Здраво девојки... Имам еден мал проблем за кој би сакала да ме посоветувате. Знам дека сум единствениот ктивец за него, затоа ќе ве замолам без да ме напаѓате. Пред околу две три години имав направено фотографии на кои што бев полугола. Мислам дека секоја од нас понекогаш се восшитувала на своето тело, ја сакам да видам како тоа изгледа и на фотографија. Но моја мала невнимателност ми донесе повеќе проблеми. Сликите повеќе ги немам, веќе некое време, но додека се наоѓале во мојот мобилен некоја "паметна и блиска" личност ги извадила од таму.. и засега ги имаат веќе 6мина непознати кои ме пронаоѓаат и ми кажуваат дека ги имат фотографиите со закана дека ќе ги објават на фејсбук. Секој од нив најпрвин ќе ми се доближи како пријател, подоцна ќе посака да излезе со мене, а кога нема да му успее се заканува дека ќе ги објави фотографиите... Во таква безизлезна ситуацију сум што дури посакувам и да ги објават и да престане со тоа секој ден некоја нова личност да ми кажува за нив. Барем ако сите ги знаат ќе знам ги знаат сите и нема кој да те измачува... Што вие би правеле кога би биле на мое место? Искрено не ви го посакувам тоа!
Навистина лоша ситуација. Грешката е веќе направена и нема назад, кога си можела да направиш нешто за да го спречиш тоа, не си направила. Но сепак има излез. Сигурно има некоја личност на која и веруваш, па немој сама да се мачиш со овој проблем, кажи што ти лежи на душа не верувам дека ќе те осудат особено затоа што си свесна дека било грешка. Побарај помош, ако треба и пријави.
@crazyinlove e во право.Кажи и го проблемов на личноста во која имаш доверба така,и ке ти биде полесно,и можеби ќе го решите случајов...ти посакувам да го решиш случајов што побрзо...Инаку мислам дека случајов е и малку опасен..
Мислам дека можеш да пријавиш во полиција, се работи за твојата приватност. Ако сакаш, дома и гола ќе се сликаш како го гушкаш Бенџаминот, и никој ништо не смее да ти направи заради тоа. Има, сигурно има некој закон кој те штити тебе и твојата приватност, така да, слободно пријави си во полиција. На крај краева, и да ги објават, денес со Фотошоп се се може. И од мене можат да направат слика како позирам гола, а да нема врска. Можеш едноставно да негираш, ти никогаш не си се сликала така и точка. Па ќе биде твојот збор против нивниот и што ти можат.
Ви благодарам.. Веќе реков на две особи на кои што им верувам. Нивната реакција беше да не мислам многу на тоа. Оние што ме почитуваат и знаат и понатаму ќе си го имаат истото мислење за мене. Дури ме задеваа како ќе сум станала ѕвезда.. Но во секој случај ќе сторат се што е во нивни раце.. Го пробувам и ја истото..
Истиот проблем го имав и јас со фотографии ама од многу порано а и не беа контроверзни туку најнормални слики само некој паметен фанал ми ги симнал од пријатели тогаш беше таа страна и ми ги извадил и ми закачил на бандерите низ маало....бог да чува кога видов неможев да поверувам се шета низ земјава.Инаку би ти советувала воопшто да не се замараш и да ги објават ти знаеш кој е на сликата но другиот што ке ги види може ке помисли дека се правени компјутерски денеска се има
Ако уцените од тие личности ги имаш во пишувана форма (т.е. во пораките на фејсбук) направи си слики од нив со принтскрин, уредно смести ги во папка (са во случај да не те избришаат и да се изгуби текстот) и правац во полиција. Мислам дека мора да има закон што ја штити приватноста А најдобро ке биде, оној што ти ги украл сликите, и него да го пријавиш заедно со тие што те уценуваат Само мораш да имаш доказ дека те уценувале... после не треба да е тешко
Од каде знаеш дека навистина ги имаат тие фотографии, ти ги покажале? Ништо чудно и да не е вистина дека ги имаат, туку слушнале дека си имала такви фотографии во телефон, па сега користат ситуација.
Најпаметно нешто што би можела од моја страна е или да пријавиш или да видиш што сакаат и да се соочиш лице во лице со нив.Си разговарала ли?Си видела ли што бараат?
Јас искрено би ја пријавила оваа личност на прво место, и би и дала до знаење дека ќе ја пријавам да видиш како ќе се смрзне од страв и нема да може да спие, ќе се препотува како ти сега. Кажи им на твоите, верувај ми - дури и да се многу строги, да викаат, да те караат...Собери некако храброст, ќе се зачудиш колку заштитнички ќе се постават, а и на тебе од самата подршка нивна ќе ти биде се ова многу полесно. Ти се гледа ли убаво лицето на тие фотографии? Се надевам дека ќе испадне се во твоја полза. Претпоставувам тие што ти ѓи праќаат сликиве како доказ дека ги имаат -се некои недоквакани створења. Јас дури би го земала татко ми под рака и заедно со него ќе дознаам кај живеат на врата ќе им тропнам.. Ццц..Што се не шета по овој свет.
Отиди и пријави во полиција.Секој што ти се заканува ќе добие опомена/казна/.Не чекај да стане ептен големо. Колку за споредба, само што се вработив, добивав телефонски повици и демек сум објавила на неколку сајта дека давал секс услуги за мала надокнада. Знаев кој може тоа да ми го направи. Можев да тужам, но не се замарав бидејќи тогаш целиот настан ќе станеше од јавен карактер (многу комплицирано беше). Доволно ми беше што огласите се тргнаа и добив извинување.
На една моја, не баш другарка, и се случи истата ситуација. Она го пријави, го земаат телефонот и неговиот лаптоп. Уништени се фотографиите. Јас те советувам ако не сакаш да одиш премногу далеку, па и до полиција, они барале да излезете. Зошто да не, нема вие таму да имате ****. Едно излегување. Ако по тоа излегување видиш дека типот е непријателски расположен и сеуште ти се заканува, пријави го. На крај, речи дека фотографиите се фотошопирани, дека не си ти и готово. Не ти пишува име на сликата тебе. Речи дека некој што те мрази сака да ти се одмазди, и незнае како. Гледај да испадне во твоја корист. Да испаднеш како победник, а не скршена. Те разбирам дека е голема работа, но по ова внимавај. Сликај се, но бриши ги. Или на крај, ставај лозинки.
Ти најубаво знаеш што значи тоа полугола и колку биле непријатни тие фотографии. Ако сето тоа е вкусно, невулгарно ... не гледам проблем, па дури и да ги објават. Кој се полугол не се изнаслика за нашиве весници без мува да го полази ехеее ... а на 90% од нив фитнес им е направен со чичко фотошоп. Зарем никогаш не сме биле топлес на плажа? Па може било кој да не слика .. и да објави “таму некаде“ наши фотографии, а за тоа и да не сме свесни. СДК не се вознемирувај. Пресечи! Или тужи ги или игнорирај ги. Трето и онака нема
Јас не би ти препорачала да излегуваш со нив! Ни под разно ,се знае што бараат а ти со тоа ќе покажеш дека си ја прифатила уцената и ќе продолжат и понатаму,а претпоставуваш што би побарале,штом веќе користат уцени! Значи едно е решението-да ги пријавиш.Пиши им што сакат нека прават,дека веќе се пријавени во полиција,а на ФБ стави блок никој да не те бара за пријателка и имај ги само најблиските.
Девојче јас не би ти препорачала да искочиш со нив, може они од тебе бараат да одиш само на кафе, но не ги знаеш, незнаеш што можат да ти направат... Мислам дека најдобро е да пријавиш во полиција, па и да им кажеш на твоите родители. Може ќе ти биде непријатно или ќе ти биде страв од нивната реакција, но тие колку и да се дерат и да те караат, сепак ќе застанат на твоја страна, сигурно не би дозволиле нивната ќерка да биде жртва на некои манијаци..
Тоа што сакав да го кажам веке го кажаа. Следен пат кога ке ставаш слики на мобилен ставај лозинка,барем сигурно мобилниот има опција за приватмност нели? Јас не би рекла да излезеш со тие.Од кај да знаеме за каква личност точно се работи?Од кај да знаеме дека нема да ти стори нешто?Доволно е најпрвин да помислиш на уцената. Пријави во полиција,најдобро е,тие ке знаат што да сторат најдобро.Кажи на твоите родители за што се работи доколку не знаат,за да не биде после дека си криела па од нивна страна да испаднеш највеке виновна.Знаеш какви се родителите денес. И како кец во ракавот можеш да се браниш дека е употребен фотошоп.Денеска технологијата е напредна па не би било лошо и тоа да го искористиш.
се согласувам со мислењето на пеликуна а и на др погоре... леле мене така зимам пиштол и го пукам тој што го направил тоа ете гледаш какви луѓе има нема пријатели да не веруваш на никој
Не ми се верува како може некој да се служи со такви работи, да уценува со фотографии, тоа е врв на човековиот безобразлук.