Здраво,пред некој ден ја извадив едната (здрава)четворка,утре ќе ја вадам и другата,ги вадам бидејќи двојките ми се помали енормно од предните,па за да се направи простор со вградување на лак и да ставам навлаки на двојките.Дали би можела да имам некакви компликации и дали навлаките ми се идеално решение?
Има тема каде можеш да прашаш. Инаку нема да имаш никакви компикации освен ако те боли после вадењето може да се напиеш аналгин или дијазепам ( за отпуштање на нервите ).Навлаките нели се ставаат врз заби кои претходно треба да бидат умртвени, така бар знам јас.
Јас ги имам извадено двете четворки. Нема компликации само нема да можеш да јадеш на таа страна додека да се засири местото односно да престане да има слој крв , ако те боли ти кажале погоре некое апче . Штом ти ги препорачал стоматолог сигурно се добро решение позз.
@Annath Да, ама не ми беше воопшто излезен, па ме сечеа... Инаку, мраз ставам веќе 3 дена и не дека нема подобрување никакво, ама сепак имам оток. И претходно сум вадела умници и не ми беше вака колку што се сеќавам. Забележав и дека малце ми крвари местото кога ќе голтам
Ќе помине. Пошто не бил баш рутински зафат, можно е оток да имаш подолго време. Ќе помине, и отокот и крварењето.
@Annath Извини, морам уште еднаш да те означам. Од надворешната страна, фактички кај образот, денес приметив дека ми е пожолтено местото. Боја како пред настанување на модринка. Дали е тоа нормално? Да се мачкам со нешто или?
Нема потреба. Кога е жолто, веќе поминала модринката, тоа е крајна фаза. Модринка во настанување е потемна, баш модра, не жолта.
Извини, ама веќе кога пиша - како помина со сечење? Двапати ме чека ова па да се спремам психички. И дали да барам денови да ме нема од работа, т.е. дали боли толку многу што морам да бидам слободна отпосле неколку дена?
@Annath Фала ти, јас се исплашив да не помодрам допрва @Doozy Не е страшно воопшто, немој да се грижиш. Мене оваа ми е трета осмица по ред кај што ја вадам со сечење. Најгрд дел од се мене ми е ставањето на анестезија. Тоа е малце непријатно, а после не осеќаш ништо. Ден-два пред вадење и 2-3 дена после вадењето треба да пиеш антибиотик - мене ми дадоа Амоксиклав од 1000 мг, најверојатно за да не се појави некаква инфекција. Анестезијата ќе држи неколку часа, јазикот ќе ти е подздрвен и тоа е малку иритантно ама се издржува. Кога ќе приметиш дека анестезијата почнува да „пушта“, при прва болка напиј се апче против болки. Немој да трпиш, бидејќи болката постепено ќе си се зголемува. Ладни облоги обавезно ставај и седи во поладна просторија. Единствен проблем е отокот, како што има и Annath напишано - ќе трае подолго време. Така да, можеш да си одиш на работа. Болки нема да имаш кој знае какви. Внимавај на храна - јади само ладни работи: млеко, јогурт, овошен јогурт, пудинг, чоколадно млеко, сутлијаш. Мене ова ми беше менито 3 дена, постепено почнав да јадам по малку лепче и риба за да не го оптеретувам дополнително резот. Внимавај и при миење заби - не оди до крај со четкичката, за да не ти прокрвари местото. Се распишав повеќе од потребно, ама се надевам се е опфатено. Ако ти треба било што, прашај. И со лесно
Ти благодарам на исцрпниот одговорот и добро што ми посочи за антибиотикот - јас не смеам да примам АБ од типот на Амоксиклав, Зинат, Цефалексин и компанија, се надевам има друга варијанта. @Annath што даваат во вакви случаи? Или не даваат ништо? Не ќе е лошо да се консултирам со матичната, дали да правиме некој алерготест. Уште за анестезијата ќе те прашам, каква ти буцнаа? И со ова мака имам, првиот и последен обид за анестезија не ми фати. Ја уствари ги прашав сето ова кога закажував ама докторката беше у стил, ако не фане, не вадиме, нема да те колеме ... шо не знам колку е идеално решение, многу бутка оваа мојата, ќе ми ги искриви забите.
@Doozy Да не те излажам, поим немам каква беше анестезијата. Само иглата ја осетив Кога ме праша докторот дали ми е здрвено местото, јас не бев ни сигурна дали има фатено анестезијата, па уште убедена му давам потврден одговор Среќа, вистина имаше фатено
@Doozy, клиндамицин во такви ситуации, дури и подобар е од Амоксиклав и компанија. А за анестезијата, па две ќе ти стават во краен случај. Непријатно е боцкањето првиот пат, после не осеќаш. Дојди, јас ќе те боцнам, сите ми велат дека ептен нервот го погодувам
Уште одма би дошла јас, да бев малку поблиску. Инаку, две анестезиички лапнав и ништо, само јазикот ми се фана и шшкав после цел ден. На живо ми го поправаше забот. Мислам, милиметарче дупче беше, падна пломба ама таква болка немав истрпено досега. Не дека нешто мака сум имала со забите ама у мозокот внатре мислам ме болеше. Можда оти се шетав со отворен заб недела дена, баш пред одмор ми падна пломбата. Затоа се истрипав сега како ќе вадам умник ако не фаќа анестезија ама јбг. Прочитав нешто у Систина успивале, па ако треба, ќе одам да ме успијат таму.
Дали може некој или пак стручно лице да ми објасни. Имам проблем веќе незнам колку години,но сигурно 6 7 години откако извадив заб(млечен) и потоа почна да ми никнува другиот заб(траен) но потоа заостана во растот и остана мал.Дали некоја го имала овој проблем,како го решила,дали е можно натаму да порасне или некаква треба операција да се прави??? Инаку,сега сум 17 години
Панорамска снимка на заби и консултација со специјалист ортодонт. Можеби е таков забот, рудиментиран и повеќе не може да порасне, а можеби е внатре во вилицата, изгубил импулс за раст, или пак има некоја препрека и не може да никне целосно. Ако е првото, ќе се "дотера" естетски, ако е второто, лесно се решава со протеза. Оди на преглед и не се плаши, 21 век, постои безболна стоматологија што и да се прави
На местото кај што ми го извадија забот е подуено и го осеќам цело време местото како да ме гребе такво некое чувтсво....нормално ли е ова или треба да одам да видат што е ?