babylove кашички

Природни рецепти за имунитет

Дискусија во 'Дете' започната од vickyy90, 25 октомври 2013.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Не видов каква тема ама ако е дупла или несоодветна нека се премести кај што и е местото ;)

    Ја отворив со цел да разменуваме природни рецепти за јакнење на имунитет кај децата,сега како што следи сезоната на грипови и вируси добро ке ни дојдат.

    Вчера превев еден рецепт за јакнење на имунитет:

    Се меле 150гр ореви
    150гр лешници(непечени)
    150гр бадеми(непечени и несолени)
    250гр сусам
    се става 30мл прополис
    500мл сок од цеден лимон
    една кесичка цимет
    една мала тегла таан
    и една голема тегла мед.
    Сето ова убаво се маша и се собира во тегли(излегуваат 3 големи тегли) и се јаде 3 пати на ден, на сабајле на гладно по една кафена лажица за деца,а една супена лажица за возрасни.2 саати после ручек и 2 саати после вечера.


    Па ако некоја од вас превела било каков слободно нека пише :)
     
    На anaja1 и Mama25 им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Сок за зајакнување на имунитетот

    1кг.цвекло
    1кг.моркови
    1кг.лимони
    1кг.јаболка
    1 голема тегла мед

    Цвеклото се лупи,лимоните убаво се мијаат и им се сече горниот и долниот дел,и се ставаат во вода да стојат 2саати,морковите се мијаат и не се лупат исто и јаболката не се лупат само се чистат од семките.

    Се мелат или се рендаат на ситно во овој редослед: цвекло,лимон,морков јаболко.се потураат со 2 dl.превриена изладена вода или со купена вода.и треба да одстои 12 саати.
    После 12 саати сето се процедува низ газа и се стега убаво да излезе цел сок од овошјето.
    Во изцедениот сок се додава голема тегла мед и убаво се меша.се пие пред јадење
     
    На anaja1 и Mama25 им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    54.472
    Пол:
    Женски
    Јас го направив овој со ѓумбир, лимон и мед. Во тегла се редат лимони, ѓумбир цечени на тенки ленти и се залева со мед, се остава во фрижидер да се направи желе и се раствара тоа со топла вода како чајче. Мене не ми е ушт направено како желе туку така како потечно желе му иде, мислам дека ќе се меша со топла вода и ќе личи на нешто :lol: Од утре ќе започнам насабајле да го пијам ;)
     
  4. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Овој рецепт го видов на интернет пред некое време:

    рецепт за зајакнување на имунитетот за деца и возрасни:
    - 100 гр суво грозје
    - 150 гр ореви
    - 100 гр бадеми
    - Кора од 2 лимони
    - 100 гр суви кајсии
    - 100 гр суви сливи
    - 300 гр мед
    Во машина за мелење месо се мели сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Во смесата додадете сок од два лимони, чија кора претходно сте ја употребиле. Измешајте. Понатаму, додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Измешајте. На крај се додава медот и повторно се меша. Оставете да отстои на темно место 1-2 дена.
    За деца постари од 3 години – 1 лажица 2 пати дневно
    За возрасни: 1-2 лажици 3 пати дневно

    Аха, еве го линкот,го најдов. Има уште еден рецепт за возрасни
    http://popara.mk/2013/zhivot/zdravj...ajaknuvanje-na-imunitetot-za-deca-i-vozrasni/
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.397
    Мене како мала ми даваа, а и сега мајка прави па си земам мешавина од 1 тегла мед со една шака мелено семе од коприва. Се зема по една мала лажичка насабајле (на гладно). Јас во лажичката си капнувам и по некоја капка лимон затоа што семето од коприва има некој чуден/јак вкус и мирис, па да ми дојде малку киселко.
     
    На Dzevelekova и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    261
    Еве едно искуство од братучеда ми од прва рака, не е никаква препорака, туку само искуство.
    Братучеда ми има мало детенце, 6 годинки. Детенцето цело време настинки, бронхитиси, па дијагноза астма, па можеби не е астма изгледа е алергија.
    Од лекарка во клиниката за педијатрија добила препорака во исхраната да вметнат храна со витамин А, им рекла да јадат црни џигери, печени, пржени, варени, во супа и слично. Ама не многу често за да не направат лошо во спртотивна насока, хипервитаминоза.
    После секоја болест и инфекција се исцрпува витамин А и имуниот систем останува слаб за следната.

    Му даваа рибино масло и што ли уште не, ама им рекла дека не може да препорача такви суплементи затоа што не се ефективни како што е апсорпцијата од храната. Исто му правеше сокчиња и кашички со моркови и сите оние што беа на листата на извори на витамини, ама тие немаат готов витамин А, туку имаат провитамин кој во телото треба да се претвори во витамин, ама некои деца немаат силен метаболизам на мастите и стероидите и затоа побавно создаваат витамин А, додека од животински извори како црн џигер, витаминот А е готов за употреба од страна на телото.
    Сега се фалат дека има големо подобрување откако јадат џигерчиња и дека нема такви тешки симптоми.
    Тоа има логика затоа што липосолубилните витамини К, А, Д и Е се есенцијално вклучени во имунитетот и дури и минимален недостаток ја нарушува силината на реакцијата од страна на имуниот систем.
     
    На azelea, Espadrila и martinameli им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    54.472
    Пол:
    Женски
    Јас веќе два дена си го пијам медот со лимон и ѓумбир, многу е вкусен а и добив идеа дека може да се стави како додаток во зелен чај или нане, мора да е прекрасен вкусот, бидејќи и вака е многу питка напивка, што е чудо за лекови, обично имаат помалку лош вкус.
     
  8. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    39
    Дали ќе може да го пишеш точниот рецепт, колку ѓумбир, колку лимон, колку мед, како се зема, дали и колку треба да стои, дали се процедува нешо и сл. Поздравче
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.960
    Пол:
    Женски
    Баба ми правеше некој сок од лимон, морков и цвекло....на малиот му даа го сака и го пие без проблем
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    4.959
    ne e priroden imunitet no e lek za protiv kaslanje. Dokolku deteto kasla od iskistvo za Eden den den ipol mu pominuva receptot e : mala glavica komid na krukcinja ja secete ja stavate vo teglo I kromidot go polivate so med neka otstoj 4-5 casa I procedete. Tri pati na den ete moeto e skoro dve godinki po Edna supena lazica. Im kazavme zbogum na antibioticite I sirupite
     
    На ArmaniCode му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    100 gr. leneno seme
    100 gr.susam
    100 ge.semki od tikva
    100 gr.semki od soncogled
    edna tegla med
    site seminja se melat pa gi mesate so medot ke vi izleze edna ipol tegla i sekoj den po edna lazicka na den,toa i za nas vozrasnite e super
     
    На anaja1 и annel им се допаѓа ова.
  12. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Некој испробан и ефикасен рецепт?
     
  13. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    128
    mi se sviga receptov, sakam da go napravam za celoto semejstvo. po kolku se pie pred jadenje? kolku za deca kolku za vozrasni?
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    25.916
    Nekoja majka sto go pravi sokot od cveklo da mi objasni po kolku vreme go cuva i kade?

    Jas go pravam veke nekolku meseci, pravam pola doza za pobrzo da se zavrsi, sinko pie po ednas dnevno i ni trae skoro cel mesec.
    Go sobiram vo staklo i go cuvam vo frizider, dali e pravilno taka?

    Osven gorenavedenoto, stavam i 1 limontos, takov recept imam.