1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказни за најмалите

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Оваа тема нека биде исполента со приказни за малите.Со тоа некој ќе ја прочита,и потоа ќе може да ја прераскаже на своето малечко.....

    Крал Волкашин и Марко Крале

    Кога му се родило првото дете на Крал Волкашин, тој од мерак, детето уште не задоено, го избањале, го повиле и го пратил в црква да го крстат. Кога се вратиле од црква ги прашал:
    - Го крстивте детето?
    - Го крстивме.
    - Какво име му дадовте?
    - Тој ќе се вика Марко Крале.
    Волкашин, од мерак дека му дале такво име на детето, поканил гости на треќа вечер да дојдат на вечера во неговата кралштина. Дошле гостите, вечерале и легнале да спијат. Арно ама, кралот Волкашин сакал да чуе каков к’смет ќе му наречат наречниците на детето и се сместил во едно ќоше, божем спие. Дошле наречниците во глуво доба и едната рекла:
    - Е каков к’смет да му наречиме на детево?
    Па другата рекла
    - Да му наречиме некој голем к’смет, кралско дете е.
    Третата рекла
    - Голем к’смет: да биде јунак, поголем јунак од него да нема. Кога ќе порасне, кога ќе стане момче на осумнаесет години, на татка си да му ги искрши коските.
    Кога чул што му нарекле наречниците кралот Волкашин се налутил:
    - Ај мајката, тој мене да ми ги искрши коските?
    Зел сабалјето една кошница, го ставил Крале Марко во неа и го фрлил во Вардар.
    - Ајде ти што ќе ми ги скршиш коските, крши глава!
    Ја фрлил кошницата. Но џабе, тоа што ти е пишано, не се брише.
    Си чувал некој овчар, овци покрај Вардар, кога гледа во водата плива кошница, а во кошницата плаче дете. Полека, полека, влегол во Вардар, ја фатил кошницата, кога гледа во неа машко дете. Го извадил и го однел дома кај жена му. Го чувале седум, осум, десет години. Убаво го гледале, но не знаеле дека на детето му е наречено да биде јунак. Излегло детето на улица да си игра со децата, фатило едно дете го лупнало од земја, фатило друго, го лупнало од земја...ги испотепало децата. Фатиле да се жалат селаните:
    - А бре, рекле, од кај го најде овој ѓавол, ни ги испотепа децата? Барај му чаре!
    И што да прави овчарот, имал неколку телиња, ги присобрал и селските телиња и го пратил детето во планина да ги паси. Ги пасел некоја година, додека наполнил тринаесет години, ама телињата фатиле да му бегаат наваму, натаму. Тој зел со стапот, едно натаму, друго натаму, ги испотепал телињата. Кога се вратил, очувот му вика:
    - Кај се телињата?
    - Ене ги лежат таму.
    Кога отишол, што ќе види, сите телиња истепани.
    - А бре ѓавол еден, кај те најдов јас тебе, толку беља ми донесе. Кај моите, па сега и селските телиња да ги плаќам. Крши глава, кај ти очи таму ти глава, да не те видам овде!
    И тој избегал. Излегол и отишол таму некаде, кај некоја река, па тепал шатки и така живеел и се хранел.
    Арно ама некој ден, некој човек правел свадба. Си поканил сватови, си поканил кум, старосват, ама девер неможел да најде. Тешко се најдувало девер тогаш, од планините иделе ајдуци, арамии. Сите сватови ќе се разбегале, ама деверот имал заклетва да мора жив, мртов, да седи покрај невестата.
    Се собрале сватови и за кум го поканиле кралот Волкашин. Бидејќи не можеле да најдат девер кумата рекла:
    - Тргнете, одете си вие, првиот среќник што ќе го сретнете по пат, него да го земите за девер.
    Поминале сватовите кај што седел Марко и го зеле него за девер. Го зеле, го седнале до невестата, кога излегла некоја Арапина, од некоја планина. Кога го виделе тоа сватовите ги исфрлиле даровите и избегале. Останале само деверот и невестата. Арапинот отишол кај деверот и му рекол:
    - Дај ми го дарот и бегај оттука, зошто ќе загинеш млад и зелен!
    - Е, јас немам никаков дар, дар мене ми ја дадоа невестата да ја чувам. Ти ако сакаш, ајде да се биеме, глава овде оставам, ама невестата не ја оставам.
    И така Марко го убил, го превртил Арапинот и му ја пресекол главата. Ја зел и ја однесол кај сватовите што правеле свадба. Кога оди таму, во дворот, се собрале сватови, јадат, пијат, за Бог да ги прости невестата и деверот. Кога го чул тоа Марко, ја зел Арапската глава и им се качил на масата кај што седеле. Сватовите се уплашиле и сакале да побегнат, ама тој им рекол:
    - Ќутете и седете, оти на сите ќе ви ја исечам главата како на Арапинот што му ја исеков.
    Седнале така сите, ја зел тој главата од Арапот и ја ставил пред кумот. Кумот бил татко му, ама од кај ќе го познај.
    - Абре, ти каков кум си? Остај ја невестата и бегај, а?
    И туку го удрил со боздоганот татко му в гради, му ги искршил сите коски. Кралот Волкашин го гледал, гледал, гледал и рекол:
    - Абре дете, ти од кого си, кое колено си, кој ти е татко, која ти е мајка?
    - Не знам за татко, а мајка ми е Вардар.
    Кралот Волкашин се сетил дека пред осумнаесет години го фрлил детето во Вардар, се сетил на зборовите од наречниците дека син му ќе му ги искрши коските, станал, го прегрнал и го бакнал сина си:
    - Е море дете, знаеш ли од кого си? Мој син си!
    Марко Крале се поклонил, му бакнал рака на татка си и клекнал на колена:
    - Прости ми татко!
    - Е, рече кралот, простено нека ти е, јас тоа го чув уште треќата вечер, дека ќе ми ги скршиш коските, и затоа те фрлив во Вардар.
    Потоа сите среќно си живееле.
     
    На Glorija.baby и Angelinkka им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Една од поубавите и омилени приказни од моето детство е приказната за девојчето со кибритчиња. :) Убава можност да се потсетам на неа.

    Ужасно студено беше надвор, снегот паѓаше без престан во глувата ноќ.
    А беше Нова година. Низ пустите и студени улици осамено, скиташе сиромашно девојче. Босоного и без шапка на главата. Кога излезе од дома имаше на себе некакви папучки, но тие не беа нејзини. Едноставно беа преголеми за нејзините мали, нежни нозе и ги загуби некаде по пат во длабокиот снег.
    Продолжи боса по снегот, а стапалата веќе и беа помодрени од мразот кој беше секаде наоколу. Во рацете носеше сноп кибритчиња, но денес не продаде ни едно единствено кибритче.
    Сиротото девојче се тресеше од студот, гладна и премрзната.
    Снегулките паѓаа врз нејзината прекрасна долга коса. Русите плетенки и го обвиткуваа вратот, но таа никогаш и не помислување на нив. Од сите прозорци излегуваше светлината на свеќите, а наоколу се ширеше прекрасниот мирис на печени гуски и мисирки. Таа знаеше, вечерва е Нова година.
    Се склупчи во аголот кој го формираа ѕидовите на две соседни куќи. Ги допре своите мали, боси стапала едно до друго во надеж дека барем малку ќе ги стопли во таа смрзнувачка ноќ. Студот и навлегуваше во коските.
    Да си оди ли дома? Без продадено кибритче?
    Не!!!
    Нема да оди. И дома е исто така студено и темно. Татко и сигурно повторно ќе ја тепа бидејќи денес, не продаде ни едно кибритче и не донесе ни една паричка дома.
    Прстите и беа премрзнати и вкочанети. Едно кибритче сигурно ќе ме затопли си помисли. Само кога би смеела да запалам барем едно кибритче. Само кога би имала малку смелост да го сторам тоа. Студенилото ја совладуваше.
    Извлече едно дрвце и го запали.
    Светлиот пламен блесна во аголот. Беше тоа прекрасен пламен. Русокосата душичка ги пружи премрзнатите ноџиња кон огнот, но тој изгасна. Го снема. Повторно завладеа мракот и студенилото наоколу.
    Извди уште едно кибритче.
    Овој пат блесокот ја одведе на голема убава маса со бел чаршав. Масата беше спремна за новогодишната вечера. Пред неа беше прекрасниот порцелански сервис. Мисирката беше на средина на масата, украсена со јаболка и сливи. Токму кога посака да ја вкуси, пламенот повторно исчезна.
    Кутрото девојче, толку беше блиску, но сето тоа го снема.
    Одново запали кибритче. Сега седеше до новогодишната елка, која блескаше во светлината на илјадниците свеќички на неа. Светлоста одеше нагоре, нагоре високо се дури до небото. Погледна во висината и ги виде ѕвездите на небото. Виде како падна ѕвезда.
    „Некој штотуку умре“ помисли девојчето. Се сети на нејзината баба.
    Единствената личност која неизмерно и искрено ја сакаше. Но, таа повеќе не е тука. Таа замина, онака како што и раскажуваше за ѕвездите коиж паѓаат. Нејзината баба е сега таму Горе, кај Севишниот.
    Против својата воља запали ново кибритче. Овој пат нејзината баба беше пред неа. Јасно ја виде во темнината. Го почувствува нејзиниот топол и мил допир.
    „Бабо, најсакана моја“ викна низ солзи малата душичка.
    „Земи ме со тебе. Знам дека ќе заминеш заедно со пламенот на ова дрвце, како што замина и каминот и мисирката, и елката затоа земи ме со тебе.“
    Го запали целото преостанато купче кибритчиња, за да се осигура дека баба и нема да ја напушти. Огнот беше прекрасен, толку силен и толку светол, посветол од било кое пладне што го имаше видено. Ја почувствува топлината и го виде прекрасниот лик на баба си. Баба и ја зеде во своите раце. Русокосото ангелче се најде во нејзината прегратка. Двете среќни заминаа Горе. Горе онаму каде никогаш нема студ, каде нема глад, каде нема немир, онаму каде што е Тој.
    Изутрината околу аголот беа собрани неколкумина случајни минувачи. Го гледаа премрзнато девојче навалено на ѕидот. Нејзините образи се уште беа розеви, а насмевката го покриваше нејзиното невино лице.
    „Сакала само да се згрее“ тивко зборуваа луѓето. Никој од нив не ни помислуваше колку прекрасни работи малечкото ангелче виде таа ноќ. Никој од нив не можеше ни во сон да ја замисли убавината каде таа и нејзината баба влегоа понесени од радоста која ја донесе за нив таа новогодишна ноќ.
     
  3. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа оваа приказна.. :) за овчарот и трите самовили Ч)

    Овчарот и трите самовили

    „Ах, како не сум поблизу, си велел сам себе, до рекана, за да грабнам една од оние убави девојки, да си ја земам за невеста".
    Се докапале девојките и се облекле и си фатиле напреку, та му се изгубиле од пред очите на овчарот.
    Утрото рано, уште од ноќ ги дотерал овците овчарот пак таму и тој се затскрил во некои шумари, за да ги гледа трите девојки кога ќе се капат.

    Едно болснало сонцето, и еве ти ги трите девојки пак дојдоа да се капат.
    Никако не му фаќаше есапот на овчарот за да граба некоја, чунки баеги беше скраја од нив.
    И тоа утро овчарот не могол да добие една од тие девојки.
    Треќиот ден пак беше се скрил овчарот во една шумка најближна до реката, да ги чека девојките.
    Откога болсна сонцето, ете ти ги кај си идат усмевнати и весели, како некои јасни ѕвезди, и беше си ги слекле кошулите и влегле в река да се капат.

    Туку седи овчарот и мисли како да кладе една од девојките в рака.
    Никако есапот не му фати, отколку да им ги грабне кошулите и да ги остави голи, и од тоа нешто може да кладе в рака една, ако дојдат до нe¬ro да му ги сакаат кошулите.
    Преесапувајќи го овчарот тој есап, му го фати умот, и едно трчање се стрчал и им ги грабнал кошулите.
    Кога видоа девојките, на чудо станаа и сред река застанале и фатиле да му се молат на овчарог да им ги даде кошулите, да големо добро ќе му стореле.

    Kогa видел овчарот оти му се молат девојките, се уверувал оти ќе добие некоја од нив и им рекол:
    „Ви ги давам кошулите, девојки, ама ако ме земете една од вас за маж, икаку нема да ви ги дадам кошулите и да знаете, ќе запалам еден огон и ќе ви ги изгорам и одете си голи дома".
    „Арно, бре момче, сакаш една од нас, му рекле, туку треба да знаеш оти ние сме три сестри, три самовили, да од тоа треба да не земаш од нас невеста, за да не ти се смеат светот дека ќе водиш невеста самовила".

    „He самовили оти сте, ами самодиви да сте, и пак една од вас сакам, да така кошулите да ви ги дадам".
    Кога го чуја тој збор самовилите се уверија оти нема да им ги даде кошулите, ако не го земе една од нив.
    „Е Лели е така, момче, која сакаш од нас една земи си ја, и дај ни ги кошулите, за да си ојме дома, оти многу далеку седиме".

    Кога го чу овчарот тој збор од самовилите, ја посакал помалата, и му ја дале и го викнале настрана двете сестри, та му рекле на овчарот нејзе да не и ја дава кошулата, оти во неа и е силата и ќе му побегне ако јa облече, ами друга кошула да и даде да си носи.

    Го клал во умот тоа нешто овчарот и им ги дал двете кошули на двете самовили и си летнале тие да си одат дома, а малата си отиде со овчарот дома вечерта, и си ја промени овчарот со свои невестински алишта, та си ја венчал и се сторил со невеста самовила од сите невести полична.
    Живеале овчарот со самовилата близу една година, и дошло ред ќе оделе на свадба кај некој род на овчарот.

    На свадбата се фатиле сите невести што биле таму да играат оро, само од овчарот самовилата не се фатила.
    На сите невести им било мило да се фати и самовилата да игра, арно, ама таа не се фаќала да игра, чунки ја немала својата самовилска кошула.

    My се товариле на овчарот да и ја даде кошулата самовилска, само за да видат како игра самовилата.
    Од многуто товарење на селските невести што му се товараа на овчарот, беше се прекаилил и отишол дома, та ја зел кошулата откај што била скриена и ја донесол на свадба.
    Пред да и ја даде кошулата, овчарот ги затворил сите ѕирки и проѕирки, и после и ја дал кошулата и ја облекла.

    Кога се фатила на танец самовилата и кога тргнала да игра оро самовилско, на чудо беше станало мало и големо што беа на свадба, кога го видоа орото од самовилата.
    На доигрување самовилата дошла пред мажа си и го фатила за рака и
    „седи со здравје, домаќине!" му рекла и си летнала низ баџа.
    Кога виде овчарот оти му побегна невестата, свикал по неа и ја прашал:
    „Невесто, невесто, оти ме зеде на душа и ми бегаш низ таа пуста баџа што ја оставив отворена?
    Те молам, убава невесто, кажи ми кај да те барам, да уште еднаш да те видам?"
    „Да ме бараш, домаќине, му, рекла од баџа, во село Кушкундалево и тамо ќе ме видиш". Така му рекла на мажа си од баџа и си летнала по облаци.

    По некој ден овчарот се спремил на долг пат да патува и да го бара селото Кушкундалево. Тргнал по села и градови и прашал за селото Кушкундалево каде е.
    Секој што го чул овчарот за името од селото се чудел на такво име и никој не знаел да му каже.
    Откога ги извртел сите села и градови, тргнал да оди по планини и по пустелии, за како од како да најде такво село.

    Одејќи низ планина, еве ти еден старец, кај стоел потпрен до една бука, со една патеричка в рака.
    „Кај талкаш, бре момче, го прашал стариот овчарот, во оваа пустелија, кај што петел не пее и кај што човек не стапил?"
    „Маката ме тера, дедо, да одам по овие пустелии, му рекол овчарот; ќе те молам, дедо, нешто ако знаеш да ми кажеш едно село што го викаат Кушкундалево, да не би се наоѓа во оваа пустелија?"
    „Такво село, момче, јас не сум чул да има во оваа страна, еве јас кај живеам овде двесте години.
    Ама зошто го бараш, бре момче, тоа село?" му рекол.
    „Пред една година време ги пасев овците крај една река и видов во реката кај се капат три девојки, и на треќото утро им ги грабнав кошулите и за да им ги дадам кошулите ја зедов најмладата за невеста, арно ама тие беа биле самовили, и ми рекоа двете сестри да не и ја давам кошулата, оти ќе ми побегне со неа, чунки ве кошулата им била силата.
    И јас, дедо, тоа нешто го поверував и ја држав кошулата скриена до некни и за атар да не им скршам на селските невести и ја дадов да ја облече и оро да поигра на свадбата кај што бевме.

    Сите врати ги затворив ѓоа да не избега, арно ама ја заборавив пустата баџа да ја затворам, и на доигрување си летна низ баџа, и прашувајќи кај да ја барам, таа ми:
    рече да ја барам во селото Кушкундалево.
    Ете тој ми е алот, дедо, ако знаеш нешто, кажи ми".
    „За името на тоа село, момче, јас не го знам, иља ќе појдеш уште еден месец пат и ќе најдеш еден друг старец како мене, и ќе го поздравиш од мене, чунки тој е постар од мене, околу триста години.
    Тој е цар на сите планински ѕверови и тој може да ти каже за селото",
    му рекол стариот и го испратил.

    Откога патувал овчарот уште еден месец, еве ти нашол друг стар кај си седел до некој извор и се поздравил, та му го кажал сето со ред како што му кажал на брата му.
    „Поседи, момче, му рекол стариот, дури да ги соберам сите ѕверови и да ги прашам сите за името од селото што го бараш ти".
    Пратил абери стариот по сите ѕверови да дојдат, и сите беа дошле за малце време и сите застанале пред стариот.
    „Слушајте вие, арслани, и вие, мечки, и вие волци, и вие лисици, и сите ѕверови, што нешто ќе ве прашам:
    Вие одите близу крај села и градови, дали сте чуле едно име на едно село да се вика Кушкундалево, али не сте чуле?"
    „He сме чуле, честити царе, не сме чуле такво име",
    му одговориле сите ѕверови со еден глас.
    „Ете, момче, како немало такво име на село што го бараш ти.
    Ако не те мрзи, момче, оди уште колку еден месец пат и тамо ќе го најдеш постариот брат, тој е цар на сите пилци што летаат по облаци и може тие да го чуле тоа село што го бараш ти".

    Тргналј овчарот да оди и на месецот го нашол треќиот, цар на пилците.
    Откога сторил здраво-живо, му донеоол од браќа му здраво и живо и му го кажал алот од аз до ижица.
    На часот стариот пратил абери по сите орли и врани и сите други пилци, да дојдат кај него.
    Во дваесет и четири саати, до што било пиле сите се собрале пред царот и чекале да ги праша нешто или да им заповеда.
    „Слушајте вамо, вие, орли, гарвани и вие ситни пилци, дали чул некој од ваc едно село да го викаат Кушкундалево?" ги прашал царот.
    „He сме чуле, честити царе, му рекле, такво име досега".
    „Е треба да нема, момче, такво име, сите не чуле, сиви орли и другите пилци, еве јас остарев три-четиристотини години и не сум чул такво име на село", му рекол стариот.

    На тие зборови еве ти една крива страчка кај идела кај царот.
    Едно ја видел царот и ја прашал:
    „Што си се забавила, мори страчко, олку?
    Од сите ти најпосле кај идеш при мене".
    „Се забавив, честити царе, едно дека сум крива и друго дека седам многу далеку дури до селото Кушкундалево, кај што живеат самовилите.
    Кога ми дојде абер од тебе, честити царе, за да идам вамо, јас бев впрегната да вршам смил и вршејќи ме удри една клета самовила по нога, та од таа болештина не можев да летам брзо, за да дојдам навреме", му рекла страчката на царот.
    „Еј, момче, али ја чу страчката што кажа, му рекол стариот, ете таа била од тоа село што го бараш ти.
    Ај зготви се, ако сакаш оди со страчката.
    А ќе ти дадам и еден орел да го јаваш и да те однесе дури во Кушкундалево".
     
  4. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    „Ако ми го сториш тоа добро, честити царе, му рекол овчарот, нема никогаш да ти го заборавам".
    На часот стариот му заповедал на еден од најголемите орли да го однесат овчарот во селото Кушкундалево.
    Страчката напред, орелот по неа, отишле во селото во раното, и близу до селото слегол од орелот и во првата куќа што влегол, да праша кај седат трите сестри самовили, за касмет се погоди истата куќа.
    Едно влегол во дворот, беа го виделе двете сестри и беа го ужалиле.
    „Леле, леле сиромашкиот зет.
    Се скинал одејќи и прашувајќи дури дошол довде, си рекле сами со себе, за да ја бара неверната си жена, си рекле двете сестри.
    На олку мака што се мачел зетов, сестро, треба да му ја врземе на седлото и да си ја однесе дома сестра ни".

    Излегле надвор двете сестри и го пречекале јако зетот.
    Го испрашале како и ја дал кошулата, што му побегнала, им искажал тој се со ред како дошол дотука и им се молел да му ја дадат невестата.
    „He бој се, зету, му рекле и ние тоа есапиме и сега ќе ја врземе за едно седло што лета и ти ќе се качиш со нe¬гo и ќе бегаш со голема сила за да ги пребегаш оние три планини и оттука таму гајле да не береш.
    Сега ела в куќа за да ја врземе за седлото дури спие, и ти да се качиш и бегајќи таа ќе се разбуди и ќе писне што да може, за да ја чуе коњот нејзин, и ќе дотрча коњот да ја куртулиса, арно ама, ако те најде избеган преку трите планиње, нема што да ти чини, а ако те најде коњот пред трите планиње, парчиња ќе те направи и ќе ја земе невестата ти.

    Кога ги чул тие зборови од самовилите, се качил на седлото со неа врзана, и го дигнаа седлото ветриштата.
    Едно ги преминале трите планиње, се разбудила самовилата и спискала по коњот.
    Едно чул коњот и летнал да го втаса овчарот.
    Едно дошол до трите планиње и дотука му беше силата и се вратил назад.
    И овчарот си отишол дома пак со самовилата невеста и на часот беше и ја изгорел кошулата в огон, за да си биде раат и си останал да си живее со невестата Самовила.
    Си народиле неколку девојчиња лични и прелични.
    Ете од тие девојчиња биле најличните жени на веков, до ден денеска.