1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватност

Дискусија во 'Психологија' започната од Laline, 25 август 2012.

  1. Laline

    Laline Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ве читам долго врееме.Незнаев каде да го поставам прашањево па решив тука.Ако мислите дека треба во друга тема известете ме.
    Вака..Имам едно проблемче,т.е не е проблемче проблемиште. Имам многу добар однос со мајками најдобри другарки сме , повејке ја сметам како најдобра другарка не го ли како мајка. Проблемов е што е со мене на фејзбук секогас. Значи буквално никогаш неможам да останам сама,и да сакам со некого да пишувам нешто не сум опуштена.Јас не сум јас... Тоа е више 4 година вака.. Незнам како да и објаснам дека ми смета тоа , мислам дека ке ми се налути и односот ке ни се расипи. Не дека сега почна да ми смета тоа али ете до сеа некако трпев. Запознав еден дечко многу ми се свиѓа,кога сме излезени со него многу е фин муабети многу правиме и слично а на фб не е таков. Вика многу ми смета тоа што мајка ти чита, многу работи сакам да ти кажам ама не сум опуштен неможам... А и ств знам кој работи треба да и ги кажам на мајка ми стварно претерува таа. Неможам се да и кажувам а и како што кажав и да сакам нешто да пишам неможам пред неа неможам. Што би ме советувале вие ?? :(
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Дечкото тие работи може во живо да ти ги каже, не мора преку фб. Иначе фб за мене е приватна работа и ти не мора од дома да се уклучуваш. Оди во некое интернет кафе и од таму пишувај со детето ако ти е толку ќеф, ама според мене поубаво е во живо да си кажете се што имате, не преку фб. Не верувам дека врската со мајка ти ќе ти се расипе ако културно и кажеш дека не сакаш да ти ги чита разговорите со детето, зошто сметаш дека веќе си зрела девојка која може сама да комуницира со кого ќе посака. Значи родителски надзор не е потребен. Можеби мајка ти премногу заштитнички се однесува кон тебе. Треба да и кажеш дека не мора така да постапува. Мораш да се осамостоиш и ако направиш некоја грешка сама да си ја научиш лекцијата. Значи зборувај со мајка ти. Верувам многу те сака и нема да ја повредиш ако и речеш дека сама сакаш да си четуваш на фб. Среќно :*
     
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама мајка ти стварно е без осет. Што бара со тебе да дреме на нет, ако и е толку интересно направи и фејсбук, па нека си седи на нејзиниот. Кажи отворено дека не сакаш да ти ги чита разговорите и готово.
    Исто и татко и на моја другарка така и прави, само што тој и ја зема лозинката и се уклучува од кај неа кога сака. Таа на тоа вели - ми ја бара што да правам, не можам да се карам и му ја давам. Многу глупава ситуација, ќе и пишам нешто мислејки дека е она, а испаѓа дека татко и седи. Една другарка се заебаваше кога знаеше дека е татко и па за инает и пишуваше: Смува нешто вечерва ? :rofl: Се за само паметот да му дојде ама човекот ни срам ни очи, бара на ќерка му лозинка од фб, за да гледа слики |( Две другарки веќе ја блокираа на фејсбук, од истата причина.
     
  4. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Гледај и јас за сериозни работи и за приватни работи сум поврзана со мајка ми, како што велиш ти сме пријателки, но треба сега и ти малку да порзговараш со нејзе, сега ти да и држиш час ан однесување, да и кажеш нежно без да ја повредиш дека сакаш приватност кога четуваш! Верувај ќе те разбере и ќе прифати се без некакво бунење. Барем така мислам. :)
     
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Мило ми е што си толку блиска со мајкати тоа навистина ме радува,камо мојата да беше жива,но како и да е не замерувај и таа сака да биде сигурна дека нејзиното дете е заштитено ипреплавено со љубов,не и го скратувај тоа задоволство,со дечкото разговарај те кога сте заедно...Секако треба да внимаваш и на дечкото доколку ти значи да не се почуствува дека немате интима,но како и да е верувам дека и тој е близок со својата мајка....Можеби на многу фемики ќе им звучи чудно моето размислување,но верувај ми јас знам што значи да си сама и затоа уживај таа не сака да те повреди или наштети туку само неизмерно те сака....уживај девојко
     
  6. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Исто.
    И јас имам проблем со мајка ми со тоа што по сите фиоки во мојата соба ми чепка и ми преместува и дури ми исфрла работи кои неа не и се допаѓале. На пр. пред 1 недела ми ги фрли новите монистри велејки ми дека не ми се потребни
     
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И јас многу сум блиска со мајка ми. И таа понекогаш знае да дојде и да чита ама јас и кажав еднаш дека треба нешто "тајно" да се допишувам и демек после ќе и кажам што сме се допишувале и таа ме послуша. Кажи и со убаво мислам дека нема да има проблем ако сте толку блиски. А еднаш несакаше да си оди и јас земав пуштив порно (зошто знам дека мрази такви работи и ќе си излезе нема да ми смета иначе не сум јас загорењак и не гледам тоа :puke: ) и оваа почна да вика ќе ме пријавела на полиција зошто гледам порно и си излезе :rofl:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Едноставно кажи и да ја почитува твојата приватност. Можеби ќе се засрами и ќе размисли што прави. Имаш 18год ако е точно како што ти е на профилот и треба полека полека да те пушта да сама трчаш низ животот.
     
  9. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Мојот проблем е мноооогу поразличен од овој но сепак мислам дека треба да биде сместен во оваа тема па да почнам....
    Можеби ќе речете дека сум мала или такви некој работи но сепак...Не можам да се жалам дека ми треба простор ( живеам во куќа на 3 спрата на први седат баба и дедо на втори јас мама и тато а третиот треба да се догради ) ми треба приватност. Во лето нема никаков проблем дома седам околу 3 саата преку ден, ноќе седам до доцна во мојата соба никој не ми вика и се е мирно... Проблемот е во зима кога само една соба е топла-дневната. Сите седиме таму јас мама и тато. До лани ова горе-долу се трпеше е веќе неможам... Во 1 соба сум цел ден. Таму се готви (оти дневната и кујната ни се поврзани) таму се седи и таму се се прави. Дури и спиеме во таа соба. Навечер кога си легнуваме тато гледа фудбал и го попушта скроз а јас сакам да слушам музика или да медитирам било што и неможе ништо се чуствувам како да сум заробеник со 1000 луѓе во иста соба. Ми треба малку повеќе приватност да бидам во своја соба да се исплачам кога ми се плаче слободно да зборувам на телефон да гледам филм без да ставам слушалки да медитирам . Ниту една од овие работи неможам да ги правам во присуство на мама или тато. Сакам да седам во мојата соба но таа е многу голема и тешко може да се загрее па затоа незнам што да правам и за ова постојано се карам со мама и тато и секоја вечер чекам они да заспијат за да почнам да плачам оти ако плачам пред нив што ти е како ти е за дечко ло плачеш ова она и се чуствувам лошо! Помогнете ми како да им кажам дека ми треба приватност дека не сакам повеќе со нив да сум во иста соба како да им го кажам ова ?? ;(
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    па девојче не си крива ти криви ти се родителите што не ти овозможуваат бар малку твој личен простор па неможе така во една соба сите да спиете па секој си има свои потреби како прво и прво мајка ти и таткоти неможат на раат како маж и зена да си легнат па после вие децата немате ама баш никаква приватност па нека ви уклуцат една термопецка во децка навецер на ефтина струја ке се полни и ке ви биде топло нон стоп е сега ке ве удри на струјата секако ама друго чаре нема кај мене се 9 и 5 години па спијат во децка соба сами си имаат печка уклуцено е сега плакам 150 евра струја ама пак не личи да ги пикам до мене да спијат треба да уци детето немозе од нас да учи значи што мора мора
     
    На OneHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.153
    Допаѓања:
    76.573
    Пол:
    Женски
    Јас па имав проблем што мајка ми постојано ми чепкаше по мои ствари, еден период тоа престана се до пред две недели кога ми го најде и прочита дневникот. Тетратка во која е сместена сета моја приватност и интима која не можам да ја кажам на никој а имам потреба да ја изнесам некаде.
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Оооф,и јас имам чувано дневници и голем проблем ми беше каде да ги скријам,од мајка ми тешко нешто да остане тајна :rofl: Фрли ја тетратката сега,ако ја нашла и прочитала,пребарај и други листови,тетратки ако имаш пишувано нешто и тие фрли ги.Обиди се да пишуваш електронски дневник,ќе ти пишам во ЛП интернет страни кадешто можеш да водиш дневник,има опција и за никој да не ти гледа :D ,мислам дека скоро нема шанси мајка ти или било кој друг да ти го дознае.;)
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Додека работам нешто многу ме мачи ако некој ми стој над гла, ако некој ми бара пасворд, ако некој бара лични информации за мене, во глобала ако некој бара. Со мајка ми тоа стана јасно уште од првиот обид кога сакаше да го чита мојот дневник или да седи до мене кога си направив фејсбук профил.
    Дневникот престанав да го пишувам ради неа и фино ѝ го дадов тоа до знаење. Дури и кога решавам тест не сакам кога професорот е зад мене, значи тоа не е толку за приватноста колку што не сакам луѓе да седат до мене/ зад мене/ околу мене, кога правам било што.
    Јас подоцна ако решам тоа што сум го пишувала негде, нешто за кое сум зборувала со некој, би го кажала до збор исто, ама не сакам во моментот да има некој до мене. Другарка ми на почеток многу ми се лутеше за тоа демек „Шо е разликата ако ми пуштиш скриншот место едно до друго да седиме?“ ама со тек на време се помири.
    Исто и мајка ми. Дури сега кога ќе седни до мене за да гледа, си има моменти кога сака да ѕирни, забележва дека што и да сум праела престанвам да го прам и почнувам нешто друго, шо не е нешто лично за мене.
    Ми смета некој да ми виси над гла и да ми ја нарушва приватноста. Ако решам да го кажам тоа - го кажувам до збор исто, ама ми треба простор нели, да размислам, да одлучам зошто сепак се работи за мене.
     
  14. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Кај моите родители најмногу ми смета што ми влегуваат во соба кога се пресоблекувам,зборувам на телефон или во краен случај мастурбирам.Кладов рајбер на вратата но повторно насилно ми упаѓаат в соба.
     
    На ZeNoN му/ѝ се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Мене многу ми значи приватноста и најмногу ми пречи кога некој ми ја нарушува без дозвола.
    Понекогаш единственото нешто што помага е да се каже директно, затоа што некои луѓе немаат осет. Не помагаат муабети одоколу...
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Многу пати ми се случило да дојдам до одредени заклучоци кои најчесто се точни врз основа на аналитичко размислување, добро ги поврзувам настаните и запазувам детали и се случува да дознаам некоја интимна ствар и луѓево се у фазон ти ме имаш хакнато пошто нема шанса поинаку да дознаеш а да ми дадеш пасворд до нечији уред ја не би влегла, почитувам туѓа приватност.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.