1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.830
    Допаѓања:
    208.989
    Во темата Развод , се разви дебата за ова.
    Еве неколку од постовите:
    Дали некоја од вас знае вакви примери и кои се 'објаснувањата' за ваквата забрана?
     
    На _beautyy_, pikabu5, sunshinebabe и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Јас лично не знам таков пример ама знам пример кај што мажот вика иди на работа ама бидејќи има двајца газди е многу љубоморен и боље да не ја пушта него што ја пушта со таа тортура секој ден што и ја праи.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    9.435
    Допаѓања:
    88.853
    Какво прашање|(.
    Па се знае, он се женел за жена дома да има, не таму негде да се мота и секој да смее да ја гледа:tmi:.
    Па уште да биде финансиски независна, па да му се занесува нешто дека имала право на ова или она. Море Сус.
    Причина- мажот е копук. Бегајте од копуци:!:. Ни кафе пиење со таков а камоли брак
     
    На A.n.g.e.l.a.V, DarkStormm, Limpan и 49 други им се допаѓа ова.
  4. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    Познавам една жена која е во брак 15 години и никогаш нема работено одкако се омажи ама дали маж и и брани или она не сака не знам. Затоа во моја околина не знам вакви слуачи.

    Уште во врска ако при најмала забрана се преќути и му дозволи после во брак може да му смета се и сешто и да ја контролира како сака. Затоа уште во врска се поставуваат граници дека не може тој како сака да се однесува спрема неа.
     
    На Indiegurl, PaLaVa, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.750
    Пол:
    Женски
    Познавам примери каде што:
    1. Мажот не и дозволува на жената да работи затоа што биле доволно финансиски моќни, да она не морала да работи.
    2. Млад брачен пар каде владее принципот жената треба да биде домаќинка и само да раѓа деца, ништо повеќе.
    :punch::punch:
     
    На diskreten32, Victorian, marchi-cool и 10 други им се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.225
    Допаѓања:
    20.944
    Пол:
    Женски
    Мислев дека оваа појава одамна е искоренета во нашево општество. :^)
    Не дека се осовременија у паметот, туку со една плата едноставно фамилија не може месецот да го помине.
    А љубоморлукот и простотилокот пак им е тука.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, PaLaVa, marchi-cool и 10 други им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    4.012
    Мене ме интересира во врска како се однесувале ваквите мажи? Да претпоставиме дека жената била вработена додека биле во врска, каков бил тогаш ставот околу одењето на работа?
    Според мене ваквите мажи најчесто си наоѓаат ,,тинејџерки,, за девојќи каде можат од старт да и поставуваат услови и забрани.
     
    На PaLaVa, mode-kristina, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.597
    Пол:
    Женски
    Имав случај во фамилија, мажот не ја пушташе жената да работи, а од друга страна и префрлаше дека ништо не праи, оди најди му крај на кретенот. Кретен да, за мене вакви мажи се кретени, а жените што им седат и ги слушаат, се уште поголеми!
    На крај жената си отиде со се дете дома кај нејзините, долго време не му попушташе, виде не виде тој си се сврте за 580 степени, жената веќе работи преку 10 години, и имаат одлична заработувачка и многу убав живот.
    Не може никој да кажува што ќе работам и дали ќе работам, лично моја работа е, баба ми пред 50 и кусур години работела, дедо ми не и забранил, мене сега некој ќе ми забранува, нема шанси.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, t.a.m, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    5.895
    Пол:
    Женски
    Пример имав во блиска фамилија, тетка ми мораше да напушти работа поради мажот алкохоличар што го најде. Веќе се разведени среќа.
    Нејзе тој и беше втор брак, и човекот не ја пушташе на работа од причина што беше болно љубоморен, викаше дека таму има колеги и во секој момент може да оди со некој друг, додека одеше на работа он и одеше таму и ја проверуваше, се караше со газдата, со колегите ја брукаше пред сите, и на крај ја натера да даде отказ.

    Како ескалираше ситуацијата се полошо после стануваше, почна да ја малтретира, да ја тепа, дома си ги носеше другарите пијаници и седеа со денови кај нив, а тетка ми беше слугинка, само пржеше и спремаше за они да се налеваат. На крај едвај се спаси од него, мораше да избега од дома со ќерка и (од првиот брак) со него среќа и немаше деца, а он си продолжи да живее во нејзината куќа, едвај со полиција го извадија од таму.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, eliesaab, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.170
    Допаѓања:
    57.158
    Пол:
    Женски
    Имав колешка, само што се вработи, за брзо време даде отказ затоа што мажот и' забранил. Не сакав да ја прашувам зошто, најверојатно поради љубомора беше. Муслиманка беше жената. После една година отприлика, повторно се вработува, пак за брзо време дава отказ. Друг пример немам сретнатно и навистина не мислев дека имало многу вакви случаи. Најзагрижувачко во случајов ми е што жените се погазуваат самите себе и прифаќаат да зависат од мажот, а можат многу повеќе. Самопочит?
     
    На eliesaab, mode-kristina, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    4.012
    Самопочит да, ама ако не ти дозволуваат родителите да се разведеш и вратиш дома, а ти немаш работа и финансии не е баш толку едноставна ситуација.
     
    На eliesaab, mode-kristina, pikabu5 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Или од љубомора или за манипулација.
    Прво ќе биде као не сакам да се мачиш , после ќе биде многу трошиш не излегувај , не се дотерувај итн (пак нема да е вработи се ) а ако писне бидејќи невработена а пример имаат деца ќе си трпи бидејќи “нема да може да ги издржува децата” ако спомне развод.

    Љубомора дотолку изразена за да забранува или додека е на работа да проверува мислам дека никако не може да се претрпи :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.170
    Допаѓања:
    57.158
    Пол:
    Женски
    Епа без работа и финансии, да си зависен од некој друг, знаеме дека не е едноставна ситуација.
     
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    4.012
    Тоа е еден маѓепсан круг, се мажиш пример само што си завршил образование, одиш кај неговите и додека се свртиш немаш поддршка немаш финансии, зависен си во секоја смисла. Тешко се излегува од тој круг.
     
    На mode-kristina, WildMk, pikabu5 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.109
    Допаѓања:
    149.390
    Пол:
    Женски
    Знам неколку вакви за жал ама една ми е прилично блиска..

    Мажот и не и даваше да работи за да се грижела за домот, а тој пари ќе носел
    Кога пак се врати женава на пушењето, маж и почна да не и дава пари за дома па дури и потребите на децата не ги подмируваше (протези очила итн) ..
    Женава виде не виде се вработи..
    Мажов почна да и прави проблеми затоа што сите колеги и се мажи и на крај и рече да си оди од дома.
    Си ги собра парталите и децата под рака и кај нејзините.
    Сега е милион пати посреќна..
     
    На A.n.g.e.l.a.V, Victorian, marchi-cool и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Машки
    Епа најчесто тоа е главната причина зашто некои се женат со жени кои не се самостојни (пред се` финансиски). За да можат да ги доминираат и командуваат. И на крај да речат: Кај ќе оди, ако ме остави?
     
    На friendy, mode-kristina, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    15.733
    Еве јас нема да работам ама да потпише договор дека ќе ми исплаќа на сметка сума колку што заработувам сега до крајот на мојот живот :) Да скратам, сам ќе ме остави :D
    Инаку, шала на страна, се знаат причините, им одговара да имаат некој зависен од нив што ќе игра како што тој ќе свири.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, mode-kristina, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    33.848
    Пол:
    Женски
    Жените од мојот пример им се покорија на мажите, само што едната подоцна се разведе и си замина во нејзиниот град.
    Првиот случај,вработена во бутик, убава платичка, слободни денови, еден ден напушти.
    Бидејќи сме мал град се ќе видеш и ќе слушнеш.
    Причината била љубомора од нејзиниот сопруг.
    Дури скандал еднаш направи. (facepalm)
    Не смеела да оди на работа, тој бил шофер, земал убава плата она да седела дома, да си врши домаќински работи.
    Многу ми падна криво.

    Вториот пример, вработена во фабрика, мажот болно љубоморен.
    Секој пола час и звонеше на работа, да не случајно била на пауза со колегите.(facepalm)
    Напушти работа, трпеше уште малку, на крајот и пукна филм, се разведе.

    И двете ми беа блиски.

    За жал ова не е искоренето.
    Има такви случаеви многу.
    Некои затуцани мажи останати у 19 век.
    Заостанати со мислењето дека на жената местото и е само во кујна.
     
    На WildMk, mode-kristina, Hortenzija и 6 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    301.838
    Јас познавам еден пар каде мажот на жената не и дава да работи.
    Таа е фармацевт.
    Негова причина- тој заработува доволно за лагоден живот и нема потреба таа да оди по аптеки да работи на смени за 15000 денари.
    Си ја осигура во неговата фирма.
    Нејзина причина - подобро да си седам дома и да си ги одгледувам децата, да не ги носам по градинки, да ги згрижам после училиште отколку да седам за 15000 денари во аптека.

    Немора секогаш љубомора да е во прашање.

    Вакви случаи и порано сум чула.
    Две јатрви беа, мажите (браќата) имаа фамилијарен бизнис и не им даваа да работат.
    Двете беа задолжени само да шетаат, да одат по салони за убавина и да уживаат.
     
    На marchi-cool, IRBBB, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    5.665
    Допаѓања:
    28.286
    Пол:
    Женски
    Познавам и јас еден пар кај што жената не работи, а не е љубомора во прашање. Ептен ми се блиски и затоа знам. Осигурана си е во фирма, мажот ѝ е шофер, а она си ги чува децата, си оде по кафиња со другарки, по кафани,едноставно си ужива. Дома сѐ и е средено. Во мало гратче живеат, а знаете како е со работа таму. Порано работеше во конфекција, ама се откажа и толку.
     
    На cresa-jagoda, Martka, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.