме кој ќе избере Адисон, и јас не сакам да биде со Сем цело време ја влечка за нос и тој самиот незнае што сака, со Џејк ќе бидат одличен пар.
     
    На Trendafilka и RainBow им се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    Добро финале.
    Доволно неизвесно и драматично. .

    Најмногу ме трогна муабетот помеѓу Шарлот и Мејсон. Кој би рекол дека Шарлот има таква мајчинска жичка и разбирање. Мислам дека она доживеа најголема трансформација на ликот од почетокот и тоа во позитивна смисла.
    Амелија се надевам дека ќе ја пораснат малку во наредната сезона и дека нема вечно да се однесува како размазена и распуштена тинејџерка.

    И шпанскава сапуница со љубовниве врски више ми е досадна. Особено Сем ме нервира што не знае да застане како маж што знае што сака, стабилен и самоуверен. Златен Џејк, тотална спротивност и вистински човек за градење семејство. Баш ме интересира Адисон кој ќе избере и дали некогаш вистински ќе ја скрасат со некој.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.