Колку пријатели и непријатели имате додадено на фемина форумот? Дали и (ако да)зошто сте го додале некој за непријател? Еве на пример јас да си кажам : Имам додадено 9 пријатели, тоа се некои чии мислења ми се допаѓаат и редовно ги следам. Непријатели не додавам. А вие? Ако темава е несоодветна, дупла или непоттикнувачка- КЛУЧ !
Јас па немам ни пријатели ни непријатели. Форевер алоун А шо ќе биде ако тебе те ставам за пријател на пример? м?
немам додадено пријатели,не ми претставува некое посебно значење,а и ако додадам би ги додала тие што ги знам лично според мене нема никакво значење и потреба од такво нешто,но сепак ок - јас лично не ја користам таа опција а за непријатели, прво не сум дојдена овде да се карам,а уште помалку да додавам некој за непријател ја пријателкиве што ги знам не сум ги додала не па некој друг
Имам неколку пријатели, а таму стојат од едноставна причина. Редовно ги читам, и побрзо ги барам. Непријатели немам. Всушност ако ставиш некој за непријател, неговите мислења ти се сокриени.
Имам некои во пријатели, не се многу. Сега заборавам да додавам и не ја користам таа опција како порано. Некои од тие форумџивки што ми се во пријатели повеќе не се ни активни, за жал. Во непријатели имав две девојки кои ја напуштија таа листа после случајот со најголемиот фемински трол а едната ми стана дури и мила на некој начин, затоа што видов дека се променила на подобро и мислењата и се разликуваат од оние кои ги читав порано, односно не ги читав оти ме иритираа.
Среќа што ја отворив темава за да дознаам дека имало и таква опција. Имам омилени девојки што радо си ги читам, а тие што ме иритираат ги скролам. Понудената опција според мене е непотребна.
Кога се зачленив додадов неколку, така, кај знам зошто. Ваљда сум помислила дека така треба А не ги ни имам заприметено по темите, изгледа сум додавала тие што ќе ги видам. Ќе ги средам кај и да е, и ќе ги оставам само оние со кои сум во контакт, и тие што ми се од Кичево. А непријатели немам додадено, не гледам некоја феминка како непријателка (сеуште)
Јас па не ни знаев дека имало таква опција А кои бенефиции ги имаш ако додадеш некого за пријател или непријател? Ако ти е за нерпријател нема да му ги гледаш мислењата, или нешто во тој стил?
Јас имам само една приајтелка извесна НЕсреќна која ја немам воопшто сретнато никогаш на форумов, искрено незнам ни како ми се нашла во пријатели Непријатели немам
Имам 15 пријател(к)и, луѓе што сакам да ги читам редовно и да не испуштам ништо од нив. Непријател(к)и немам.
Сакаш да имаш... ај бе еднаш да се испокараме хахахахахах =)) се шалам пилеее =) инаку јас имам 5-6 пријателки , сеуште немам непријател/ка (и не сакам да имам ) иако неколку форумџики на моменти ме нервираат со постовите (АМА САМО НА МОМЕНТИ) и тогаш си ги скролам
Нит пријатели, нит непријатели. Еден период ќе ставав пријателки, ама оти ми се видоа многу, не ги ставив. Како и да е, не ми смета опцијата, ама не чувствувам потреба да ја користам.
Во пријателки ми се ставени оние личности со кои контактирам по лп, нели ги покажува дали се онлајн или не, па да знам дали да очекувам брз одговор или не . Исто и другарките ми, ако ги нема на фејс сигурно дремат тука . А ако ги ставам сите оние кои ги читам, листата ќе биде фиууу... Непријателки немам, сите ги сакам .
Нема додадено ни пријатели ни непријатели . Бидејќи сум пријателски расположена повеќето феминки ги сметам за пријатели. Непријатели немам, можеби сум забележала некогаш некои негативно настроени кон мене, но на тоа не сум обрнала внимание.