(ако има иста/слична тема - канта!) Ајде ајде, признајте што си имате да признаете. Можеби ако го напишите ќе ви олесни и ќе ви ги сврти мислите Јас, на пример, се правам јака, ама признавам дека ми фалит една машка прегратка, да се подзагубам малце во неа.. (ама не со кој било )
Признавам дека понекогаш сум избувлива и доста нервозна па ржам по дома, но признавам дека од се на светов ми фали едно бебе мало кое ќе ме развесели уште повеќе.
Признавам пред ОЛГА и пред себе. Признавам дека сум многу неодговорна за некои работи, и дека имам понекогаш многу голема уста која едноставно не сака да зачепи. :roll:
http://www.youtube.com/watch?v=LqWenJrKaq4 Јака песна. Патем, признавам дека многу често избубнувам, и после се каам. ://
Признавам дека темава е супер Признавам дека колку и да е убав животот, има денови кога ми е доста од се и од сите. Признавам дека жалам за секој изминат ден и дека му се радувам на секој нов ден. Признавам дека моето го сакам најмногу на цел свет. Признавам дека не сум за мирисање ... понекогаш. Признавам дека обожавам со пријатели. Признавам дека кога сакам , сакам од .. .. ..
признавам изедов 1 сладолед 2 полнети пиперки 2 парчиња проја 2 раце чипс од утре само на воздух!!!!!!! чекај да си го фатам ја фрижидерот дур има уште време
признавам дека ги навредувам моите без да размислам (кажувам 1милион глупости) за кои ми е подоцна жал а многу ретко знам да се извинам за нив.....и да ми биде криво цела вечер за тоа што сум го рекла ...а повторно да се правам дека јас сум во право-и дека јас сум им лута... понекогаш велам дека ги мразам сите околу мене а всушност тогаш најмногу се мразам себе .... понекогаш (на моето злато) ти кажувам дека ми е сеедно и дека нема да ми е воопшто жал ако не си со мене или ако не си ми се јавил..- а всушност го мразам секој ден без тебе ....и сум ужасно љубоморна.. и понекогаш ми се вртат некои глупави филмови( за тебе и некоја) ... ама ужасно не ти признавам дека е така
Признавам дека -се плашам од нови нешта од промени. -не ми се оде на кафе утре со него,нема да имаме заеднички теми за разговор тоа го знам -признавам денес претерав со зборење и ја навредив мамичка
Признавам..жал ми е. Признавам дека сакам да знам што имаш во главата и срцето што толку не сакаш да го кажеш... Признавам,крива сум. ..............
Признавам дека ме немаше долго време. Признавам дека ми недостасува, иако не треба. Да, признавам дека ми треба повторно да се заљубам...
Признавам дека сум крива поради караницата со татко ми.. - Признавам дека сакам да одам некаде надвор од државата.. каде што никој не ме познава.. - Признавам сакам да имам дечко кој што ќе ме сака и ќе ме почитува. - Признавам сакам да имам братче или сестричка
Признавам дека повеќе го сакам татко ми Признавам дека ми е жал што некогаш лажам Признавам дека единствено за кучето би жртвувала живот Признавам дека ако нешто и се случи „нејзе“ јас ќе сум виновна Признавам дека ќе се одмаздам на најлош начин на таа што еднаш ја нареков сестра
признавам дека ги налутив некои луге од форумов со моето кукање за бившиот дечко ама извинете сите немав на кого да си ја испразнам душичката се надевам не ве налутив премногу
Признавам дека имам многу работи за признавање што најверојатно никогаш нема да ги признаам пред никого... Признавам и дека малце ми е страв дека ќе идам без ниедна другарка на одмор и дека ќе шекнам дур ги чекам 10дена за да дојдат...