Ќе ја ставам темава овде бидејќи не е со бебиња поврзана па да стои во другата подкатегорија. Она што ме интересира и сакам да го продискутираме е пријателствата со другите мајки. Колку мајки пријателки имате? Дали откако станавте мајка ви се смени погледот кон пријателствата и се ориентиравте повеќе кон пријателките со деца? Сте се запознале ли со друга мајка и веднаш да ви кликнал муабетот во однос на воспитување на дете? Или можеби ги одбегнувате оние што имаат различни погледи од вас? Јас се запознав сосема случајно со една мајка и веднаш ни тргна муабетот, некако многу слична приказна имавме и почнавме постојано да си комуницираме и децата да ги дружиме. Моментално немаам некоја поблиска пријателка без деца, и неколку пријателки од порано веќе се со деца, а и движењето сега е такво што повеќе е со луѓе со дечиња. Колку се поддржувате една со друга кога имате и спротиставени мислења? Мислам дека е малку широка темава и би била интересна дискусијата, па споделете искуства.
Имам две блиски пријателки мајки со кои се дружиме секојдневно, и ние и децата. Со едната имаме многу слични, да не речам исти убедувања и ставови кога станува збор за одгледување дете, но со другата сосема спротивни. Вторава на пример, му дава кравјо млеко на детето од 9 месеци, му дава да јаде нешта кои јас не би и' ги дала сега на мојава, зошто се тотално нездрави и слично. Но немам проблем со тоа, нејзино дете, нејзини правила. Јас не и' солам памет, ниту таа мене. Дружбата ни оди супер, без разлика на спротивставените ставови. Се' додека е тоа така, верувам дека ќе се дружиме, пред се' зошто енергиите ни се многу слични. Се знаеме од пред да родиме и двете, така што и тоа си има свое влијание на дружбата. Само затоа што некој има различен став од мојот во однос на дете, не ми е причина да не се дружам и разменувам искуства со него. Се' додека нема напаѓања и солење памет, се' ми е прифатливо. Дали сум повеќе ориентирана кон пријателки со деца откако родив, па несвесно би рекла да. Кога сум слободна често се фаќам дека попрво се јавувам на мајкиве, отколку на другарките што немаат деца. Веројатно зошто најчесто е тоа за викенди преку ден, кога можеме да ги шетаме малите во парк и да се дружиме, а и зашто си мислам можеби другарките без деца не би сакале да не' дружат со бебка. Не дека не сме излегувале и со нив, но ете, дружбите со оние што не се мајки ни се најчесто вечерни излегувања, кафана, женско друштво и така. Допрва ќе ми тргне бебка во градинка, па и таму сигурно ќе почнам да комуницирам со други мајки. Едноставно, кога имаш дете, опкружувањето ти е тоа, со млади мајки. Се трудам да не запоставувам никого, во секој случај
Јас во друштво имам и такви и такви иако повеќето се мајки со деца. Околу ставовите и начините на воспитување со дел сме исти, но со другите ни е различно но научив дека треба да си преќутувам. Порано знаев и да наметнам став но со тек на времето увидов дека некои работи не се прифатливи за сите и дека не им е баш пријатно кога јас *солам памет* Најинтересни ми се новите мајки о работите што ги прават и сите тие непотребни мерки на претпазливост околу детето но и јас бев таква така што немам право да коментирам. Инаку, околу тоа дека несвесно се јавувам кај мајки со деца кога имам слободно време, апсолутно е така. Не го правам тоа намерно туку гледам и децата да имаат занимација додека сме излезени.
Мајка ми се дружи со многу мајки на ,,другари/другарки” од основно. Порано во основно си одеа почесто на кафе, сега во средно ретко кога. Само во школо на родителска ако се видат праат муабет и толку. Од новиве другарки се знае само со 2 мајки и тоа еднаш се имаат видено во најлошата можна ситуација и не се дружат нешто.
Убава тема Кога останав бремена всушност дознав дека и две први братучедки на сопругот се бремени исто колку мене па од тогаш наваму сме ептен блиски,споделуваме се,примаме совети и кога не се сложуваме си тераме по свое без замерки..исто си живеам со две мајки со кои бевме заедно во болница и со сопруга на колега на мажот ми..Се дружам и со пријателки кои сеуште немаат деца,обожавам да испагам и разговарам со нив но да бидам искрена по убаво ми е со пријателките мајки,повеќе муабет,совети,искуства..
Oф леле, мaјкa дa си нa oвoј свет. "Дaли oткaкo рoдивте дете ви се смени пoгледoт кoн пријaтелствaтa и се oриентирaвте пoвеќе кoн пријaтелствa сo мaјки?" "Или мoжеби ги oдбегнувaте oние штo имaaт пoинaкви пoгледи oд вaс" претпoстaвувaм се мисли нa нaчин нa oдгледувaње. Дaли сериoзнo @RainBow не гледaш штo се' не е вo ред сo текстoт пoсебнo реченициве пoгoре?
Полесно е кога имаат занимација и се две или повеќе, ако е сама вика по мене зашто и е досадно и секако муабет не може да се направи. За делењето исти ставови со другаркиве одамнешни горе - долу исто ги воспитуваме децата, ама и да не е така немам проблем. Секој до и за своето. Совет споделувам ако е побарано, инаку немам обичај да зборувам што и како, не сакам ни мене неповикани кога ми зборуваат.
Откако сум мајка, некако многу малце време останува за мојата дружба. Имам пријателки кои се мајки и кои не се. Дали имам ист став или не не се замарам. Не им се мешам, и се додека не ми солат памет не се лутам и бунам. А детето ми е такво што секој на улица ја застанува и збори, ја закача, па со сите мајки имам ок муабет. Најчесто околу однесувањето на децата. Не го сакам типот на мајки, кои се изнашетаа, деца оставија дома, имаат време за се, децата спијат по 12 саати ноќе плус 4 дење, а ми припаѓаат у несвест дека се преморени. Не дека не ги сакам, него едноставно не можам да им верувам зошто, знам и гледам какви им се децата. Но, сепак сметам дека оној кој има дете повеќе ќе те разбере. Сепак обврските си го прават своето. За дете мора да се зготви, испере, пегла, да се запази ред.. вакцини, болести, паѓања.. заби, тантруми. Плус работа, маж, други обврски. Ама за дружба ако навистина сте блиски и се разбирате не гледам проблем.
јас моментално спаѓам во таа категорија. Се дружам со мајки на пријателчињата на син ми од градинка,а сега од септември очекувам "зголемување на пријателствата" може малку е смешно ама таква ми е состојбата. Инаку сум во контакт со пријателките од претходно а повеќе со тие со деца.
пријателствата со пнежниов пол некако во принцип не ми се најјака страна , со некои мајки комуницирам само од чиста култура ама подлабоки пријателства не сум склопила зашто битен ми е карактерот на човекот..... понекогаш се плашам дека можеби како поминуваат годините толку по пребирлива станувам , ама чиста реалност е дека повеќе немам потреба од празни муабети и површни личности во мојот живот
Zalam nemam kirilica. Nisto ne mi se smeni otkako imam deca. iskreno poveke gi sakam zenite bez deca, znaat da kazat nesto drugo za slucuvanja niz svetot, otkolku da slusam prikazni za deca. Ne sakam da zboruvam mnogu za decata. Sakam sekakvi razgovori i sekakvi temi. Taka da tipot na prijatelki otkako imam deca, voopsto ne mi e promenet 50:50 so i bez deca P.s. gi obozavam zenite so deca sto sakaat da debatirame za opsti temi.