Форумџика на годината

Природни лекови за полесно забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од m.maci, 5 декември 2012.

  1. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Здраво оваа тема ја отворив бидејќи мислам дека
    ќе си помогнеме за да останеме бремени побрзо.
    Дај Боже да си ги видиме саканите 2 цртки побрзо
    Поздрав :hai:

    Имам слушнато за:
    -Мацина трева (очајница) дека е лековито растение со кое жените традиционално се лекувале од неплодност.
    Од оваа трева се подготвува чај, три пати дневно по една чаша во време кога сака да забремени.
    Не смее да се пие за време на менструација.
    Дали имате пиено ваков чај,и дали ви помогнал?
     
    На Acka22 и cvekence 03 им се допаѓа ова.
  2. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Природни лекови за бременост !

    според мене не треба да се потценуваат природните лекови и да се верува слепо на хемијата. го подржувам отворањето на оваа тема :) зависи која е причината за неплодноста. според мене мислам дека најпрво треба да се разговара со гинеколог, да се направат сите испитувања па да се почне со третмани. Основно нешто би било да се намали стресот и кај жената и кај мажот, да не се фокусираат на бременоста и да се придржуваат до здрав начин на живот ( ова не се баш лекови ама тие се основата од каде што треба да се почне) За ефикасен природен лек имам слушнато дека се билните таблети витекс кортекс,ги имало во аптеките и не биле воопшто скапи. помагале при хормонски дисбаланс. За мацината трева сум слушнала ама имав пријателка што ја купи од женичка на бит пазар ( незнам дали беше оригиналната трева,другарка ми мисли дека не била а ја платила скапо :!: ) и не и помогна а се отру од пиење. така да ако некој реши да ја користи нека си ја набави оригиналната. За неплодност поради проблеми со јацеводите помагале топли бањи ( не мислам на топла бања дома туку на катлановска,дебарска и др :lol: ) епа толку од мене,ако се сетам уште на нешто или дознаам ќе пишам :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за чај од маточина, се пие еден месец и изобилува со „добри хормони кои помагаат при обидите за добивање принова“ :) така вика женичката. Го имам пиено при болни месечни циклуси и помага. Исто така, препорачливо било, ова само сум слушала, валеријана капки (се користат за смирување) ама само за жени, лаванда (дури и во млеко за тело помагала)... ако најдам плус нешто пишам :)

    Кај мажите, препорачливо е да се намали на минимум внес на кафе и кока кола (убиство за смерматозоиди биле), намалување на цигари, носење боксерици т.е. носење на комотни панталони и долна облека, туширање со млака вода, не врела, избегнување на носење на темни панталони при возење во лето (сонцето и генерално прегревањето на тестисите може да води кон неплодност). избегнување на внес на соја и нормално гелови за туширање од лаванда, валеријана (ова не се лекови, ама е природен начин за поттикнување на малите пливачи:)
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    здраво феминки , еве еден природен лек кој многу и помогна на моја роднина
    Се подготвува вака:
    Се ренда рен и се става во стаклено шеше од 1л. Количината на изренданиот рен треба да биде 1/3 од шишето. Се дополнува шишето до горе со бело вино, домашно и старо најмалку 3 години. (таа употреби обична смедеревка )
    Се чува така една недела и повремено се промешува.
    Недела дена пред да почне да се пие лекот, наутро на гладно се пијат по 2-3 зрна бибер.
    После тоа се пие од лекот исто наутро на гладно по едно мало филџанче за кафе.

    Овој лек исто така помага за полицистични јајници.
    Мојата роднина навистина остана бремена после пиењето на овој лек .
    Го прерорачува на сите , состојките се природни и здрави , ништо не губите .
    Пробајте и срекно , Господ нека ви подари здрави бебенца :)
     
    На Norah Jones, Acka22, Lutka® и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    пиете по често бело вино и не печени бадеми, но да не се претерува, на пример по 1 до 2 чашки бело вино, а бадеми колку ке ви собери во раката доволно е за еден ден. пробајте после 3 4 месеци има резултати.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ова го прочитав денес на фејсбук и сакам да го споделам а воедно и да прашам дали некој го употребувал, некако скапо изгледа :?:

    МАКА ВО ПРАВ-природен регулатор на хормони

    Маката расте на високите планини во Перу, во многу студена клима и на слаба почва. Маката се одгледува поради нејзиниот корен, кои може да се употребува како зеленчук или како медицинска билка. Биолошки, маката е богата со шеќери и протеини. Содржи 60% јаглени хидрати, 10% протеини, 8,5% диететски влакна и 2,2% масти. Сушената мака е богата со алкалоиди, минерали и хранливи материи како есенцијални минерали (селен, калциум, магнезиум и железо), масни киселини вклучувајќи ги линоленската киселина, палмитинската киселина и олеинската киселина и 19 аминокиселини како и полисахариди. Маката помага во регулирање и контрола на нормално функционирање на организмот и пружа бројни здравствени благодети.
    Онаа по што е познат коренот мака е неговото дејство за регулирање на хормоналните дисбаланси кај жените
    -Придонесува за редовен циклус;
    -Ги ублажува менструалните болки;
    -Природна замена за хормонална терапија.
    -Ги намалува хормоналните нарушувања при менопаузата (топлотни бранови, промена во расположение, проблеми со тироидна жлезда, остеопороза и фибромијалгија);
    -Ја зголемува плодноста и либидото;
    -Се користи за спречување на појава на акни, сува кожа и други проблеми со лицето предизвикани од хормонални дисбаланси;
    -Го спречува процесто на стареење.

    Исто така макатa се препорачува и за мажи ја подобрува потенцијата и ерекцијата, ја зголемува енергијата и мускулната маса, го зголемува либидото, помага при импотенција и го подобрува квалитетот на спермата.
    Маката го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува функцијата на мозокот и сите телесни функции. Ги ревитализира постарите луѓе. Луѓето што живееле на Андите го користеле коренот на маката за зголемување на енергијата, за олеснување на физичкиот и менталниот замор и за збогатување на вредноста на дневните хранливи материи. Исто така, маката помага во забавување на процесот на стареење, а штити и од остеопороза и анемија.

    Начин на употреба: Добро е да почнете со пола лажичка на ден. Останете на таа доза додека не поминат ефектите на зголемена енергија и појава на симптоми на детоксификација. По поминување на симптомите зголемете ја дозата на една лажичка. Дневната препорачана доза е 5 грама наутро.
    При редовно земање на мака се препорачува пауза од една недела секој месец.

    извор
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Смеса за јакнење на организмот и воспоставување на добра хормонска слика

    Сомелете (најдобро во машина за мелење на место) 1 чаша цуви кајсии, 1 чаша суво грозје, 1 чаша суви смокви, 1 чаша суви сливи без коски, и една чаша ореви. Додајте сок од 2 лимона и една чаша мед. Се добро измешајте и чувајте ја смесата добро затворена во фрижидер. Наутро пред појадок обавезно треба да се изеде една лажица од оваа смеса, за луѓе кои се опоравуваат, кои имаат жлездени проблеми како и жени кои сакаат да забременат. ;)

    Јас ова ќе го пробам! :) Се јаде цело време, затоа што состојките делуваат на различни хормони, не е само за зреење на јајце клетки, или слично. Мислам дека и ај да не кажам што од камила ќе пикнам во уста само да успее... :(
     
    На Olgica.bu и Acka22 им се допаѓа ова.
  8. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    130
    Драги феминки и идни мамички, здраво и од мене ;) на сите им посакувам да го осетат тоа благодетно чувство- Бременоста.
    Еве една информација и од мене, се надевам ќе биде од корист.
    Сакам да напоменам дека кај мене беше пресудна опуштеноста, редовното одржување на имунитетот со витамини и минерали и нормално си ја осетив овулацијата и му викам на мм-сега е моментот, и... ја слушнавме најубавата вест :rofl:

    Растение за забременување - алфалфа или црвена детелина. Извадок од книгата на Susun S. Weed "Wise Woman Herbal For The Childbearing Year".

    Една од ретките билки за забременување е црвената детелина - Trifolium pratense. Нејзината висока содржина на витамини е особено корисно за матката, додека пак високата содржина на протеини го зајакнува целото тело.

    Црвената детелина има изводредно висока содржина на лесно усвоиви калциум и магнезиум, кои го релаксираат нервниот систем и помагаат во забременувањето, и високоминерален состав кој ги содржи буквално сите потребни минерали за добро дејство на жлездите во внатрешно лачење и помага да се обноват и балансираат хормоналните функции.

    И за крај, доста важен е и фактот дека црвената детелина го алкализира телото и може да ги балансира киселинските алкални нивоа на вагината и матката, што доведува до евентуално зачнување и бременост.

    Исто така сакам да Ви го дадам советот што мене ми го даде мојата мила Докторка-ПРАКТИКУВАЈТЕ СЕКС НА 35 ЧАСА, за да не се утнете :P

    И за крај...СО СРЕЌА :*
     
    На Radost i ocaj, Norah Jones и Demon@ им се допаѓа ова.
  9. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Каде може да го најдам ова растение Мацина треваЧ)тнх
     
  10. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано дека се пие после менструација или нема врска тоа.....
     
  11. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    130
    Треба да го имаш во БИЛНА АПТЕКА, а јас би ти препорачала да пиеш цинк. Одличен минерал,имаш се во едно, делува антиоксидативно, ја зајакнува косата, ноктите итн, и што е најважно oвој минерал ја потпомага овулацијата кај жените, а кај мажите го зголемува производството на сперма. Исто така, цинкот го намалува ризикот од спонтан абортус во раните фази од бременоста. Поздрав и со лесно ;)
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски

    Цинк треба да пиеме двајцата,во форма на шумливи таблети или??
     
  13. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    130
    јас не практикувам шумливи затоа што не се апсорбираат целосно- има губиток. Јас конкретно пиев таблети, ама комбинирав, внесував и калциум, магнезиум(ќе ти го опуштат нервниот систем малце :) ), вит ц, б-витамини,фолна, буквално се. е сега јас не ги пиев со цел да забременам, туку за имунитет, а кога решивме со мм да си правиме бебенце, верувам дека витамините и добрата воља имаа удел во тоа да забременам одма ;)
     
  14. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Искрено не те разбрав бас нај нај:))))амаке тркнам до аптека па ке купам несто иначе намален ми е имунитетот и сакап да се опраам малцее фала ти срцка за одговорите ;)
     
    На bela-imela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Dali go proba ova imase nekakov efekt ili...???Izvinete za latinicava nemam mak podrska:)
     
    На StEfAnIjA-84 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Здраво жени, за брзо дај Боже бремни :)
    Дали сте слушнале за лек со рендан и вриен РЕН во 2кг вода? Слушнав дека е за чистење на канали, за подобра проодност???
    (Го направи братучетка ми и вика истекло од неа бајаги...)
     
    На Lov4e-lov4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    ја знам за еден лек со рен и домашно вино , другарка сакаше да го прави али никаде не најде рен , тешко се наога некако :tmi:
     
  18. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Сега му е сезона го имас на пазар едно коренче 50 ден ама јас изгледа многу рен ставив и незнаеш неможев да го пијам :(
     
  19. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Може рецептот со вино и рен да го пишите? Како помага, за што конкретно е наменет?
    Би сакала да слушнам каков и е и да видам дали може да го пробам...
    Фала!
     
  20. missswety

    missswety Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Здраво денеска само што го направив рецептот со еден корен РЕН и едно кило бело вино старо 25 год. бидејќи сум од Тиквешијата и успеав да најдам старо бело вино ... пошто читав дека колку е постаро виното толку е поефикасно. Само не знам колку време треба да одстои за да почнам да го пијам ? Доколку некој има слично искуство нека ми помогне,инаку го правам поради неполодност позз