1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природни лекови

Дискусија во 'Дете' започната од steal, 17 јануари 2013.

  1. steal

    steal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    26
    Феминки, гледам дека нема отворено тема за природни лекови за лечење на различни болести, настинки, симнување на температурата кога не помагаат сирупи ниту чепчиња, против кашлање, бронхит и сл.

    Ајде да споделиме што знаеме и да си помогнеме!
     
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Знам дека против кашлање е ефикасен чајот од бозел, ама дали и во колкави количини е дозволен кај мали деца не знам.
     
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    За кашлање сум давала чај од бел слез ,го има во Зегин околу 70/80 ден. Покажал доста добри резултати и нема некој фкус така да може слободно да се конзумира во текот на целиот ден :hai:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За симнување на температура - чорапчиња натопени во ладно пресно млеко или вински оцет

    За црвено грло, кашлица, истерување на шлајм - чај од бел слез, сируп од исландски лишај (го има по билкари природно направен а го има и во аптеки само незнам од која фармацевска куќа), чај сварен од јаболко и кромид е фантастичен за ублажување на кашлица (видливи резултати за само еден ден).

    Чај за бронхопнеумонии - смирување и чистење на белите дробови
    -Вака е рецептот -
    200гр шеќер
    200 гр вода
    1 лаж. супена жалфија
    1 лаж. ленено мељано семе
    1 лаж. бел слез
    1/2 лаж синап (го има во аптека)
    пола лимон со се кора се сецка и става.
    Целата смеса се вари пола сат и биднува како сируп. 3 пати на ден по 1 лаж. се пие

    За опекотини, исеченици само кантарионово масло му е мајката. Домашно направено е подобро од она што го има по аптеки.

    За заштита од грип, настинки и сл. само прополис признавам т.е спреј проанги. Колку за инфо се прави во Струга и освен прополис има и некои билки.

    ...др. не ми текнува, кога ќе ми текне ќе допишам
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Во природни лекови (кои не се прават дома) најубави и најмногу покажани, а со најпристапни цени се прозиводите од Хималаја.
    Само, малку потешко се наоѓаат овде кај нас.

    Направени се од чисто избрани состојки, кои повеќето не се ни познати за нас. Немаат никаква штета, а се многу делотворни. (Ги има и за возрасни).
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Сите бараат природни лекови а темава неактивна од 2013 год