Присуство на мажот на чинот на породување

Дискусија во 'Бременост' започната од rossonerka, 5 јуни 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Она што е често практика во странство, но и кај нас слушам има случаи на присуство на мажот за време на чинот на породување, но тоа е многу многу ретко :)

    Па ме интересира мислењето на девојките дали би сакале вашиот маж да присуствува на чинот на породување.
    Зошто ДА или зашто НЕ да образложите.
    А и уште поубаво е мајките на форумот да кажат дали мажите имале ваква желба? Уште поубаво ако има некоја која се породувала во присуство на сопругот.
    Јас секогаш кога ќе помислам на породување со присуство на мажот ме фаќа смеја и си правам филмови на онесвестување :D

    Добро е ако модераторите отворат и анкета ;)
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.678
    Аууу ми ја погогди темата. :clap:

    Како прво, дозволено е ова во Македонија? Или само ако имаш врски?

    Мојот маж сака да присуствува на пораѓајот. Но како што е плашливец, и јас си правам веднаш филмови како тој се онесвестува инт итн итн.

    Но, ако дозволуваат овде во Струмица, сигурно ќе го земам со мене.
     
    На strowberi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    728
    Во Скопје е дозволен, 100% сум сигурна, а до сега на сите пораѓаии што сум присуствуваала мажите бегаат ко од чума. :D Сум за, само ако е доволно храбар да прифати, но тешко, дури и моите машки колеги не сте свесни какви фаци пријавија на Гинекологија вежби. Тоа беше прво препотување, па менување на сите бои од спектарот, а имаше и такви кои излегоаа од салата. И после пак да се фалат дека машките биле посилен пол. :D
     
    На srcekrsacka и INSIDIOUS им се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не би сакала да присуствува, бидејќи знам дека ништо нема да види затоа што ќе се онесвести :lol: Ставам сега Клексан инекции и секој ден идам на амбуланта, може и дома да се користат, али моето мажуле нема ни Х од храброст да го направи тоа :lol:
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Колку ми е само интересно кога ќе го видам тоа во филм :lol: ! Но реално да го доживеам не би сакала! Доволни ќе ми се лекарите околу мене и маките кои ќе ги имам, се друго дополнително би ми сметало! А и не ја разбирам суштината на неговото присуство во тој момент! Демек подршка или маките да ми ги види??? штознам...мене не би ме исполнило неговото присуство во тој момент, доволни ќе ми се стручни лица кои ќе знаат што да прават со мене и бебето!
    Мажот се разбира ќе го сакам до мене после породувањето заеднички да ја споделиме среќата! На породувањето на нашето дете не мора да биде присутен, доволно ќе биде ако во текот на целиот живот биде до нас (мене и детето) и заедничко да го гледаме и воспитуваме!
     
    На S-a-n-4-e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Moјов мм на присуствуваше, не го ни прашав, а не ни сакав да биде присутен...
    Што бара, да ме гледа како се препотувам, или јас да го гледам него како тој се препотува?
    Доволна ми беше грижата за мене и за бебето во тој момент, не ми требаше уште еден да го мислам.
    А што ако се онесвестеше, а што ако му се слошеше... :?:
    Потребен ми е стручен тим, некој кој знае да си ја врши работата, што знае мојов маж од породување...ништо, како може да ми помогне...да стои до мене и да ми вика-пуш хани, пуш... :!: :lol:
    Не, фала...кој сака ОК, мене баш тогаш маж ми и не ми треба.
    Морална подршка, навивање и бодрење не ми треба... можев и се уште можам и без неговото присуство да се породам.
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    223
    Не би сакала мажот да глеа како ме пораѓаат....е да бе после гад да му биде да ме погледне или пак да се онесвести па покрај цела мака со пораѓањето и него да го мислам...
    Нека си чека во чекална!
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.500
    Колку само НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ да присуствува на чинот! :shake:
    Да ме гледа таква подуена, хистерична, како рикам и се отварам со невидени маки ... Не, фала.
    После тоа ќе ме гледа со истите очи?
    Нешто као секси треба да е ова, или романтично или убаво?
    Не сфаќам, ништо од горенаведеното не е.

    Која траума, дојди да ме гледаш како се чепам и не си личам самата на себе.
    Од многу гледање филмови ова, дефинитивно.
    Уште со некое камерче фали да влета, па да се внесе накај дупката што живот значи. :^)
    После ќе го гледаме видеото уз пуканки и сок од вишни. :^)


    Fuck off, не го сакам ни у чекална бре, се знае, со другарите у кафана нека части таму, кога ќе сме чисти и мирисни со бебето, а јас ќе личам на човек барем малку, ќе дојде.
    Нема кај да бегаме, реално. :)
     
    На okcenzi, Umbrella22, chocolate.chick и 18 други им се допаѓа ова.
  9. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    130
    ММ беше присутен на пороѓај кога се роди син ми и тој ја сечеше папочната врвца.До душа не бев во болку (имав Епидурална)па онака релаксирана беше атмосферата ама тој се гледаше дури и ми држеше огледало и јас да гледам :D А после тој ден не смееше да се пожали дека нешто го боли :D :rofl: а не тие една мала настинка ќе легни во кревет болен е ништо не можи да прави :rofl: :rofl: :rofl: И овој пат ке биди присутен не можам да се замислам таму сама а сега дури и го зафркавам му велам гледан на јутуб порагај оти болницата ни е далеку па да не случајно треба на автопат тој да ме породи :rofl: :rofl: :rofl: (скраја да е)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.881
    Присуствуваше мојот на порагај,мораше зашто не разбирав целосно англиски,па мораше да е тука. Многу е срекен што беше присутен, ја пресече папочната врвка,и воопшто не му се слоши :lol: Е да и јас бев со епидурална и беше доста релаксирачко,за некои 20 минути се породив :o
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.576
    Допаѓања:
    99.831
    Ау,папочната врвца уште да ја пресече и у око да му шприцне и врв... :rofl:
    Не може.Чао.
    Кај сака нека биде,моја војна,тој на страна,а потоа вишеструко ќе му биде наплатено со топлење млекце во 3 по полноќ :D .Пре мајка ми да биде до мене,отколку тој!Бар ќе има разбирање жената за секој крик,непристоен изглед и слично. :D
     
    На Alanna и rossonerka им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.028
    Ауу никако. Иако е далеку тој чин ќе си кажам уште сега: Е уште тој ќе ми фали да се доведам до лудило, да се фатам за уши и да бегам. А па ко ќе видам има некои со камери влагаат и ги снимаат жените како се пораѓаат. Ах како не може да им стане жената во тие моменти сосве бебче, па на цела мака камшикување со папочна врвца. :@ :P
     
  13. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    130
    Убаво е да видат како се мачиме на пороѓај а не тие си мислат така лесно е.А за после како ќе те гледа е па така убаво уште поубаво од пртходно повеќе почит ке има кон тебе.А мм ми вели па ѓто ако имам коѓмари потоа?Хахаха нека си оди на психијатар(првото дете ми е од бившиот маж)Тој ќе имал кошмари од гледање :o а јас шо да речам ???А имам слушнато и коментари грев ми е да не се онесвести да се секира за мене???Ни малку не ми е грев нема зошто да ми е грев едноставно ми треба тој таму за поддршка.Но тука нема ни дискусија за тоа тоа си е најнормална работа таткото си оди на порагај и тоа е тоа навикнати си се на таа идеја некако.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    771
    Јас би сакала да присуствува.. сепак и тој е родител на тоа дете.. а и самото негово присуство би преставувало замене голема подршка, би ме поттикнало со сите сили да се борам за да се роди тоа дете :) .. и плус да види што е "мајка" во вистински смисол.. да не вели после: "поголема заслуга имам јас за тоа дете" :D :D малу шала..
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Огледало за да се гледам додека се пораѓам??? :o
    Ма нека излезе што побрзо после цел живот ќе го гледам. Ова ми е настранично, сериозно.
    А мажот нека чека во чекална да дознае дал е машко ил женско и здраво живо и нека оди на славје, а јас да си ја одморам душичката.
    Што ќе ми е он до мене? Да ме држи за раче и да вика пуш пуш или да ми тресе срцепарателни романтики? Не, не ми треба тоа. Нека си гледа своја работа.
    Па уште и камера? И он и камерата ќе летаат од прозор.
    Папочна врвца? Си има стручни доктори за тоа.
    Не треба мажот да ме гледа во таа состојба, гадна ситуација, јас сама на себе ќе сум гадна.
    И што следен пат кога ќе ме задоволува орално и ќе се зазјапа доле да се сеќава на пораѓајот мој? :D
    Ма беај.

    И да сите знаеме дека пораѓајот не е лесна работа, не е потребно присуство на сопругот за да дознае тој дека не е лесно да си женко. Глупост. Низ животот имам милион ситуации каде ќе се среќаваме со тешки задачи за нас, нема потреба да викаме публика за да докажеме колку сме јаки |(
     
    На Foreveryoungiwannabe, Neytiri, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Веројатно мислиш на настрано.
    Инаку не би јас ничие присуство што не е неопходно, а под неопходно подразбирам само и исклучиво медицински персонал при извршување на чинот.
    Еве ви нешто околу овековечувањето на породувањето :D

    http://www.youtube.com/watch?v=4CBU9FXr9fk
     
  17. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    130
    Е па баш тоа прават ќе те држи за рака ке те масира додека си во болка стапалата ке ти ги масира.А дека е гадна ситуација воопшто не се сложувам.Тоа е нешто најприродно и кога прашаш маж тука велат дека не сакаат да го пропуштат раѓањето на своето дете.Ако во некоја ситуација го пропуштат ако жената се породила пред да стигне тој(а претходно лежела на болница неколку дена или сл.) криво им е.А и мислам дека го имаат секое право да присуствуваат.А за огледалото во секоја болница и јас прв пат слушнав во секоја болница редовно нудат ако сакаш (помагало на мајката побрзо да се породи)па така да не мислам дека е настрано.А исто така пракса е таткото присуствува и на царски рез доколку не е итна операција каде родилката мораат да ја стават под општа анестезија ако немала епидурална претходно.
     
    На zalosna и stetoskop им се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.188
    Пол:
    Женски
    Ќе зборувам лично за себе
    Јас не би сакала сопругот да присуствува на самиот чин на раѓањето.
    Се породив царски рез, со спинална анестезија и бев будна за време на породувањето, свесна за се што се случува. Се работи за операција, колку и да е едноставна, нешто може да тргне на лошо и што понатаму...кого лекарите да гледаат попрво, распаничениот маж или да го спасуваат животот на родилката и бебето.
    А од друга страна и да е се како што треба, блиски сусрет со мојата утроба, цревцињата, водењачето... :?: НОУ ВЕЈ!!!
    И да е природно породувањето, замислете ја сликата од нешто толку мало, да излезе нешто толку големо-не знам не би сакала после кога ќе ми ја види вагината да му биде траума.
    Најмногу зависи и од сопругот, ако неговата желба е да присуствува и ако ептен инсистира, тогаш не одговарам за последиците :lol:
     
    На Foreveryoungiwannabe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде овој чин не сакам мм да присуствува и тоа НИКАКО. Причините се тие што сите мажи се слабичи во вакви ситуации, па место за мене и бебето да се грижат лекарите ќе мораат него да го освестуваат :lol: :lol:
    На чинот на породување сакам само стручен медицински тим и благослов од Господ. Ако сака да присуствува и инсистира нека слуша пискотници од позади врата па после ќе му ја снема желбава за следен пат. :D :D
    Сакам само после чинот да го видам да му кажам дека се е во ред и да оди да се почести со роднини и пријатели.
    Сакам бебенце :$ :inlove:
     
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    141.342
    Да Блонд ,дозволено е и можам да ти кажам дека нема ништо страшно,гадно ,никакви крвови исл.што тој ќе го види.Прекрасно е кога и таткото може да го пречека на овој свет детето кое тој го зачнал.
    Да нема забуна,значи таткото е до мајката ,стои покрај нејзината глава,а не да се звери во меѓуножјето на родилката.Докторите си работат доле,додека таткото и дава подршка на мајката-диши заедно со неа,ја држи за рака,и зборува се со цел да ја охрабри.
    Па убаво е да видат низ кои болки мајките поминуваат-доволен е еден поглед на лицето на мајката па ќе се замисли дека се што лета не се јаде.
    Немојте да се секирате дека сопругот ќе ја изгуби желбата за вас после присуството на породување,како што реков тој не може да фрли ни еден поглед „доле“.
    Сепак двајца се потребни за да се зачне дете,пожелно е двата родитела да го раснат,па зошто тогаш да не присуствува и таткото на самиотчин на раѓање на детенцето?
     
    На sj *O*, <3 pleza4e <3, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.