1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природно цедени сокови

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од biibaa, 8 октомври 2012.

  1. biibaa

    biibaa Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок. Свежите сокови од овошје го чистат организмот од насобраните токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат, додека заедно го зајакнуваат имунитетот.


    Потребен е само соковник и добра волја, па чашата на здравјето ќе биде и чаша на задоволство.

    СОК ОД ЈАБОЛКО

    Сокот од јаболко содржи пектин кој ги чисти црниот дроб и цревата и ја обновува цревната флора. Ги апсорбира отровите од цревата и со тоа го олеснува прочистувањето на крвта и кожата, а исто така го подобрува и излачувањето на мокрачната киселина. Благодарение на изобилното количество витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта.

    Сокот мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.

    СОК ОД МОРКОВ

    Сокот од морков содржи бета каротен, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е (наречени уште и витамини на младоста), калиум, фосфор, магнезиум, калциум, па морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрува видот.

    Препораки: Бидејќи во сокот од морков има доста шеќер, не треба да се пие во големи количини и најдобро е да се разреди во однос 1:1 со вода или со сок од друг зеленчук или овошје.

    За освежување на организмот: во соковник се цедат два моркова, едно јаболко и парче целер.
    За зајакнување на организмот: во соковник се цедат два моркова, две цвекла и еден лимон, а се додава малку магдонос, една лажичка сусам и една лажичка матичен млеч.
    Се препорачува за пушачи за блокирање на канцерогените материи присутни во цигарата.

    СОК ОД ДОМАТ

    Сокот од домат содржи многу ликопен, кој штити од рак и од болести на срцето, но и ја штити кожата од штетните влијанија на УВ зрачењето. Исто така, содржи витамини Ц и Е, па се користи и за релаксација на нервите.

    Се користи чист сок од домат или разреден во однос 1:2 (еден дел чист сок и два дела вода).

    СОК ОД ЗЕЛКА

    Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно. Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.

    Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.

    СОК ОД КОМПИР

    Изобилува со витамини Ц, Б и К, како и со минерали калциум, калиум, железо и магнезиум. Поволно делува на органите за варење. Помага при хроничен гастрит, киселини, гасови, колитис, опстипација (нередовна столица).

    Препораки: Може да се користи во комбинација со сок од зелка или морков. Важно е сокот од компир да се пие кога компирот е зрел и тоа од јули до февруари, бидејќи по тој период во ‘'ркулците и зелената лушпа се насобира отровна материја соланин.

    СОК ОД ЦВЕКЛО

    Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се битни за создавање на еритроцитите. Исто така содржи и магнезиум, па го зајакнува и нервниот систем. Поволно влијае на нарушен менструален циклус, климактерични тегоби, ревматизам и покачен крвен притисок. Одлично го прочистува организмот од отровни материи.

    Препораки: Сокот од цвекло треба да се чува во фрижидер 3 часа пред употреба, бидејќи содржи супстанци кои предизвикуваат мачнина, а со чување во фрижидер тие супстанци исчезнуваат. Се препорачува да се пие по една чаша сок од цвекло дневно и тоа навечер.

    Колку често конзумирате вакви видови на сокови и доколу имате некои ваши испробани рецепти и совети ми можеле да ги споедилете, инаку јас секојдневно ги пијам и сум презадоволна
     
    На Eli23 и irenna им се допаѓа ова.
  2. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Немам навика да пијам свежо цеден сок, но еве од сега ветувам барем 5 дена во неделата ќе пијам. :)
     
  3. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ние дома го имаме соковникот од топ-шоп,Power Juicer и бидејќи често цедиме овошје,пијам неколку пати во седмицата.Мене ми се прекрасни тие сокови,имаат одличен вкус и најважно е дека се здрави. :nod:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Секој ден наутро пијам цеден сок од лимон,а некогаш и од јаболко,портокал,цвекло и морков...
     
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    2.078
    Ретко пијам поради цената на овошјето, но многу ги сакам премногу освежуваат.
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Порано не пиев скоро ич , а сега секое сабјале кога станам првата работа што правам е да си исцедам сок од портокал и лимон и така ми започнува денот
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Кога има свежо овошје во изобилство, не цедаме сокови. Но на зима, свежо цеден сок ни е нешто без што не можеме. Маж ми е по таа работа, мене некако ми е мака цедењето, а плус ме критикува дека не го доцедувам до крај овошјето.
    Рецептот ни е 4-5 портокали, 2 цитрона, 2 лимони, многу малку вода која ја додаваме при цедењето и без шеќер. Јас си додавам малку ѓумбир.

    На истиот апарат може да се цедат и калинки, претходно внимателно расечени на пола.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rainforest

    Rainforest Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Ова е и моjот омилен рецепт само без гумбир и вода. И наjважното, нема потреба од соковник и половина час миенjе и сушенjе! :rofl:
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сокот од кисели јаболки ми е омилен од свежо цедените, а секојдневно конзумирам од портокали или лимони.
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Обожавам цеден сок од јаболко.
    Баба ми ми имаше купено некој евтин соковник и 1 час стоеше врз тоа за 1 чавче сок.
    Многу сакам цеден лимон, цитрон и портокал измешани заедно.

    Нешто што не е цедено, меѓутоа е природно, односно домашно, а одвај чекам пак да го пијам, е домашен сок од малина.
    Го пробав кај едно девојче во Берово и затоа што сум многу гадлива кога слушнав домашен, си реков ајдеее, само што го пробав ми светнаа очите. Одвај чекав некој друг да побара втора тура за да добиеме и другите. :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Пијам цеден сок од јаболко , морков , цвекло за крвта.
    Најмногу го сакам од јаболко , киви & банани
     
    На Juuuuulie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јаболко,цвекло и морков ми е фаворит
    А исто убав ми е и од киви и јагода
     
  13. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
  14. pms

    pms Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    24
    Многу ги сакам свежо цедените сокови,омилен ми е од портокал, лимон и јаболки. Ама многу ме нервира миењето на соковникот после тоа.
    Пред некој ден случајно забележав дека отвориле Џус бар во Сити Мол, имаат интересни комбинации и цените им се ок. Барем не мора да го мијам соковникот пола саат после цедењето :)
     
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Многу сакам, здрави се а и убави. Најчесто си правам со портокали, мандарини, лимони и цитрони. :)
     
  16. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    во последно време секој ден си цедам портокал и цитрон за витка линија :rofl: а преку зимо аронија јаболко и портокал .
     
    На Juuuuulie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mice83

    mice83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    51
    дефинитивно нај јака пијацка,природно исцеден сок...го обожавам од портокал и грелпфрут,после кафето насабајле обавезно пијам фреш
     
  18. taylor.912-swift

    taylor.912-swift Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    17
    :D :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

  19. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Сум пробала природно цеден сок од портокал.. Убавв е !
    Би сакала да пробам од домат .. мм :lol:
     
  20. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Пијам цедени сокови од портокал, лимон и цитрон, а понекогаш ги мешам заедно портокалот и цитронот. :)