ја отворив темава поради внук ми би сакала да слушнам совет и мислење па и лек ако знае некој има 1 годинка и 3 месеци и сеуште нема косиче секаде го носеа кај ќе стасаа кај ќе слушнеа. нема ни веѓи . на главчето е како избричено се познаваат влакната под кожа но не продираат низ кожата. имавте ли вие ваков проблем?
синди навистина незнам да одговорам на твоето прашање ако детето е плавко мислам дека не се познаваат толку косичката и веѓите.. или па можеби покасно ке почнат да растат.. подобро некој нека ти каже точно што знае. инаку и јас имам еден проблем со керка ми , вчера прими вакцина и имаше вчера вечерта температура , и дадов парацетамол сирупче и и се смири ама сега ноџето кај што ја боцнаа и е малку црвено ми дадоа во аптека алуминиумска вода (ацидум борикум) да и ставам и еве денес и ставам цел ден и истото и е не и се намалува а нејзе ја боли и само плаче за колку време одприлика ке помине црвенилото , оваа и е втора вакцина на првата немавме никаков проблем. позз
Коритсаки би требало да помине за два-три дена, претпоставувам има и оток, не се секирај ќе помине. Секоја вакцина може да има различна реакција, а различно и од дете до дете, не сакам да те плашам ама понекогаш може и покрај температурата, црвенило и оток дури и дијереа да има. Нормално е да има реакција. Без грижи, ќе помине Синди, искрено не знам што е проблемот.
А за која вакцина се работи? Прашувам бидејќи си во Грција, не знам дали се исти како кај нас. Инаку, според возраста на малечката, би требало да се работи за реакција на ди-те-пер вакцината. Кај нас таа се дава во рака (додуша, кај нас уште нема поливалентни вакцини ) и предизвикува благо покачување на температурата придружено со болка и црвенило на местото на боцкањето кое може да трае неколку дена - мускулот е покомпактен и треба време вакцината да се ресорбира, затоа е присутно тоа црвенило. Нема причина за грижа ќе помине.
Zdravo na site mamicki,imam eden problem za koj mnogu se grizam imam since od 1 mesec i polovina i sakam da ve prasam dali na nekoja od vas na vasite bebenca mu se slucuvalo koga go drzite ispraveno potocno koga mu visat nozencata da mu pomodrat zosto nie go imame toj problem za koj vsusnost neznam i dali e nekoj golem problem ve molam za sovet i da mi kazete dali ste primetile nesto slicno vie pozdrav [mod-kirilica4t8455l][/mod-kirilica4t8455l]
мислам дека најдобро ке биде да се консултирате со лекар или педијатар,како за најсигурно...да е за некој повозрасен можда ке погодвиш ова може да е она може да е ама за бебенце што е сигурно е сигурно...барем според мене...и ако секогаш му помодруваат подобро е со време да си реагирате...поздрав
На малата и се појавиа црвени кругови на јазичето, како флеки, а пред тоа имаше и кандида ...Не знам од што и се, ама си јаде нормално, не и пречи.. Дали знаете што можи да значи покачени гранулоцити? Инаку леукоцитите и хемоглобинот и се во граници на нормала.
Ова не верувам дека е проблем, ама моето бебенце многу често и мирисливо прди . Дали некоја од вас има вакво искуство со бебушот, и што може да значи тоа? Ама буквално цееел ден потпрднува и тртка и некојпат бааги мириска (штипе очи ) ).
Како и сите бебиња така и твоето. Ајде не се секирај, се додека нема некои поизразити невообичаени промени во каката, се е во ред - така малата се ослободува од гасовите. Е сега, што не знае уште за манири - има време, ќе ги научи
Каката и е во ред, златно жолта. До пред две недели какаше редовно секој ден неколку пати по малку. Сега веќе периодов кака еднаш во три дена, ама кака не знаеш колку, значи до гуша се кака и одма одиме под туш .
Значи на темава во последно време само јас пишувам Сега имам друг проблем Јас го дојам моето бебе ама имам проблем што е ПРЕПРЕПРЕМНОГУ лакомо! Значи кога цица како да е последен пат па тука се загрцнува, се дави буквално, кашла и после тоа следи плачење секое враќање на града и вака се бориме најчесто секое цицање. Не знам веќе што да превземам, мислам дека ќе полудам!!! Ве молам дајте совет, кажете дали некоја од вас имала ваква мака! ПОЛУДУВАМ!
Ќерка ми има скоро 4 месеци а во последниов месец интензивно се лигави, под тоа мислам 3-4 лигавчиња во денот обавезно. Премногу е малечка за да се тешам дека е поради вадење заби. Не знам дали е ова нормално или што би можело да биде причинител?
Не полудувај! Тешко е знам, но прифати го фактот дека е лакома. Пробај да ја доиш почесто, можеби е прегладнета па затоа е таква? И јас го имав истиот проблем ама се среди кога почнавме со дохрана. Не знам да објаснам зошто е така, ама и Ј кога беше на тие месеци интензивно лигавеше и си мислев јас дека ќе извади запче. Ама ете 8 месеци е и сеуште нема запче. Лигавењето престана по десетина дена. А до душа, можеби навистина неа ја мачи запче
Мојата ќеркичка има полни три месеци и веќе недела дена многу се лигави. Не верувам дека ќе вади заби вака рано ама којзнае... Сега на 5ти сме на контрола па ќе прашам.
Пред некое време слушнав за ваков сличен случај. Мајката го доела бебето ама тоа еве исто така лакомо, цица како цицка да не видел, ама намалува на тежина. На крај дознала дека имала млеко ама не и тече, па затоа бебето бидејки гладно било така лакомо. Зошто да не пробаш со твое млеко во шишенце? Има пумпи такви...
Секако е лакомо, пробано е Инаку добро тече млекото, и те како се слуша кога голта. Ама ете лакома си е... а и на тежина супер напредуваме.
Нормално е лигавењето, тоа почнува кај секое бебе околу третиот месец, тогаш всушност почнува да си го тера патот запчето, не може за еден ден да избие, му треба неколку месеци за да избие на површината. Плус плунката му помага на бебето да ја неутрализира стомачната киселина,обично сите почнуваат со дохрана околу четвртиот месец и го обложува хранопроводникот (мислам дека така се вика) за да не се ствараат проблеми од повраќаното млеко. Моето синче е 4 месеци и во денот утоп прави најмалку 5 лигавчиња, нормално си е тоа.