Приватноста во врската

Дискусија во 'Врски' започната од RainBow, 11 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.380
    Пол:
    Женски
    Каде ви се поставени границите во врската?
    Јас на пример и по толку време не сакам да ме гледа недепилирана, не можам да си замислам да ми ги види нозете такви. Исто и не сакам отворена врата од вц. Не знам како некои парови можат да си вршат работа во тоалетот со отворена врата. Никогаш, ама никогаш нема тоа да се случи. Иако на мм за тоа не му е гајле, мене ми е нарушување на приватноста.
    Иако некои граници со тек на време се поместуваат, на почетокот не можеш да си замислиш да те види без шминка, или во несредена состојба, ама понатаму тоа се менува. Каде се вашите граници и колку ја почитувате вашата, а и неговата приватност во врската?
    Тука спаѓа и чепкање телефони, пасворди итн... :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.740
    Пол:
    Женски
    Пасводри порано разменувавме, сега не. Но кога и да посака може слободно да му го кажам бидејќи немаме што да криеме. Телефон, хм ова мора да го провери, не знам зошто но секогаш го проверува мојот телефон. Машки бе :D Јас ретко, ама и јас знам да си прочачкам во неговиот телефон.

    Што се однеусва за тоа со депилацијата, пред да одам на депилација не го оставам да ми се доближи. Се срамам и по четири години врска. И покрај тоа што тој секогаш ми вели Ричи, зарем јас се гадам од тебе или па ако не си депилирана ако те видам мислиш нема да те сакам веќе? Те сакам секаква. Но, не бре не. Деновите пред депилација како да бегам од него, ете не ми е пријатно.

    Извршување ритуали во вц заедно едноставно нема шанси! Баш имаше една случка се затекнавме заедно во купатило, јас миев заби он лице ми се чини, и му викам ајде излегувај сега, нели да се измо*ка човек на раат. Он ми вели ајде де не те јадам, као демек слободно! Ама не бре додека не излезе нејќум. Ми е срам, плус ајде ако се опуштам толку пред него и мене не ми е пријатно бе, женско сум!

    За шминка не се замарам, пред него сум скоро секогаш без шминка бидејќи уште на почетокот на врската ме молеше што помалку да ставам шминка кога сум со него бидејќи очите ми биле како на мало детенце без шминка и секогаш ми ги бакнуваше :inlove: И уште се буни ако се нашминкам повеќе, едноставно си сака човекот природно.

    И јас не сакам да го ставам во незгодни ситуации затоа за приватните работи го оставам што е можно повеќе сам! Иако сме пар нели сепак се си има граници.
    Има и такви парови кои додека едниот се кака другиот го држи за раце, ама сериозно. Јас до тој степен не можам а и не сакам!
     
    На Lolo5, eloves, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    По компјутерот и по телефонот и дозволувам на мојата девојка да чепка и да прашува што ке посака само во мое присуство,до сега ми нема сама буричкано мислам дека има доверба во мене,бидејќи за секое прашање има добиено одговор од моја страна,а по нејзините не се ни трудам да пребарувам,ако сака нешто да скрие ке скрие бе брате женско е има способности.Јас ја почитувам и и верувам.Во WC не одиме заедно глупо ни е.После излегување не се испрашуваме каде беше со другарите/ките ами кулираме.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    10.924
    Пол:
    Женски
    1. Недепилирана нема шанси да ме види , женско сум нема смисла да шетам како орангутан :D иако вели не му смета мене ми смета и секогаш пазам на тоа
    2. За ненашминка и пижамки и бушава коса мене ми е нормално и воопшто не ми е срам
    3. За вц отворена врата нема да дискутирам тоа ми е несватливо :x
    4. За телефон не сум поставила некои граници , многу пати го имам заборавано кај него дома па може и чепкал а впрочем што ќе види де :D и јас на почетокот кај него од љубоптност чепкав сега не ми е интересно што знам
    5. Пасворд да смениме ниту сакам ниту ќе смениме , па си правам муабет со другарки ми се доверува некоја и ајде сеа дечкото да може да отвори и да чита не дека кријам нешто, кога сум уклучена кај него слободно може да види порано зиркаше дали ми се удварал некој па јас обично тие ретардирани пораки му ги препраќам да се смееме заедно :lol: и кај него не сакам да чепкам ако нешто ме фати љубопитност културно си прашувам :D :D а да имам пристап јас кога сакам врз неговиот фејбук и тој кај мене ми е тотално глупаво не дека се крие нешто , па треба малку доверба де
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Си имаме секој своја приватност која не си ја чепкаме.
    За чепкање во телефон, или размена на пасворди од фејсбуци, мејлови или скајп не доаѓа предвид.
    Мене ми е незамисливо да споделувам такви работи со партнерот, вајдеќи се на картата љубов.
    Тоа е типична опседнатост и недоверба.

    Не обавуваме физиолошки потреби еден пред друг, а без оглед на должината на врската, хигиената во никој случај не треба да биде занемарлива.

    Постојат пар работи кои другарка ми ми ги кажала во доверба и јас не ги споделувам со дечко ми.
    Не дека он некому ќе каже, ама тоа е работа на принцип, мене ми се кажани и се дел од МОЈАТА приватност, која без оглед на статусот, не ја делам со друг.
    И добро е ако и он си има такви скриени тајни врзани за негови блиски.
    Не сме споени со папочна врвка, па ако еднот кивне, другиот истовремено треба да прдне.
    Во контекст на овој муабет, ниту си прдиме, ниту си копаме по носињата еден пред друг.
    Колку и да си близок со партнерот, си постојат одредени работи кои се прават сам и на само.
     
    На Lolo5, eloves, MilanoRedHead и 5 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.380
    Пол:
    Женски
    ^ Мене тоа малку ми е послаба страна, со другарките муабетите. Често знам да му издрдорам нешто што ми кажале. Ама, ако другарките ми потенцираат дека сакаат да остане меѓу нас не го прекршувам тоа и никогаш не сум му кажала нешто што ми било доверено. Го знаат тоа другите, па обично си кажуваат, ова само меѓу нас. :!:
    А за другите работи, он на пример не практикуваше да затвори врата додека си врши, ај да кажам културно, мала нужда. Ама му реков дека тоа ми смета, дека некои работи треба да си останат приватни.
    па коа ќе ми рече, зарем од мене се срамиш, како можеш од мене да се срамиш, маж сум ти.
    Јас од мајка ми се срамам што ме родила за некои работи бре.
    А и не е работата за срам, не може некако да го разбере тоа. Ама добро, ги усогласивме некако работите. :lol:
     
    На Lolo5 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  7. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    168
    Без проблем може да му го отворам мојот ФБ, ама што има да гледа таму? Не кријам ништо, ама би имала чувство како да ме контролира!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    353
    На одмор се бањавме заедно. :lol: Но никогаш не сме извршувале физиолошка потреба еден пред друг. :) Скоро секогаш сум без шминка пред него,немам проблем и да ме гледа по пижами и разбушавена коса. Не сум му чепкала по телефон иако тој чепкал кај мене,се што ме интересирало сум прашала. Пасворди си знаеме од фејзбук,на почеток секој ден се приклучував ама сеа иако ја знам воопшто не се ни приклучувам,па ни тој од кај мене често. Никогаш не ме видел несредена што се однесува до депилирање и такви работи,ниту пак со мрсна коса. Несакам да добие впечаток оваа не се капи. :rofl: За излегување со другари/другарки не е проблем,и само си кажуваме кратки црти,а подетални информации не.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Секој до некаде си ја задржал својата приватност, не си знаеме пасс на ништо, ама па ни не криеме ништо зошто нема причина за тоа. На телефон негов ми дозволува да се јавувам кога тој е нешто зафатен ама мене ми е глупо. Освен кога вози. За се си кажуваме, па така да нема потреба од проверки. Доброто е што и да се посомневам нешто можам слободно да му кажам, не се лути, дере или слично туку седнуваме и збориме. Не сокрил од мене ништо, нит телефон, нит меил, нит фб....седи тој кај мене на писи, јас кај него...за ништо не се устручаваме еден пред друг.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    2.547
    Пол:
    Женски
    Пасворди никогаш не сме размениле еден со друг, иако порано јас еднаш му го кажав мојот али тој не сакаше да го запомни. Телефони меѓу себе не си чепкаме, немаме едноствано потреба за тоа, си имаме доверба еден во друг.
    Никогаш не сум се појавила пред него со неиздепелирани нозе, ниту пак сме обавувале физиолошки потреби еден до друг. Што се однесува до шминкањето ич не се замарам скоро секогаш пред него сум без шминка, дури и самиот ми вели дека и поубава без шминка сум му била.
    Едноствано за се треба да се има граници :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.906
    Пасворди на фејсбук и такви работи не менуваме.
    За вршење на физиолошки потреби, строго затворена врата. Никогаш заедно не сме оделе во wc.

    По телефони не си буричкаме, но кога ќе се скараме некогаш тој знае да го земе и да прелиста во Call log затоа што кај мене во телефон нема опција да се избриши повикот и нема шанси нешто да сокрие.
    А, нема ни што да кријам. Ама тој, сака да види, од љубопитност.
    Тоа ми смета и веќе неколку пати му го правам тој муабет и пробуваме да се разбереме.

    Но, си имам свои граници. И кога прави нешто што ми смета, веднаш го опоменувам.
    Јас сакам и сметам дека секој партнер треба да си има своја приватност. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.651
    Мене приватноста многу ми е важна.

    Муабетите со другарки ми се муабети со другарки и нема што да ги споделувам со него. Исто и муабетите со моите. Во суштина не прераскажувам муабети, ни случки од работа, така што таков тип на муабети не ни имаме, освен нешто што вреди да се сподели.

    И ние не одиме заедно во тоалет, не миеме ни заби заедно. Јас секогаш кога одам во тоалет заклучувам врата, дури и да сум сама. Навика :)

    Е сега за депилацијата - не можам многу да направам :D Се депилирам редовно, ама нели морам да ги пуштам малку да ми пораснат за да можам да се издепилирам, па има и критични периоди. Ако не сум депилирана не шетам така дома, па макар и сама да сум, облекувам нешто што ќе ме покрие. Дури и желбата за секс ми е намалена, ама не значи дека ја немам воопшто :D

    Во овие 15 години никогаш не сум му прочепкала по телефон. Пасворди никогаш не сум го прашувала, иако генерално користи неколку кои ги става и на компјутер па ги знам, ама никогаш не сум му чепкала никаде. И јас користам генерално исти пасворди кои ги знае - имало моменти кога сум го замолила да ми провери мејл, а јас не сум можела. Телефонот ми е на негово име, па може ако сака и детална сметка да ми извади слободно, ама тоа ќе отвори други прашања - зошто би имал потреба да ме проверува?
     
    На Lolo5, bittersweet и miss.ella им се допаѓа ова.
  13. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    49
    Гледам дека малку сум се подзапуштила во врска со некултурното :worried: .... имам навика некогаш да си буричкам во носот :D и полека полека и пред него така се навикнав :( , ке се одвикнам секако... а секако дека не сакам да ме гледа не депилирана, најчесто доле бидејќи нозете ги депилирам со машинка, а секако дека крајните денови влакната се исчекуваат за да се појде на депилација.. незгодно ми е но тој вели дека не е проблем, си кажува дека сака кога сум депилирана но и кога не сум не му пречи... А за нужди не одиме заедно :D ... мн пати го зафркавам, стојам зад врата и не може да почне хахаха :rofl: ... кога со другарка разговарам за некои работи што не треба никој да ги знае тогаш не му кажувам ништо а и тој тоа си го знае :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    2.466
    Пол:
    Женски
    што се случува во врската, останува меѓу нас :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    762
    Пол:
    Женски
    Немаме никакви тајни, па да има потреба од приватност. Единствено нешто е тоа што уште кога започнавме му кажав дека нема зборење за минато, важните работи му ги кажав, но сепак нешто задржав и за себе. Лозинките од Фејсбук си ги знаеме и немам проблем ако тој влезе кај мене, од причина што ништо не кријам. Се си кажуваме и имаме доверба еден во друг. Немам проблем да се појавам пред него со влакненца на нозете, оти сум со мисла дека кога за да сум со некој сакам максимално да сум опуштена. Секако ако во иднина ми стане маж, нема нон стоп да се кријам. Тоа е нормално нешто.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.828
    Пол:
    Женски
    пасворди не си менуваме глупо ми е тоа, а ни во тел не си чепкаме (иако мене ме интересира многу) :D нема што да криеме еден од друг
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    119
    воопшто нема доверба ако се менуваат пасвордите на фб
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    50.150
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сме се бањале заедно. :$ Не дозволувам да се депилирам пред него или воопшто додека тој е присутен кај мене. Немаме разменето пасворди од Фејсбук, кој што си прави таму е негова работа. Не проверуваме ниту телефон, ниту пак историја што сме гледале на интернет, како што бившиот ми правеше |( Кога ќе одам во тоалет не е битно зошто сум влегла :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.378
    Ке зборам за брак...значи заедно дишеме
    Приватност немаме во ниту еден поглед, ама така си се поставивме и така тераме бидејќи така ни одговара.
    Си знаеме шифри на лап топ , на картици од банки....НО никогаш не сум приметила да ми отворил маил...а и да отвори -па што!...нема што да види
    Мобилните ни стојат еден до друг...не се на ,,сајлент,,
    Често заедно се тушираме
    Пред да одам на раѓање ТОЈ ме средуваше доле
    Знам кога има проблем со какање
    Знае кога добивам
    Знам кога што го мачи
    Знам да заплачам пред него некогаш
    ..
    ..
    Сакам да кажам дека и на двајцата отвореноста ни годи и многу убаво функционираме.
    Плус морам да нагласам дека сето ова не влијае врз страста меѓу нас.
     
    На Lolo5, MilaP, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    18.637
    Пол:
    Женски
    Koga ke stanete majki , nekogas nema da obrnete vnimanie na vlaknencata od prezafatenost. I jas bev kako vas, no Sega znam I den dva da pocekam za depilacija. Ne deka urasnuvam, no se slucuva da ja odlozam depilacijata za drug den ako sum prezafatena so kerkickata I drugite obvrski.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.