Претходната недела започна нова серија на Сител. Ја загледав и ми држи внимание. Дали следите и кое е вашето мислење? Спојлер: Содржина Класична драма за една млада девојка, растргната меѓу сопствените желби и иднината која ја планира нејзиниот строг татко. Севда е убава девојка која живее со своите мајка, татко и брат. Со цел да му се оддолжи на Ујгар за тоа што го спасил семејството од банкрот, таткото ја ветува Севда за него. Но, таа има други соништа и не сака да се омажи за некого на сила и поради благодарност. Случајната средба со Али ќе ја смени животната приказна на Севда. Меѓу двајцата ќе се роди љубов, поголема од сите тајни кои висат над нивните животи и посилна од целото зло кое навестува дека ќе ги уништи. Потрагата по вистината за неговото минато го носи Али до семејството на Севда затоа што токму нејзиниот татко е најголемиот виновник за несреќата која го обвила животот на Али. Во оваа возбудлива и заплеткана борба за правда, Севда и Али ќе мора да се изборат за својата љубов против сите стапици и интриги кои престојат на тешкиот пат до целта.
На интернет ја имав почнато, но морав да ја баталам. Сега на тв ќе си ја догледам. Интересна е. Ујгар и Тугче ми идат на нерви. Он болно опседнат, а она предавничка.
Дали ја гледа некој серијава? Ме интересира зошто овој Курбејт не сака Али да дознае дека пилот му е брат? Неколку епизоди немам гледано па не можам сега да го разберам тој дел.
Ќе го ставам одговорот во спојлер. Спојлер Има две причини. Прво, да ги скрие своите валкани зделки во минатото и соработката со Енрико(нарачателот за бомбата во колата на Али каде што загинува неговиот син и татко). Од друга страна како што му признава на Али во една прилика сака да спречи да се пролее крв меѓу двајцата браќа. Пилот после бегството од домот е израснат заедно со Ведат од страна на Енрико. После трагедијата Али ја започнува својата одмазда за семејството и го убива Енрико, а Пилот дава заклетва за одмазда на неговиот ''татко''. Одамна некоја турска серија не ми го привлекла вниманието, но оваа ја доби таа чест и привилегија. Ја изгледав цела на јутјуб и воопшто не се покајав. Ја гледам сега кај нас, но посакувам само да можев да ја избришам од мојата меморија и да ја гледам повторно за првпат. Препорака од мене за гледање, има од се по нешто: акција, драма, романса, неизвесност, хумор и секако може да се извлечат доста животни поуки.