1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказна од мојот живот што ми остана врежана засекогаш

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од forever.young1, 29 март 2013.

  1. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ако има ваква тема или некој има нешто против слободно КАНТА :)
    Сакам да слушнам ваши приказни од детството или воопшто сега,прочитајте ја долу мојата приказна.И пробајте да напишете и вие некоја на начин на кој ќе ја објасните и на кој ќе ја доловите поентата,поточно замислете се на пример како уредувач на сајт во кој се објавуваат приказни,замислете се како автор на книга и напишете само еден мал дел од некој ваш момент кој ви се врежал во срцето.

    Еве ја мојата:
    Беше зима,мислам дека имав 13 години.Еден ден кога се вратив од училиштето преморена и замрзната и побарав на мајка ми топло чоколадо.Иако неможев ни да стојам,застанав до неа и сакав да и помогнам.Но таа не дозволи,ме тргна на страна и ми кажа дека може сама.Застанав и се загледав во нејзините раце.Толку се трудеше да биде побрза и да го направи совршено.Таа секогаш сака нејзините деца да го добијат баш она што го сакаат,морам да признаам се што „излегуваше“ од нејзините раце беше најубаво на целиот свет.Скоро заспав до неа стоејќи па таа ми кажа да си одам во својата соба,таму седнав и чекав.Кога дојде почна да ми се извинува .. Бидејќи многу го мешала и многу ставила искочило како пудинг,а не топло чоколадо.Кога ја кренав главата и ја погледнав во нејзиното изморено лице од кое чиниш ке почне вода да тече,само реков во ред е мамо,ова повеќе ми се допаѓа од топлото чоколадо.Таа само ме прегрна и набрзина излезе од собата,а јас цело време размислував како можам некогаш да се карам со неа за нешто,а таа се труди толку се да ми удоволи и од тогаш се трудам никогаш да не ја повредувам.Иако неа ја повредуваат и најмалите нешта.....
     
    На dayla, Lolipop23, Alisa22 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    Бев мала... Можеби некои 10 или 11 години. Моите заминале скопје со мојата сестра мислејќи дека ќе се вратат пред да си дојдам од училиште. Во ранчето во посебната преграда со патент имавме и јас и сестра ми клуч од вратата кој беше тука само за во случај да треба да си отвориме ако нема никој дома. Си отклучив и како што секогаш ме учеше татко ми заклучив два пати и не го извадив клучот, потоа ја заклучив и вратата од салонот. Го оставив ранчето, се пресоблеков и јадев. Потоа седнав на креветот и гледав телевизија. Почна да врни... Дождот се повеќе засилуваше, почна да грми, да сека... страшно... Сеуште се плашам од грмотевици и секање... Го завртив бројот од баба ми и се јавив. Тогаш немаше мобилни телефони. Прашав дали моите се таму и да си дојдат дома... Плачев. Ама и тие не знаеа каде се моите. Ми рече баба да не плачам дека ќе си дојдат и затворивме... На сето тоа невреме дедо ми со велосипедот тргнал кај нас а живеевме далеку. Пред да стаса тој си дојдоа и моите. Им бев лута што ме оставија сама... Дојде и дедо ми... вода течеше од него. Сакав да го гушнам а тој ми рече немој дедо ќе се изводениш...
    сеуште жалам што не го гушнав.... немам веќе прилика да го гушнам и да му кажам колку го сакам... колку ги сакам и него и баба. заминаа прерано... ми недостигаат ;(
     
    На happygirl, dayla, Lolipop23 и 42 други им се допаѓа ова.
  3. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    327
    Имав едно 9-10 години и бевме мајка ми,брат ми ,дедо ми , баба ми и јас излезени да снимаме касета за вујко ми кој живее во странство.Се шетавме низ Охрид и снимавме од време на време.Јас весела ,радосна си се шетав , а баба ми цело време ми викаше лична од баба дај ми рака да не шетам сама.А јас и се противев и и викав немој бе бегај и одев кај дедо ми со помислата дек тој е постар и побрзо ќе почине од баба ми ,па да поминам повеќе време со него.Но што се случи?Баба ми почина после кратко време.Сега ми е многу криво што се однесував така.Да имав барем 5 минути време да и се извинам и кажам колку ја сакам и колку ми не достига.Тоа е ,ум за друг пат.Сега поминувам со сите време.Колку можам. :worried:
     
    На Alisa22, friendy, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Се извинувам доколку ве растажив со оваа тема.Ми се допадна што барем 2 одговоривте бидејќи мислев дека никој нема да напише..Се надевам дека уште некој ќе сподели вакви приказни со нас.Затоа што можеме да научиме нешто и од туѓите искуства и приказни. :)
     
    На Alisa22, maculencence и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Дедо ми живееше со парализа 20 години но во некои денови од денот од лековите си беше скоро нормален ,јас и сестрите го кревавме ,храневме, облекувавме, чувавме, ја менувавме баба ми понекогаш,
    тешко ми беше кога сакаше да ми каже нешто а не можеше тешко се разбиравме...но коменитраше за политика спорт ....
    пред три години два дена после мојот 17 роденден се разболе додека брзата помош ја молевме да дојде- не дојде, јас мислејќи дека е само настинка иако беше лето и дека цедени лимони ќе му помогнат сфаќам дека сум отишла пешки до најдалечнта продавница во маало да барам лимони не сфаќајки дека е сериозна ситуација,стоев до него и му викав дедо смири се , беше многу вознемирен
    на крај го одведовме во болница и неочекувано почина ,комшиите кои ја нашле баба ми во двор како плаче ни заѕвонија на врата и малата сестра ми влезе во детска и едвај ја разбрав даде дедо умре...
    од 7 внуци само јас бев на погребот ,едните не стигнаа од странство навреме др се мали ,а едната моја сестра поради некое верување не присуствуваше...и таму бев сама

    ноќта пред да почине сонував како држам мало дете за рака со слично име како неговото а тоа тоне во базент со вода и се обидувам да го спасам а тоа ме молеше да го пуштам и на крај го пуштив и потона... :(
    ми недостига дедо ми многу ,сакајте си ги бидејки ние сме им најголемо богатство
     
    На Alisa22, eli25, Capricorn96 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Chiwawa1208

    Chiwawa1208 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    51
    Јас сум најмала од трите сестри. Кога едната сестра се породи со првото дете,немав мозност веднаш да ја видам бидејки ги пуштија да влезат само моите и зет ми.После 2 дена,бев во близина на болницата,па свратив.Купив сок и ред друго што се носи во болница со последните пари,дури не ми останаа ни за автобус,но решив да пешачам до дома. Кога дојдов сестрата ме праша за каде сум дојдена и го кажав името,ги зеде кесите од мене и се упати кон собата на сестра ми.По 2 минути се врати и ми рече дека таа не сака да ме види. Само се завртев и се расплакав,заминав...незнам зошто го стори тоаи ме повреди многу.А потоа се однесуваше како ништо да не се случило и не ми објасни зошто не ме прими.Со неа бев многу поблиска отколку со другата бидејки таа е постара од мене само 5 години и делев се со неа,додека другата пак е постара од мене 10 години.Денес внука ми има 4 години,се е супер и сестра ми се однесува нормално меѓитоа сепак се осеќа ладен однос од нејзина страна кон мене,а пак најстарата сега ми ја пружа сета топлина и љубов што ја има во неа и јас и возвракам со иста мера.Но сеуште не ми е јасно зошто мојата средна сестра е ладна кон мене...дали мајчинството ја промени? ....Чувствувам голема празнина затоа што не ми ја пружа љубовта како порано,инаку и двете се во брак долго време.
     
    На Alisa22, 1209, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Разговарај со неа,отвори и се за проблемот.Иако колку сфатив прошле 4 години никогаш не е доцна да се решат проблемите.Можеби има нешто што нејзе и смета или нешто се случило.Мој совет ти е да зборуваш со неа,инаку мајчинството никогаш не прави никоја жена ПОЛОША така да не верувам дека е до тоа.Зборувај со неа,на двете ќе ви биде полесно доколку го решите проблемот.Среќно !!
     
    На eli25 и Chiwawa1208 им се допаѓа ова.
  8. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Од мајка ми не сум се одвоила никогаш. Каде одам јас-таму доаѓа и таа. Кога ќе ме прашаат
    -Ќе дојдеш ли кај нас на летниот распуст?- секогаш велев:
    -А мама ќе дојде ли?

    И дојде ред јас да се запишувам на училиште. Имав околу 5-6 години. Татко ми ме донесе пред училиштето, влезе внатре, мислам дека разговараше нешто на учителката и си отиде.

    Првиот ден помина некако. А секој ден не одевме на училиште, само во вторник и четврток. Наредниот ден тој повторно влезе со мене, а јас не сакав да останам во училиштето. Мислам дека почнав да плачам и да трчам кон вратата. Татко ми застана пред вратата со цел да ме спречи да излезам од училницата, а јас како дете набрзина се протнав низ нозете на татко ми.

    Кога и да се сетам на ова посакувам повторно да се вратам на тие години. Оттогаш, целото прво полугодие во забавиште, не поминуваше ден-а јас да не почнам да плачам за нешто. А мислам дека ја барав мајка ми. И не знам каква беше мојата учителка, па издржа едно полугодие со моите „песни“.

    P. S forever.young1 мислам дека темава е одлична!
     
    На Alisa22, Annath, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    :) Никогаш нема да заборавам , имав околу 5-6 години. Порано финансиската состојба не ни беше како сега, во тоа време немавме ни половина од тоа што денес успеале моите да го стекнат, тогаш правевме куќа и се штедеше на се.

    Беше сабота , братми и сестрами беа дома, не беа научилиште и сеуште спиеа. Јас го испраќав таткоми на работа до едно мало продавниче. Кога стигнавме таткоми ви вика сакаш да ти купам нешто? и јас викам сакам лижавче! и тој ми вика ајде земи едно и јади го по пат, ти си најмалечка, немам доволно пари за тројцата да ви купам, нив утре ќе им купам. Се сеќавам тие тогаш беа од поскапите лижавчина и беа тогаш 30 денари едно, големо и шарено. Ми купи таткоми и замина. Седев едно 3-4 мин пред продавница и чекав таткоми да замине. Во моојот џеб имаше уште 20 денари што дедоми ми ги имаше дадено и кога таткоми веќе не се гледаше влегов и зедов уште едно такво лижавче, ветив дека ќе донесам уште 10 денари.

    И се враќам накај дома со две лижавчина во рака и братми и сестрами беа разбудени, тогаш сите тројца спиевме во една соба. Им викам видете какви лижавчина, земете !
    И тие ми викаат а за тебе??
    Јас пак така викам ехееее јас по пат го изедов моето!
    Тоа е нешто по што го памтам тој дел од мојот живот, паметам дека никогаш не пробав од таквите лижавчина , нз зошто, и ни за момент не се покајав што им ги дадов нив тие лижавчина, уф лиги ми течеа додека викаа леле колку се убави...
     
    На Melinda85, Lolipop23, Alisa22 и 36 други им се допаѓа ова.
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала не бевме во многу добра финансиска состојба но имавме колку-толку пари.
    Јас како мала секогаш сакав да имам убави барбики но не ми купуваа многу често.
    Еден ден излеговме со мајка ми, отидовме во една книжара. Таму имаше една многу убава барбика, таа беше 100 денари. Јас многу сакав мајка ми да ми ја купе но таа цело време велеше дека нема многу пари во неа, ми кажа дека тоа и се последните 100 денари но новчаник. Јас многу се натажив, но сфатив дека не сме во состојба и и кажав на мајка ми дека кога ќе има пари ќе ми ја купе. Таа се нажали и ми ја купи барбиката со последните пари, јас се израдував, исто така и таа... од мојата насмевка и таа беше среќна. Ми кажа дека дома на татко ми да кажеме дека барбиката е 50 денари, така и кажав. Татко ми не ни се налути за барбиката и уште не разбрав зошто мајка ми ми кажа така да кажам.
     
    На Lolipop23, eli25, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    САМО ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА ОВАА ПРИКАЗНА НЕ Е ОД МОЈОТ ЖИВОТ ТУКУ ЈА НАЈДОВ НА ЕДЕН ФОРУМ И ТОЛКУ МНОГУ МЕ ТРОГНА ШТО МИСЛАМ ДЕКА ВРЕДИ ДА ЈА СПОДЕЛАМ И СО ВАС..
    Се сеќавам на едно патување во Сан Франциско пред 2 години. Се качив во такси и заминав да го видам мостот додека мојата сестра беше на прес конференција.
    Стоев таму 2 часа гледајќи надолу, во водата, исто како и многуте туристи што беа дојдени да го посетат мостот.
    Една девојка застана до мене и ме праша „Се надевам дека нема да скокнеш долу. Така?“. Јас само и се насмевнав и и реков дека нема да го направам тоа.
    И кажав дека сум само турист. Тогаш таа рече „Многу ме потсеќаш на мојата сестра. Се извинувам, несакам да се чувствуваш неугодно поради мене.
    Но, може ли да те прегрнам? Толку многу личиш на неа...“ Најпрво се почувствував чудно, но подоцна сфатив. „Твојата сестра...Скокна ли?“
    Тогаш одеднаш девојката почна да плаче, и јас ја прегрнав, и без да размислувам многу и се извинив затоа што незнаев што да речам.
    И таа одеднаш прошепоти „Тоа беа последните зборови што таа ми ги кажа...“
     
    На Capricorn96, vitamina, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки! Приказниве ме допреа во срцево. Длабоко,во секоја од приказниве се крие некоја љубов,болка итн. И секоја од нив е реална.За сето тоа што се случува денес и што се случувало некогаш.
     
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не е приказна можеби, ама најмногу што ќе паметам се топлите лебчиња со маргарин кои ми ги правеше баба ми мене и на братучедите од чичко ми. Сега сум доволно возрасна но секогаш кога јадам маргарин се потсетувам на тоа како баба ми секое утро ни печеше во рерна лепчиња и ни мачкаше со љубов, ете толку години поминаа не сум си направила од лепчињата на баба ми, толку ми фалат тие лепчиња, толку ми фали и баба ми ;( ;(
     
    На Ketchup, eli25, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Имав 9 години. Таа ноќ беше необично ладна. Се враќав од продавница, а кучето беше со мене. Скокаше на мене, ја туркаше кесата од моите раце, како да сакаше да оставам се и да играм со него. Јас му викав да биде мирен, зошто беше ладно и сакав што побрзо да стигнам дома.
    Кога во еден момент се смири, го насочи погледот кон моите очи. Ме погледна како никогаш до сега. Со тага.. Стоеше и ме гледаше. Мислев дека е лут зошто не играм со него, и тргнав а тој продолжи да ме следи.Му дадов леб. Не го ни погледна. Го погалив и влегов дома. Ставив пижами и си легнав.
    Другиот ден излегов да го нахранам. Не беше тука. Не дојде цел ден.Ниту другиот ден. Повеќе не се врати..
    Сфатив.. Веќе не беше присутен овде на овој свет. А што е најболно, тој знаеше и се обидуваше да ме предупреди.Сакаше последен пат да играме заедно. Како порано,кога се бркавме низ снегот. А јас не сфатив. Да знаев, никогаш немаше да го оставам. Ако требаше цела ноќ ќе седев со него..
    Тој ми остана последно милениче.Не чував друго куче после него. Зошто него не го купив, не го одбрав, не го зедов јас. Тоа само не пронајде, и остана да живее со нас.
    Тоа е несебична љубов.. ;(
     
    На happygirl, CrazyGirl15, Lolipop23 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ми се случија за брзо време неколку здрастени проблеми и мораше да се излечи со операција. За жал таа година отидов на 4 оперцаија , тоа за мене беше премногу а за моите уште повеке. Но јас со нивната љубов и љубовта на дечкоми издржав се , на моето лице секогаш имаше насмевка за да ја покријам болката не сакајки да ја гледам нивната болка бидејки тоа повеке ме болеше. Но тие неможеа да сокријат знаејки ме мене тие знае дека јас умирам од болка но се трудам со секоја сила моја сила да се насмевнам и да покажам дека не ме боли. Кога мислеа дека спијам , што мораше да спијав заедно со нив бидејки мораше да бидам под 24часовен надзор поради компликации јас ги слушав како едвај имаа сила да преборат и како им е тешко што така ме гледаат.
    На последната операција кога се вратив дома таткоми ме погледна а јас целата така слаба, изнемоштена мислиш неспособна ни да дишам само ми рече ДО КОГА БЕ НАНА ?? До кога вака ке се мачиш , и нас ке не зимачуваш, ? Не можеме повеке да гледаме вака срцето ни се кине, што ти се случува дете ? ТОА БЕШЕ ПРВ ПАТ ДА ГО ВИДАМ ТАТКОМИ ДА ЗАПЛАЧЧЕ
    во моментот заборавив што ме боле и од кај додјдов единствената болка ми беше во градите и во душата ме болеа зборовите на таткоми и мајками што толку многу ги болеше мојата болка неможев да издржам и отидов демек до веце така полека кога ја слушнам мајками од собата како му вели : Но и ти ништо не знаеш, јас знам како е да се чека пред операциона сала со часови и никој ништо збор да не кажува, и да ја видам кога ја носат на количка така безпомошна и во безосзнае ТОА Е ШТО НАЈМНОГУ БОЛИ.Животот ми се скрати чекајки и плачејки пред овие врат....

    Никогаш нема да им возрвратам со лошо на моите родители НИКОГАШ
     
    На Alisa22, eli25, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Nana19 само ти оздрави и биди си во ред, се друго ќе се заборави. Секоја мака ќе помине.
     
    На forever.young1 и Nana19 им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    ДА тоа е нај важно ти благодарам но веке мислам дека се е во ред уште некои ситници и другото се е во ред :inlove: ти благодарам
     
    На cooll, forever.young1 и Elissa им се допаѓа ова.
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Еднаш ми се случи нешто убаво,ама тој дечкото е можеби 10 години постар од мене,и плус сега се ожена и има деца. :@
     
    На forever.young1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    50
    Бев мала 6-7 години земавме кученце бебе беше сеуште ја крстивме маза :) си го чувавме неколку години но многу ретко бевме дома јас на училиште мајками на работа. Еден викенд ја повикував да си играме но не дојде другиот ден дојде но како да не беше расположена тешко одеше и спиеше скоро цело време. Следниот ден од устата почна да и излегува пена :worried: кога се оправи малку отиде некаде и повеќе не се врати ја најдовме мртва на улица некој од комшиите и дале отров :@ до ден денес неможам да ја прежалам ми беше првото и последно милениче ;(
     
    На forever.young1 и toogood им се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Беше да работи во странство. Знаев дека нема да ми ја каже точната дата на враќање. Знаев дека ќе ме изненади. Рече: ќе си дојдам на 2ри. На 31ви попладнето имав некое чудно чувство во стомакот. Во 10 часот попладне заѕвона некој на вратата. Знаев дека е тој уште пред да отворам. Цела ноќ ми раскажуваше што се случувало таму. Наредниот ден се разболи. Имаше температура. Цела ноќ се грижев за него. Го масирав со викс за да му падне темперстурата, му зготвив супа, му направив чај. Го гушкав цела ноќ онака како што тој најмногу сака. По 2 дена се разболив и јас. Ме префати грипот. Ми беше многу лошо па ме однесе на болница. Ми ставија инфузија. Очите ми паѓаа за спиење но ми беше толку лошо што не можев да заспијам. Тој седеше на столче до мојот кревет, ме држеше за рака. Некако сум заспала. Незнам колку време спиев, можеби било само час време, можеби само 10-15 минути, но кога ги отворив очите тој сеуште седеше покрај креветот. Сеуште ми ја држеже раката и со грижливи очи ме гледаше, ме гледал цело време додека сум спиела. Ме чувал. Ме сакал. Душата ми се разнежни кога ги видов неговите очи грижливо вперени во мене, срцето ми се стопи и мислам дека за неколку моменти грипот го снема. Го прашав што правел цело време сам додека јас сум спиела. Ми рече дека седел и ме гледал. Не ми рече дека ме сака, не ми вети ништо, не кажа ништо, ама знаев дека ме сака. Знаев, ја чувстував неговата љубов и никој не би можел да ме убеди дека тој тогаш не ме сакаше. Дури ни самиот тој ако го кажеше тоа, немаше да му верувам. Но, луѓето се менувале со тек на време, а со нив и нивните чувства. Се би дала повторно да ме погледне со тие очи полни со љубов и грижливост како тогаш. Проклето многу ми фали и боли до срж.
     
    На carangigia, Lolipop23, Alisa22 и 11 други им се допаѓа ова.