1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми со колената

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од sagittarius57, 5 јануари 2014.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Темава ја направив за да го споделам мојот проблем и секако да споделиме искуства за истиот :) Значи веќе 7-8 години по ред си имам проблем со десното колено, а поретко и со левото.. Десното колено го имам набиено, лошо ја имам згазнато ногата и од тогаш при промена на времето и кога ќе му е “ќеф“ на коленото ме боли. Бев на почеток на Шинка ( се надевам имате слушнато за нејзе ) но ми кажа не сум за кај неа и ме прати на терапии одев 10тина дена тогаш за тогаш беше во ред и после пак по старо, спиев порано со свиткани нозе ама еден ден плачејќи го исправував коленото, едвај станувам и кога седам некогаш. Бев на лекар ми го снимаа ама од него ни трага ни глас, се било во ред и така јас мака си мачам ( носам појас од Доктор Левин и ми помага кога го носам) ама не го носам редовно дека се познава и си се чудам некогаш што проблем си имам сега со колената ами за 10-20 години ќе неможам да станам ?? |(
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Слушај ме вака сега, остави Шинка(ја знам жената алал нека и е, но ова можеби е хируршки проблем), Левин и другото. Може да се работи за оштетени лигаменти или менискус. Ќе отидеш да те снимаат на магнетна резонанца, но во Скопје, и не кај кој ти знам кој туку или во приватна клиника или во Клинички центар кај некој добар доктор. Значи може да си закажеш преглед кај некој професор на клинички, ќе му ја објасниш детално твојата ситуација, скоро сум потполно сигурен дека ќе те испрати на МР, и подоцна според резултатите ќе ти даде соодветна терапија, а можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција.
    Можеш да бараш по интернет и билки и појаси и други надри лекови но додека не се даде дијагноза за твојот проблем, чаевите не помагаат.
     
    На Heisenber му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Ми викаат исто да не се работело за некој нерв потиснат или што знам имало и за тоа некој човек демек правел карате со прстот знаел точно каде да ти погоди ама страв ми е таму тоа директно вмозок удира :( а и ми викаат дека штом било набиено немало лек така ќе ми било цело време и затоа не запнав по доктори ама сега ме размисли да си појдам јас за сигурно што си е
     
  4. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Абе какво карате подалеку од такви типови кој знае како уште може да те повреди. Под итно на лекар. Ти ако слушаш баби што ти кажувааат дека нема лек, нема далеку да стигнеш. Ти реков на лекар, но кај некој по саглам, и се ќе се среди.
     
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    И тоа ќе направам нека поминат празнициве па да си фатам работава да средам се надевам дека добро ќе се заврши :) Фала ти за советот и Честит Бадник и Божиќ (ако славиш секако) :)
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Десното колено ако си го набила разбирливо е да имаш проблеми ама и левото ли си го набила, зашто и тоа ти реагира?

    Најверојатно имаш повредени лигаменти, нешто приклештено, набиено, можеби повреден нерв и тогаш е многу нормално да реагира на време. Ако си имала како дете ангини или инфекции тоа исто може да ти создаде воспаленија на зглобовите односно колената.

    Убаво ти рекоа погоре, место да погодуваш и да станува се полошо почни прво со дијагностика на лекар па дури тогаш ќе може да се предвиди некоја терапија, вака е само погодување :).
     
  7. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Како мала сум немала никакви проблеми, а со левото многу ретко имам проблеми го немам набиено тоа но мислам дека ми е од оптеретеност, а од тоа што ми е набиено што може да биде оштетено ?
     
  8. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    исто и јас имам проблем со левото колено, понекогаш ме затега коленото и кога го преморувам ме боле, исто така и многу ми 'рпа незнам како да кажам кај коленото, еве веќе две години имам проблем секаде сум била , првата година се жалев но не обрнав внимание но втората веќе почна да ми смета и бев на шинка и на други места ми викаа сум имала некој нерв истегнато или така нешто, но после некое време пак исто, потоа отидов на лекар и го снимав коленото но ништо немав исто и крвта ја проверив се нормално па после ми препишаа еден гел да се мачкам ама ни тоа не помага ,незнам веќе што да правам не можам нормално да одам со таа нога како со другата, треба може да одам во скопје да се снимам. :worried:
     
  9. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    И мене доктор ми кажа дека со коленото се ми било во ред и ми кажаа исто дека проблемот можно е да ми е во стапалото или половината (колкот) , а не во коленото :( и уште не сум била на снимање да откријам што и како е..
     
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    незнаев каде да го поставам прашањево па ајде овде. :)
    Многу лошо паднав на одбојка и сега на двете колена имам огромни модрици. ( а полуматура ми се ближи. :( ) На едното колено ми е поголема,бидејќи предходно имав лошо паднато, и тоа колено секогаш кога ќе се менува времето премногу ме боли,како да ме боцка нешто од внатре.
    Нешто против модрици ? :(
    се надевам не утнав темата. :|
     
  11. Heisenber

    Heisenber Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Јас си имам пропатено со тоа мое лево колено па се надевам дека би ти помогнал со мојот одговор.
    Никогаш, ама никогаш не оди на железничари, местачи и слични на нив „доктори“.
    Јас од поткинат менискус при лошо згазнување, влечејки се по тие надри лекари завршив со искинат надворешен менискус, завлечен (лезија) и скинат преден вкрстен лигамент. Од ништо, нешто :)
    За снимка единствено се важи МРИ. Моја препорака:
    Направи МРИ во градска/државна. Со резултатите под рака во Ремедика. Ќе си закажеш кај др.Борислав Илиев.
    Преглед чини 1500-1800 денари во зависност од тоа дали ќе ти прави и дополнително ехо( за утврдување)
    Ако најде нешто што не е во ред, веднаш ќе ти каже, и ако веќе одиш ќе ти го каже ова: „колку повеќе чекаш, толку полошо“.

    п.с кај мене не ни му требаше да му покажувам снимка МРИ, при правење вежби утврди дека е 99% сигурен дека знае што ми е.Ја погледна снимката само да види каде грешеле „докторите“ од градска и државна :)

    И знам, скап е. Ама нели, здравјето нема цена :)

    За тоа дека на промена на време те боли од модрица не ми се верува, може те удара на психа.
    А боцкањето внатре, каде поточно? Кога одиш/имаш некаква физичка активност/ или постојано боцкање чувствуваш?
    Можеш ли коленото да го виткаш?
     
    На ivancekitty и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  12. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со колената веќе 6-7години, некогаш ми се случувало кога одам да ми се измести чашката и дури и да паднам на прав пат, после поголема физичка активност осеќам големо оптоварување и ми се полмат колената со вода, со шприц ми ја ваделе или само по себе ќе спадне, сум била на лекар имам менискус и проблем со лигаментите, де тешавало со операција меѓутоа јас незнам дали би ги оперирала и двете колена, некако ми е страв.
     
  13. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Ме болат колената без никаква причина. еве веќе две години, има периоди кога ништо не ми е, и после кога ќе ме пукне болка, те во лево, те во десно, боли до состојба да не можам да свиткам нога. Прв пат приметив левото колено крцкаше многу ама си реков океј, нормално е, се друго ми крцка, зашто да не и коленото, ама после почна да ме боли. Не сум имала никаков удар, не сум спортувала нешто многу за да ги зезнам и двете. Бев на доктор, матичната ми рече дека сум дебела и затоа имам проблеми, ама па немам 200kg, имам 75 на 170cm, не сум мн overweight за да имам такви проблеми?! Ми рече да почнам да вежбам, идев месец дена на пилатес,после продолжив со трчање два месеца, али осетив луди болки, додека го правев и едното и другото, па прекинав. Бев да ме снимаат, дечкото ми рече ништо немаш, али може некој дел не ти пораснал на време па сега ти расте и затоа боли... не знам дали беше сериозен, али мене ми делуваше на заебанција.
    Ви се случило ли нешто вакво? Некој совет, а,у ? Благодарам. :)
     
  14. Cleopatra .

    Cleopatra . Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2017
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво ,сакав да се советувам со вас, за моето десно колено...
    Пред 2-3 месеци почнав да слушам звуци од него како да се дроби нешто внатре..
    Пример ќе лежам на креветот и кога ќе станам само што ќе го направам првиот чекор се слуша и почнува да ме боли..
    И легнав на креветот ја кренав десната нога и ја испружив...Звукот како да ви го опишам ...исто како да земеш песок и да ја дробиш со камен...и боли...се повеќе и повеќе ,ќе морам да одам на лекар...но прво ваши мислења ,што ли би можело да биде?
    Би благодарам од напред.