1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некој знае дека сте член на форумов?

Дискусија во 'Слободно време' започната од crazylady, 28 јуни 2011.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не сум им кажала, ама и да знаат - не би ми пречело.
    Мислам дека сестра ми знае, затоа што иако имаме свои посебни компјутери, една до друга седиме па веројатно видела дека пишувам. :)
     
  2. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Знае само една другарка :| Иако не сакав да и кажам, самата виде кога бев логирана од лап-топот :| наку не би кажувала, тоа си е потполна приватност и да можам слободно да ги искажувам мислеењата без да си мислам дели некоја другаррка или другар ке го прочита мислењето, па што ке речче, ова она :?:
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Знаат 2-3 другарки, немам што да кријам од нив :)
     
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Моите не знаат и нема причина зошто би знаеле.Оваа е моја приватност и сакам да си ја оставам душата тука без да се грижам дали ке види некој,па што ке каже,што ке помисли ..

    whatafuck

    толку.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Знае најдобрата другарка затоа што заедно решивме да се зачлениме, двете.
    И уште една другарка знае, затоа што беше кај мене и заедно ја разгледувавме темата Вашите нокти и кога стигнавме до моја слика имаше момент од типот: Еј, исти нокти како твоите!!.. И така дозна.
    И сестра ми ми се мота над глава секогаш кога сум на компјутер, гледа дека сум нон-стоп на фемина, но никогаш не сум пишувала во нејзино присуство.. Можеби се сомнева дека сум зачленета, ама не верувам дека никот ми го знае..
     
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Сестра ми знае само, и уште неколку другарки ама тие не ми го знаат никот :)
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    мојата приказна со Фемина започнува вака... :)

    Си напраив прво еден акаунт зашто ми требаше да прашам нешто. и ај ми се виде интересно и си го користев тој акаунт околу една недела се додека дечко ми не дојде кај мене дома и ја додека му ставав сокче низ кујна ова она, он си буричкал у ком и видел ја неодлогирана и си шеткал по мислења. ја па се сум ставала слики во Згодни Момци и Кого би сексале од естрада :lol:
    ај опасно што се испокаравме, го баталив и акаунтот, т.е. сменив пасворд и коа требаше нели да потврдам од меил ја блокирав адресата на Фемина и не ми стигна ништо за потврда. фактички ми умре акаунтот ;( :D
    на почеток тоа и ми беше страв да не мислат дека двата ги користам истовремено па да ме бануваат, ама се смирив коа ми кажаа дека не, пошо тој згина одамна :rofl:

    ај помина тоа што помина и после некој месец си седнав така одлучно лајк а бос 8) и решив да си направам асално акаунт и му кажав. и сеа знае он која сум што сум се, се пуштам и од кај него, затоа не ни пишувам во секс теми :lol: :rofl:
    и он си има машки ама има прашано само 2-3 работи мене што ми било глупаво да прашам :)

    а вака кои се знаат, па ваљда мајка ми и брат ми пошто кога ми влагаат у соба гледаат што ми е отворено, мада ништо ми немаат искоментирано до сега.

    инаку форумов е погодно место за стекнување пријатели. од тука си запознав една што сега многу си ја сакам. :wasntme:
     
  8. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    За форумот знае маж ми, ама не ми ги чита мислењата, си имаме различни ком. Он дозна кога отидов да варам кафе сум заборавила да се одлогирам и ми го виде никот :) Инаку знам дека и снашката моја и една другарка е зачленета ама не знам кој се и мислам дека така е подобро. Мислам дека ако ги прашам ке ми кажат ама подобро е вака, секој со својата приватност :D
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Не кријам од никој дека постојано дремам на форумов. Пријателки, другарки сите знаат дека постојано го читам и посетувам форумов, но на никој си го немам кажано корисничкото име. Едноставно не кријам, но сум немала ни потреба да кажам некому. Знам често да кажам прочитав на Фемина, или прочитав на форумов, па веројатно тие самите се свесни дека сум регистрирана.
    Покрај пријателите, знаат и мајка ми, брат ми и дечко ми. Единствено корисничкото име ми го дозна брат ми, кога влезе во соба и ме виде како коментирам. Сепак јас не кријам ништо и немам проблем дека некој ќе ме дознае :)
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Знае само другарка ми најверна, зато шо и таја е зачленета, ама не коментира ништо, само не чита. :)
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Чувам во строга тајност, верно како што се чувал клучот од појасот на невиноста. :)

    Сега за сега не знае никој, брат ми знае да ми зјапне во компјутер ама јас елегантно минимизирам во тие моменти
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Немам кажано на никој, а се надевам и дека ме нема некој откриено...Ако некој мисли дека ме знае, грешка е, се препознал :D
    Едит-освен мм, но не ме чита, реков забрането е :ninja:
     
  13. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Само еден другар и другарка, кои ми се најблиски знаат дека сум членка на форумов. Другарката еднаш виде како сум потпишана, но тоа беше уште на почетокот кога не зборував многу за тоа. Незнам дали сега го памти, но и да е тоа така, не ми е проблем.
    А дека често листам низ форумов знаат уште една другарка и дечко ми.
    Ми се чудат што правам толку време тука .. но ајде, јас си знам. 8)
     
  14. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Само најблиската другарка ми го знае никот, а и да ме чита, она веќе се знае, нема што да кријам. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Знаат неколку другарки,сме паднале на муабет,мада нема што да кријам, таа сум си 8)
     
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Само една другарка сега знае, ама не знае како сум потпишана. И таа била тука некаде, ама ни јас не знам која е. Ќе ја најдеме , ќе ја најдеме :D
     
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Mене никој не ме знае. Сум зборувала со најдобрата другарка дека имам акаунт на фемина, ама ништо подетално околу тоа. Никогаш не сум си го спомнала никот.
     
  18. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    10.085
    Моите најдобри пријателки го знаат мојот ник на форумот и редовно ме читаат :D
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Никој не ме знае ,освен една другарка на која не и кажав туку ми рече те најдов на фемина на форумот дека пишуваш ,ма да јас искрено не кријам дека си пишувам на форумов :)
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Само една другарка знае, дури и името, ама знам дека не ме чита зашто воопшто ни форумов не го посетува. А и да чита, ништо страшно и онака се и кажувам :)