Природен начин на лечење на анксиозноста

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Askopje, 21 јануари 2018.

  1. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Кратка ќе бидам во воведот,дали некој има пробано природни методи за излекување/подобрување на анксиозноста?
     
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    А,што се подразбира под тоа природни методи за излекување/подобрување на анксиозноста?Јас користам Бедоксин/Витамин Б6 апчиња коишто некогаш по две ги пијам одеднаш по потреба исто и апчиња Belmiran Dan коишто исто така ги пијам по потреба и коишто исто како и Persen и Persen forte коишто порано ги имаше во аптеките,а сега ги нема повеќе се на природна база на валеријана,а некогаш пијам и чај од камилица од филтер ќесички.Ако ова се смета за некои природни методи,тогаш јас тие ги користам.
     
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.624
    Допаѓања:
    99.977
    Пол:
    Женски
    Читање книги за самоконтрола, медитација, религија, молитва...
     
    На gjoker4e, GirlLove, Askopje и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    3.900
    Пол:
    Женски
    Не знам дали конкретно на некакви апчиња на природна база мислиш, ама ќе ти препорачам некои работи што мене ми помогнале и сите се природни.
    1. Вежбање и физичка активност
    2. Топла купка со пена, свеќи и винце
    3. Танцување дома, кога никој не ме гледа, со убава летна музика
    4. Масажа
    5. Дозволи си некое задоволство еднаш неделно, не мора да биде нешто којзнае колку скапо (јас неделава си купив мастики орбит од 50 денари со вкус на цитрон и ме усреќија, не знам зошто. Вака глупаво звучи, ама отсекогаш сакав да ги пробам и може затоа)
    6. Ако сакаш уметност, купи си боенка за возрасни, смирува ептен
    7. Пушти си смешни клипчиња на јутуб, некоја добра комедија, земај грицки и уживај
    8. Направи нешто што ќе ти ја подигне самодовербата (нашминкај се, дотерај се, испробај некоја маска за лице, нова фризура)
    9. Не знам дали си верник, ама темјанот многу смирува. Мене лично и молитва ми помага, и самото одење во црква било да сум на служба, или седам внатре во тишина.

    Сето ова го комбинирам со апчиња антистрес магнезиум и б6, чај или капки од валеријана и една свеќа имам миризлива, релакс ароматерапи - така мислам се викаше.
     
    На GirlLove, Askopje, Miss.N и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Wildlover

    Wildlover Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте кирилично
    Pa bedoksin i magnezium ii povekje aktivnosti izvrshuvaj naprimer ja gotvam chitam ili ja polnam kadata i si uzhivam
     
    На Askopje, joy1, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Повеќе активности кои бараат трошење енергија (трчање, пливање, возење велосипед, планинарење...) е сега ако додаток на анксиозноста е и депресија и немање волја за ништо тогаш дефинитивно сама по себе анксиозноста не се лекува.
     
    На Askopje и zuto им се допаѓа ова.
  7. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека „лекот“ за анксиозност, депресија и сл. е во нас самите а не во апчиња.
    Сите ние имаме периоди кога сме тажни, нерасположени, депресивни, немаме воља за ништо...ама ако сами не направиме нешто за тоа , ни Б6 ниту пак било кој лек нема да помогне. Кога пиеме апчиња навикнати сме дека откако ќе го испиеме апчето ќе ни помине, затоа и можеби луѓето се залажуваат дека некакви лекови ќе им помогнат да излезат од таа состојба и да се чувствуваат подобро.
    За почеток јас мислам дека би помогнала медитација и книги за самодоверба . Меѓутоа потребни се повеќе активности како што кажа @I I . Секој треба да си најде едно или повеќе хобија кои го исполнуваат и со што ќе ја трошат својата енергија.
    Силата е во нас, сами треба да си најдеме некаква инспирација а таа е секаде околу нас.
    Како што рече @MynameisHelen, прави работи кои те прават среќна. Некогаш обични ситници знаат да не расположат.
     
    На poenta, Askopje, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Фала ти, може да споделиш која молитва ја читаш и колку пати,како.

    Мене ми беа препишани таблети мегутоа кога почнав да истражувам на интернет одлучив да не ги пијам.
    Многу луге се на таблети меѓутоа ни еден не е излечен некои дури и со години ги пијат. Мене ова многу ме зачуди и решив да пробам со психолог и молитва, религија и да сменам некои дневни и животни навики.
    Знам и дека Владимир од ДНК исто со cognitive therapy се лечи и религија.Исто го слушав и спрскиот доктор по природна медицина Никола Маркович ,епизода 18 може да побарате на youtube , и баш ме замисли. Инаку јас немам психички симптоми толку колку физички како играње на срцето ,палпитации и вртоглавици кои ги имам од време на време, но не секој ден.
     
  9. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    3.900
    Пол:
    Женски
    @Askopje

    https://pravoslavie.mk/molitva-za-izbavuvane-od-strav/

    Повели :) Јас оваа молитва си ја читам секоја вечер пред спиење. Си палам и темјанче исто навечер и цела куќа мириса убаво и смирувачки.

    Сосема те разбирам во врска со таблетите. Никој не се излечил затоа што тие не ја ни лечат анксиозноста, туку само понекогаш ги олеснуваат симптомите. Вистинскиот лек за состојбава се наоѓа во нас самите. Знам дека тоа сите го знаеме, само многу лесно се заборава за време на напад :D И јас не земам терапија. Пред некоја недела го допрев дното. Ми беше полошо од билo кога. Но со верба, поддршка од најблиските, сѐ она што ти го напишав погоре и најважно УПОРНОСТ, јас полека полека се искачувам нагоре :)
    military-humor-sometimes-life-is-like-an-arrow.jpg
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На GirlLove и Askopje им се допаѓа ова.
  10. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.514
    Јас преку 10 години сама се справувам со себе, али во акутни ситуации помагаат овие.
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Последна измена од модератор: 15 февруари 2018