Пристапни места за лица со инвалидски колички

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Dacja, 8 мај 2013.

  1. Dacja

    Dacja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    36
    Драги пријатели,

    Пробав да најдам ваква тема во форумот, ама за жал ја нема!
    Имам доста пријатели кои се инвалидни лица што се движат со помош на количка, тоа се одлични пријатели, одлични соговорници, одлични луѓе со кои сакам да го поминувам времето.
    Но, многу често, кога ќе решиме да одиме некаде да уживаме во нашето слободно време, едноставно се соочуваме со проблемот на архитектонски бариери, непристапни тоалети итн, и затоа за жал многу ретко излегуваме заедно некаде а тоа да не е по куќи.
    Би Ве замолила доколку некој од Вас забележал пристапен објект, историски, рекреативен,социјален итн. да пише на форумот, знам дека истото би било од огромно значење за многу луѓе.
    Ви благодарам однапред на сите вас :)
     
  2. Dacja

    Dacja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    36
    Zarem nikoj ne znae za nekoe pristapno mesto vo Makedonija?
     
  3. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    200
    :hai:
    Тоа што ништо не знаеме зборува многу за нас... Многу ми е жал што сите ние без разлика дали се справуваме со инвалидитет или не, треба еднакво да ги уживаме нашите права! Жал ми е што многу ретко можам дури и во ресторан или кафич да видам некое лице со помагала, значи како да се скриени од нас.

    Порано во Софија престојував многу често и таму можев да видам лица кои не гледаат (да не речам слепи лица) и со помошното стапче шетаат буквално низ цел град. Немаат придружба, напротив се потпираат на хуманоста и добрината на другите околу нив, се возат во автобус, одат во продавница, на предавање и слично...и за нив не постојат пречки и граници!

    Да се вратам на темата, за пристапни места, мислам дека е најдобро да се јавите директно во местото каде што би сакале да престојувате, они најдобро ќе ви кажат.