Здраво мајки и секако здраво на оние кои не се мајки сеуште ама сакаат да дебатираат. Да се разбереме од старт - НЕ сум против доење. Напротив . Им се восхитувам на жените кои дојат ,бидејки реално е макотрпен и не така лесен процес . За бенефитите секако,знаеме. Но, би сакала малку да продискутираме за другата страна. Дали имате притисок од околината дека мора да се дои ?! Дали ви кажале дека " доено бебе е поздраво бебе "? Дали чувствувате вина ,ако не доите ? Дали има некои кои сами избрале ,да не дојат ? Некако осеќам ,дека многу се ствара притисок врз мајките во последно време . Мајки кои имале ППД и не доеле ,мајки кои едноставно не сакале да дојат ,мајки кои заради разни терапии или оперативни зафати не можеле да дојат . Ме интересира вашето мислење на темава. Зошто на жената и се ствара тој притисок ,да се стигне до степен да се осеќа како " немајка" ако не дои ?
Се сеќавам на периодот кога пишуваше за доењето и причините зошто треба да се откажеш. Уште те мачи одлуката? Притисок има и да се дои, ама и да се даде дохрана зошто бебето на бабите им изгледа вечно гладно додуша и ден денес баба ми мисли дека сум слаба (не сум), така што не ми се релевантни. Многу се измачив додека средив лактација, мислам дека ако и за второто така треба да се мачам нема да го дојам. Јас доев до година и три месеци, искрено не уживав освен можеби на почетокот зошто ми беше чудесно, ама после почнав да се осеќам како телото да не е целосно мое и ми фалеше, а самата сензација при доењето ме иритираше. Ја доев толку долго (бар мене ми изгледаше долго) заради бенефитите на доењето. Одлука водена од рационалност, со чувствата оставени настрана Лесно се одбивме и воопшто не ми фалеше. Дури и чудно ми е кога ги читам мајките што плачат кога ќе го одбијат детето, мене ми беше големо олеснување.
Не ,сега веќе не ме мачи . Дури кога ке кажам некако велам " јас со формула видов раат " . Ама тогаш,да ,имав притисок и од себе и од други . И долго се обвинував. Ама да се вратам назад пак би одбрала добра психа и АД отколку пропадната психички мајка и доење . Секако ,најдобра комбинација е здрава психа и доење ама во тој момент тоа за мене беше невозможно.
Овој притисок е полош. Понижувањето дека млекото и е слабо на мајката, дека е срамота да дои по 6 месеци, дека млекото е вода, до прво одд ли ќе го дои, како на комшиката детето повеќе расте оти си пие од шише а јас со цицката, како не можел никој друг да го чува ради цицката и мајката е себична. Ако веќе постои притисок, подобро да постои за доење, ради бенефитите на бебето. А жени кои немаат став, кои не се изградени како личности, ќе имаат притисок за с е, и се ќе осеќаат притисок, особено па ако се осетливи, со депресија или ако таткото на бебето не знае да ја поддржи. Јас доев до скоро две години, и ако требаше да станувам на секои три саати да греам вода, ќе си умрев од умор. Цицката е инстант храна. Правев неколку ноќи формула оти ми викаа баби слабо ми било млекото. Ужас беше. А детето ми кажуваше по 1200 на месец од доење.
Никаков притисок не треба да постои Чка ,тоа е муабетот . Зошто да има притисок да се дои или да не се дои ? Зошто воопшто некој се дрзнува ? И не ,апсолутно не ти е точно дека жени кои немаат став имаат проблем со притисок. Нема такво нешто.
Тоа за се е точно, не само за доење. Ако имаш став изграден, свое мислење во кое веруваш, никој не може да ти врши притисок. Што и да рече, ќе речеш, види глуп, што тресе глупости. Ама ако и сама не знаеш или се сомневаш во својата одлука, се ти е правење притисок. Ко мене за широк повој што не ми беше притисок. Сите баби викаа требало, јас не осеќав притисок. Ич не ми беше гајле, викав вие со стари сфаќања, не знаете. Ама кога ми викаа млекото е вода и детето затоа не качило 300 грама неделава, дај му шише, гладно е и затоа плаче, осеќав притисок оти не знаев дали сум у право. Свесноста и психичката стабилност на мајката е најважна.
Тоа да, се слагам. Во мојата ситуација ,јас имав став дека доењето е најдобро . И сакав да дојам. Ама не можев . Доев два месеци. Кога скроз ми се сјеба психата реков океј , подобро АД и добра психа отколку да не знам која сум . Среќа имав поддршка од најблиските . Мајка ми и маж ми кои ме поддржаа да оставам доење ( а и секако снемував млеко од стрес ) и да се средам со терапија. Ама има жени кои ја немаат таа поддршка и незнаеш колку тонат. Нив околината им вика " мораш да доиш " остај ти што си сјебана психички.
Ја не сум мајка, можда ќе бидам, можда не, али жена сум и имам свое мислење и право да си го кажам. Господ, природата, универзумот, вселената, како сакате кажете го, ни го дал тоа млеко да си го раниме детето. Вештачко млеко е создадено да му се помогне на бебето и на мајката при здраствени причини ( стрес, недоволно млеко, слабо млеко итд.) кога мајчиното млеко е недоволно . И тоа е одлично, и сосема нормално. Али тоа што слушам од другарки, ја сум против доење, па цицките ќе ми виснат, па вештачкото било поздраво, па било напорно да се дои, барало време, ко да е некој феномен, а не нешто природно и најубаво и најздраво за бебето, а притоа да се пази на секој еден детал, од прашак, до детергент за садови, чинивче, лигавче, па кои песнички, па кои бои, па кое светло, а да се запоставува најбитното, за мене не е нормално.
Кога мајката ќе сфати дека тие коментари често доаѓаат од незнаење и неинформираност, полесно ќе и е да ги игнорира и да си тера по свое. Како и за многу други работи во животот. Во врска со тоа дали жените имаат став и колку, дефинитивно помага да имаш, ама ако „немаш“ не е тоа грев. Ќе поминеш неколку круга во пеколот, ќе ти играат малку на живци небитни луѓе, па сакала нејќела ќе го стекнеш live & learn
Е добро де, и јас требаше да имам терапија, ама со таткото на детето договоривме дека е најдобро да дојам, а он да ми биде столбот за да издржам. Тоа е договор на родителите, не на свекорот и комшиката. Затоа викам, кога имаш став, а особено стабилен маж, нема да ти прави никој притисок.
Ако си во неможност да доиш, нема што да се чувствуваш виновна или да даваш рачун на некој зошто не доиш. Ама да си даваш на себе бизарни причини, како ,,ќе ми виснат цицките", ми е ужасно. За што ги чуваш цицките тогаш, за туршија ваљда. Инаку има притисок, па после ти мерат колку качува месечно, па ти кажуваат на комшиката снаата колку качува, па што да јадеш, да пиеш, да живееш, само млеко да имаш. А зошто го има, ваљда да се чувствуваат попаметни, зашто си глупа тазе мајка што не знае ништо, а демек овие научни трудови читале.
Слабо млеко нема. Или имаш или немаш млеко. Треба да се почитува секоја одлука, без разлика која е причината. Факт е дека мајчиното млеко е најдобро за бебето, НО ако има било каква причина за мајката да не дои, треба да се почитува, без разлика дали на некој тоа му се допаѓа или не. Исто жена која што не дои од било која причина, нема право на друга да објаснува како е подобро да е на АД бебе. ( ова ми се случува, каде што две мајки ми држат предавања зошто да не сум доела). Притисоци за секоја една ситница ќе има мајката секогаш, ама како што кажа Чка , со цврст став и мислење зошто тоа што го правиш го правиш, неможе да ти влијае никој и да ти врши притисок. Со една реченица ќе завршиш дискусија и ќе го правиш тоа што сметаш дека е најдобро за своето дете.
Ама кај нас не може " да немаш млеко " . Имаш,држи бебе на цицка. Тоа капка не тече бебе пишти ти ако ,држи го ,зашто не може да немаш млеко .
Мене никој не ме притискал да дојам. Првата ја доев 2 години, втората ни ден не беше доена. Нормално дека мајчиното млеко не може никој да го замене, ама не секогаш постои можност за доење. Еве втората ќерка не сакаше да цица и не сакаше. Јас се упорно трудев таа да фати, се и сешто пробував и кога видов дека таа не сака, а јас џабе се нервирам се откажав. Никој не ми кажал дека мора да цица. Ништо не мора. Исто така сакам да го негирам и тоа дека доените деца биле повеќе проврзани за мајките. Апсолутно не е точно тоа.
Моето лично искуство на тема доење беше без никакви притисоци. Ми прекина млекото, па повторно ми надојде. Во тој период никој не ми вршеше притисок, ниту свекрва, ниту сопруг, ниту мајка и ужи круг. Во периодот кога бев без мајчино беше хорор филм дома...нервозно бебе ... всушност гладно бебе кое пишти.... 2 недели минав низ 9 круг во пеколот...но мојот став беше дека кога веќе бебето ја отфрла формулата немам друг избор освен да си го вратам млекото... Психички лошо... Но ваков, чај, таков чај, се сеќавам пиев и боза која никогаш не сум ја пиела, мајка ми знам ми даваше цело време чоколади... најверојатно за да пијам повеќе вода, сок од јаболко и што уште не. За моја среќа доев. Но никогаш не би се осудила да вршам некому притисок дали да дои или не, секој има право на избор а постојат и жени, мајки на кои млеко не им доаѓа никако. Нека ни ги чува Господ дечињата, ќе пораснат и вака и така. П.С. Нема мајка, не мајка, секоја мама е најдобрата мама за сопственото дете!
Притисок јас имав од сестрите и докторите во болницата. Кај мене млеко не течеше за жива глава ни кога цицаше бебето ниту со пумпа. Тие нивни масирања за да се опуштат канали никогаш нема да ги заборавам, поболни од раѓањето. Психички се уништив уште таму, молев да ми донесат доктори и да ми најдат решение. Немало решение млекото морало да почне да тече. Температура во болница два дена. Дома си отидов со направени модреници од стискање. Молење да доаѓаат патонажни да ми помогнат. Доаѓаа пет пати, ништо. Туширање со топла вода по 10 пати во денот, бебе плаче не тече млеко. По два саати имав спиено, бебето ми го чуваа баби додека јас бев преокупирана со тоа дека по секоја цена мора да успеам. Од форсирање рани ми де направија, крв од брадавици, отоци до под пазуви, страшен мастит, температура 40. И завршив во болница 4 дена. И таму мака од страна ма сестри и ништо. На крај апчиња за прекинување на лактација и конечно си отидов дома јас да си го гледам бебето, а не баби. Криво ми беше многу и многу време ми требаше да се соземам психички и да ги надминам траумите од кажувањата на докторите дека мора да ми се одзатнат каналите и дека бебето нема да ме знае за мајка и нема да ме сака ако не го дојам. Се сакаме и тоа како. Јас не можев не дека не сакав. Ми требаше многу време да се опоравам психички од тој притисок. Секоја чест за тие што дојат. Мене ми беше важно и јас да сум добра за да биде и бебето добро. Никому не му посакувам да биде во истата ситуација во која јас бев.
Тоа стискање на градите за да протече млеко ми е уште траума. Со првото ништо не знаев ,три дена камен градите ми беа, млеко не сакаше да дојде. Па една акушерка се погоди кога фати да ме стиска, бетер од болки породилни беше. Мене солзи ми течат, офкам она стиска. Среќа се одзатнаа каналите и си протече млеко. Со второто исто, само што никој не ми помогна. Ставав шишиња со топла вода, пробав сама да се одмолзував, премногу беше болно, како мало дете сум плакала. Не сакаше да тече млеко, а градите ќе ми експлодираа, се плашев мастит да не добијам. Моментот кој никогаш нема да го заборавам е кога отидов да ја видам малата, не ми ја даваа оти секакви испитувања ѝ правеја и само што ја земав во раце и млекото почна само да тече, магично ми се отпушија каналите. Докторката не ми поверува дека пред тоа не сакаше да тече млеко. Чудна работа беше.