Имам проблем каде што кога сум под билокаков стрес, одма тргам кон фрижидерот јадењето ми дава убаво да се осеќам, колку и да е привремено. Како последица на ова килата си се качуваат дур јас уште пак имам желба за да ослабнам. Моментално сум 164cm и 53кг, бев 51кг пред 2 недели и само продолжувам. Ќе пробам да не го правам ама некако секогаш се случува и ми треба само 1 момент за да си го расипам јадењето за денот. Дури да успеам да поминам ден јадејќи здраво или "нормално", следниот ден пак иста приказна и јадам доволно храна за цела семејство со 3 деца. Не помага фактот што ова е големо непотребно трошење на пари. Ќе отидам да пазарам и оп, чипс има на попуст ај ќе зеам, чоколадо ај ќе се почастам. Не е дека не знам да ослабам, имав порано 73кг после карантин и со труг ослабнав ама страв ми е дека губам контрола и пак ќе ги качам
Лелее... Мене ми се случува на работа тоа со јадењето под стрес. Ми иде бирото да си го изедам. Колената ги уништив од цупкање у место. Решение за јадењето.. Не купувам веќе грицки туку овошје. Јабуки, мандарини, портокали што е у сезона тоа лапај само да не е чипс. Ако го купиш ќе го изедеш 100%
Не купувај чипсови и чоколади. "Фрли" му се на зеленчукот и овошјето. Исечкај си краставица, ротквица и моркови во поголеми количини, стави ги во големи садови и пикни ги во фрижидер. Секогаш да ги имаш спремни за грицкање. Исто и овошје, сеа имаш јагоди и цреши. Место чипс подобро ти е јаткасти, сончоглед, семки, оризови галети. Место чоколадо подобро ти е протеински барови, јогурти, пудинзи. За почеток, глеј појадокот да ти е добро избалансиран, обавезно да има добра доза протеин и се останато по малку, и јаглехидрати и масти. Добро избалансиран појадок ќе ти го наштима апетитот на добар тек во остатокот од денот. Пиј повеќе вода. И ќефир или јогурт. Плус сеа ти е сезона за точаци, ролерки, подолги прошетки, пентарење до Средно. Движи се. Ако имаш друштво, играјте некој спорт надвор, се ноѓаат разни терени. И секако, најди нови начини да филтрираш стрес. Наместо при стрес да посегнуваш по јадење, ти треба друга активност. Секој што ме прати на форумов знае што ќе предоложам: медитација и пишување во дневник. Ама тоа сум јас. Можеби тебе нешто друго би ти одговарало.
Не знам што е работава и мене многу ме тера на грицкање со месеци уназад. Значи не јадам нормално ручек, вечера, туку се чипсови и понекогаш благо, нешто без врска... Секој втор ден си купувам чипсови. Некоја традиција ми стана ова изгледа, плус сончоглед на нервна база мавам по една кеса. Не памтам леб кога јадев последен пат искрено, се нешто грицкам. Чудно ми е затоа што јас не бев особа што е многу по благото или соленото. Нагло ми дојде ваков нагон за ,,грицкање" и вака терам со месеци.. Неколку килца имам накачено ама не се замарам за тоа. Кога сум под стрес не јадам ништо буквално, само кафиња и цигари и тоа може да трае со денови. Се си викам ајде демек да почнам повеќе да конзумирам овошје и зеленчук, ама џабе..