Вечна дилема,дали е возможно искрено пријателство помеѓу личности од различна вероисповест,дали луѓето треба да ги прифаќаме како браќа/сестри по вера или браќа/сестри по делата/човештината,некој кој не почитува онакви какви сме,без осуда,предрасуди.... Со една реченица: Дали е толку важно,што сме на крајот од денот или најважно e дали сме светлинa или темнина во овој земски живот? Посебно ќе бидам благодарна,за коментари од припадници на муслиманска вероисповест. Што мисли за ова современиот муслиман?
И те како е возможно. Имам другарства и тоа саглам. Со една од нив дури, религија ни е омилен муабет. Не е до верата, до (не)игнорантноста е.
Сум имала и сеуште имам другари/другарки муслимани. Добри луѓе се, добро стојам со сите и буквално нема никакви бариери меѓу нас.И ми се допаѓа тоа бидејќи во денешно време, поготово во Скопје, поради мешниот етникум има доста проблеми, несогласувања итн,итн. Кој е човек со мене и јас сум со него.Не ми е битно возраст, пол, раса/нација/религија, род.
Се согласувам потполно со тебе,но познавам едуцирани луѓе,добри воедно,кои сеуште имаат проблем како да воспостават контакт со други кои се различни од нив. Чудно,нели?
Во пријателството се бара човечност а не вера и такве ствари. За жал повеќе добрина ќе видиш во луѓе муслимани одколку во комшијата
Која е разликата меѓу муслиман и современ муслиман? Моите пријатели од исламска вероисповед се само муслимани и не ги делам на несовремени и современи.
Се согласувам со тебе,многу пријатно искуство имам со познаници муслимани,една од моите најдобри другарки во минатото беше Муслиманка-Турчинка
Мислам на конфликтот што се јавува кај некои од нив кои го практикуваат исламот по ажурно,на цитат од Светиот Куран кој изрично опоменува Муслиманот да не зема за пријатели Христијани и Евреи... Не сакам некој да се најде повреден со оваа моја изјава. Затоа преферирам одговор од наши сограѓани муслимани.
Многу има што се повикале на тој ајет и ги збунувал. Ама, луѓето објаснуваат дека тоа имало врска со тогашната состојба меѓу тие народи и го оправдуваат со друг ајет во кој се вели дека треба да се однесуваш праведно со тие коишто не те прогониле од сопствениот дом, не војуваат против твојата вера и не ја мразат. Сеа игра на зборови. Кој сака да развива душмански чувства ќе извади нешто од контекст и ќе се фокусира на тоа.
Кога се вљубуваш во некого,зборувам за чиста спиритуална љубов нетелесна,се вљубуваш во неговите добродетели,морални вредности и начела а не во неговата вера,таа е само еден дел од неговиот карактер.....
Јас имам комшии од муслиманска вероисповед со кои и ден денес сум во подобри односи со некој од христијански вероисповед
Мислам дека повеќе е обид да се искористи верата од страна на религиозните лидери,како средство за манипулација со широката маса. Или си добар-лош,светлина-темнина,љубовен-нељубовен.... Како постапуваш со луѓето така и најчесто,но не секогаш и ти се возвраќа.
Шознам, верувам во Господ, читам, истражувам и не сум нашла ништо што би ме натерало да мразам луѓе, па макар изричито напишано да е. Ако се извади од контекст погрешно делот на разговорот на Исус со Самарјанката може да поттикне еден вид размислување. Ама, параболата за добриот Самарјанин те наведува на многу поинакво размислување. Кој на што сака да се насочи.
Веќе 12 години трае, и ќе трае. И за арно и за лошо, сме тука. Крштевки, родендени, свадби и погреби. Стварно ми значи ова пријателство. Кога сме заедно не постои наши и ваши, сите сме исти
Ако не сте мажени и двете,не дозволувајте вашите партнери или идни сопружници,да ви го расипат тоа што сте го граделе толку долго.