1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пријавување криминал

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 5 август 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Читав по темиве и наидов на многумина кои оправдуваат и практикуваат подмитување и фаќање врски за различни потреби.

    Не е нешто ново ова што го прочитав, сите знаеме кај нас дека повеќето решаваат проблеми на тој начин.
    Ме загрижува фактот што таквите се во многу голем број, толку голем, што во сите сфери на нашето општество е тоа по дифолт. Во секоја институција има такви кои примаат мито. Секојдневно има примери на луѓе кои бараат пријател да им скине казна, да им поправи оценка на детето, да завршат работа преку ред некаде, да добијат место во студентски дом, да добијат работа, диплома... итн итн.. листата е бесконечна.

    Имам навика, доколку посведочам криминал (да ова е криминално однесување), да пријавам кај надлежните. Многу често не спроведуваат, бидејќи и тие се дел од таквото функционирање на системот. Не знам колку пати во МВР сум пријавувала тепачки, насилства врз жени, пукање од огнено оружје итн. Не се' било процесуирано, често се обидувале и самите полицајци да ме одвратат од идејата да пополнам изјава и да биде предадена во ЈО. Но не се откажувам. Би сакала и мене некој ако ме тепа, некој да пријави.

    Интересно е на пример, како комшии знаат се' за секого во маалото, ама ако има кражба тогаш никој ништо не знае и избегнуваат да дадат изјава.

    Од друга страна, сум имала искуство кога полицаец, додека пријавувам, ми има нагласено дека е многу добро што тоа го правам, и дека имаат проблем со тоа што луѓето не пријавуваат. Дури и имале некои кампањи, кога контактираат со народ, да им ја објаснуваат потребата од пријавување криминал, и дека им фали соработка со народот.

    Она што ме интересира е, како вие гледате на сето ова? Дали оправдувате криминално однесување? Дали замижувате ако знаете за нечие криминално однесување? Дали пријавувате доколку сте сведоци на криминал? Дали доброволно давате изјави како сведоци?
     
    На sj *O*, boo3, Jas! и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Добро, никој од форумот никогаш не пријавил ништо?

    Ами како да нема криминал, ако не пријавувате бе?

    Чим онаму на темата коментирате, што не ви се допаѓа во Македонија, зошто не сте презеле ништо?

    Или така... само да си кажиме што ни смета, и да чекаме само од себе да се реши?

    :D Ах бе македонче, македонче :D
     
    На toogood и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Да, сме пријавиле украден точак, два пати... полицијата два пати ни рече, ништо, тој сигурно е продаден до сега... и така :D Tие си зедоа плата тие месеци, ние останавме два пати без точак. Инаку ова во два различни града, да се знае оти полицијата е секаде иста, хаха
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Конечно, некој да одговори дека пријавил. Фала ти.
     
  5. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    @WildMk Имам пријавено насилство.Ништо не превзедоа.
     
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Неодамна чув за некој идиот што наточил гориво во една бензиска, па фино лепо му ја здувнал без да плати. Вработените пријавиле, а полицајциве возвратиле дека е веќе касно штом заминал и не можат ништо да сторат.
    Мисла дека и повеќе од јасно ни е дека џабе е и да пријавиш кога тие не си ја вршат работата како што треба.
    Сведок сум на нивната непрофесионалност и незаинтересираност, кога поминував низ град ги чув како се договараат каде да отидат на јадење и кафе бидејќи немало што да се работи нели. Па досадно е да дремеш во комбе во работно време и да си ја вршиш должноста. :D
    Не знам како е по други градови, не сакам да генерализирам, ама кај нас и да има и да нема полиција- исто е, сосема се бескорисни.
     
    Последна измена: 8 август 2018
    На Alisa22, Belgin1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Јас сум пријавувала, не само во МВР, туку и во инспекторати и други надлежни, и се реагирало некогаш и се презеле соодветни мерки.
     
  8. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Пријавувам криминал и други прекршоци кои колку ситни да ни изгледаат ни ја уништуваат државичката и го поддржуваат оној менталитет дека ништо нема да се промени. Имам пријавено случај на семејно насилство, еднаш дадов доброволно изјава во полиција за една тепачка како сведок - не ме повикаа на суд, странките си се спогодиле и си платиле прекршочни казни за нарушување на ЈРМ, имам пополнето и приговор проти вработена во еден од мобилните оператори која не го почитуваше бројче системот туку нејзини луѓе си викаше, и да понекогаш блиндирам на возила кои брзо возат иако нема полиција на патот :lol:
     
    На IRBBB, M.B., sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Надежта во луѓето, за нијанса поголема... :)

    Посебно ми се допаѓа она со блиндирањето. Бидејќи е поради безбедност, а не поради казна.
     
    На sj *O* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да де, за украден точак одговор од полицијата: "За толку пари не ни се исплати да го бараме".

    Еднаш седев со еден сексист, ѓубре од човек, инспектор во МВР. Му се крена коса што женско седеше на иста маса со мажите па и му противеше во муабетот :rofl: Кажуваше како за мали кражби не се ни труделе да ги фатат, не им се исплатело. После тоа почна да раскажува каку му украле од кола две маици од Пренди од по 220 денари и многу се изнервирал, зел отпечатоци и го нашол крадецот. Значи за него за помалку од 500 денари може да се ангажира, а за друг за велосипед од 9000 не може, не бил доволно скап.
    Имам роднина полицаец, случајно фатил украден телефон, на финта го фатил крадецот. Во станица инспекторите ќе го убиеле затоа што се мешал кај што не му е работа. Требало да игнорира иако приметил дека е украден, вака им отварал работа.
     
    На sj *O*, realGirl, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Може и полицаец да се пријави во внатрешна контрола.
    Секогаш, и над шефот има шеф.
     
    На oblace1, sj *O* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Не сум пријавила криминал. Не сум ни имала потреба. Ама од искуство на други ке кажам дека ништо не се презема, за жал. Таква ни е државата.
     
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Ќе го пријавам Шилегов за комарциве па ова не е нормално да порано имало комарци ама оваа година не е нормално ајде касале комарци ама не вака .
    Огромни пликови имаме од касање на комарци вчера цело лице ми се здрви мислам дека ми гореше па ставав мраз и крема за вакви работи.

    Иначе да имам пријавувано некои работи али без полза ...џабе е се во нашава држава.
    И сум сакала да го пријавам комшијата ама не го пријавув бидејки знаев дека нема ништо да се направи и се по старо ќе биде
     
    На sj *O*, baba Rada и Jas! им се допаѓа ова.
  14. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Не сум пријавила криминал до сега иако пред неколку години сакав али немав доволно докази и не бев сигурна а сериозна осуда е, се сомневав во еден тип низ маало што го гледав дека е педофил на два пати го видов со различни девојчиња а кога поминував наеднаш се разделија и многу сомнително ми падна уште првиот пат и после и друго девојче и се мислев што да правам а типов скроз непознат ми е не му знам ни име ни ништо и после не го видов повеќе само тоа ми остана така неразјаснето.
    Како би изреагирале вие во ваква ситуација?
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Искрено моја роднина постојано пријавува било какви нерегуларности. Но оправањето на државата мора да тргне од самиот врв на државата - рибата смрди од главата. Во држава каде припадник на МВР се удира од пајак и покрај тоа што цела држава знае дека тоа е лага и министерот за внатрешни работи самиот ја заташкува работата; потоа премиерот на државата Заев фатен на дело како бара мито со снимка не е обвинет - читај судството е под негова контрола - немаме правда, делат средства за иновација по партиска книшка на фирма затоа што купиле кола со еуро 6 (јаката иновација), набавуваат 60 возила за МВР без тендер во вредност од пола милион евра од фирма која не е генерален застапник за Шкода во државава под изговор итно е, и што ли уште не , смешно е да мислиш дека државата ќе се оправи ако пријавуваме во МВР.
    Маж ми еднаш пријави дека ми го украле точакот и за чудо му го најдоа после неколку месеци.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.556
    Пол:
    Женски
    Возрасна жена,баба на едно од децата (група од 10-11-12год. деца) одејќи кон продавница посведочила на кражба на сладоледи во која група бил и нејзиниот внук.Си влегла во комшискиот дуќан во кој секој ден пазари и ги познава сопствениците како комшии, без притоа да им каже било што на децата или на газдите на дуќанот . Се јавила само на мајката на детето .
    Изговор бр.1. Може децата ќе ја нападнале
    2. Ќе му се налутиле другарчињата на внучето па ќе немал со кого да игра !
    Почнувајќи од вакви ситуации што понатаму да очекува човек ?!?
    Е кога го украле велосипедот на внук и од пред зграда тогаш галама до небо кренала како никој ништо не видел ?! Очигледно има и други како неа па си молчат Оти нели не е нивна работа!
    "Сва среќа "не ми беа потребни сведоци за семејното насилство имаше доволно физички докази инаку ниту еден мој комшија немаше видено и слушнато ништо ! - тоа биле семејни лични проблеми, не можеле они да се мешаат.
    Нели имаше измени во Законот член кој предвидува парична казна за сведок кој нема да пријави насилство ?!? Очигледно не се користи во пракса.
    И можам да набројувам во недоглед криминални однесувања, што од граѓани што од службеници ама за жал не знам како тоа би решило нешто .
    -"Не се прави по паметна од другите што молчат, ти ли ќе ја оправиш цела држава , чуждо гајле не бери !?" Универзален изговор во секојдневието !
     
    На realGirl, Jas! и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Знаат комшиите се'. Само кога е за оговарање, реферати, есеи можат да изнапишат... Знаат и ако има семејно насилство некаде. Само што молчат, кога ќе треба да сведочат... што викаш, да не се мешале. А мешање не е сркање со двете раце по цел ден: овај вака - онаа онака.
     
    На Jas! и tambelina им се допаѓа ова.
  18. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Сум пријавувала многу работи, ама што дека.
    Кај што има сила, нема правда.
    Така да, лично јас полицијава не ја сметам за никаква институција, јас самата за себе сум си институција и на свој начин ги решавам личните незадоволства.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    4.405
    Пол:
    Женски
    Пред извесно време во влез начекавме две сомнителни лица, 2 минути подоцна сфативме дека се крадци и дека провалиле кај нас дома. Се беше расфрлано по земја, но очигледно немале доволно време, па не нашле ништо. Повикавме полиција, направија записник и не советуваа да не стравуваме многу, затоа што сигурно не станувало збор за некоја опасна група. Немаше украдено ништо, па доволно ви е јасно дека никој не се потруди ни да започне истрага. Што има па тие да се малтретираат со истраги, и онака се си беше дома (facepalm)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Кај нас во нашата држава значи кога ќе ги вработат полицајци докторки преку политика тие се опуштаат и работата ја сметаат за ладење дека се снашле ај па ке си ги ладат и несакат да превземаат одговорности. Полицајците нели за нив се е дозволено познавам полицајци што дилаат, си ги тепаат жените таков ли да те бране бре?
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.