Здраво на сите. Најпрво, да појаснам дека темава не се однесува на приватните психијатриски ординации туку се однесува на приватните психијатриски клиники, значи места кадешто луѓето остануваат да лежат се додека проблемот не е решен. Се обидувам да најдам нешто за мојата мајка кадешто таа ќе може да има своја соба и ќе има стручен тим кој целосно ќе и се посвети на нејзе со сеанси разговори и, доколку е потребно, лекови. Дали некој од вас знае дали постои такво нешто на територијата на Македонија или пак Србија? Доколку исто имате некој предлог за нешто слично (на пример дом за згрижување на лица кадешто се нудат психијатриски услуги) би ви била многу благодарна. Колку за информација, мајка ми има 62 години (меѓутоа по однесувањето и размислувањата исто како да има 75) и не нешто страшно болна (сериозно ментално пореметување) или слично. Доколку веќе постои ваква тема би ве замолила да ме упатите. Ви благодарам однапред.