Проблем во сообраќај (правен совет)

Дискусија во 'Правни совети' започната од Ace03, 20 октомври 2021.

  1. Ace03

    Ace03 Нов член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, сакам да прашам за правен совет и дали е потребно за оваа случка да одам кај адвокат или нема потреба...

    Вака, удрив (поткачив) возило возејќи по улица (другото возило беше паркирано со 4 жмигавци и возачот на возилото беше да купува нешто од продавничката ваљда, а совозачот беше внатре на совозачко). Како го поткачив возилото не застанав, продолжив да возам од страв и застанав малце подоле. Во меѓувреме возачот ме стигна и ми го блокира патот за да не можам да продолжам со возење, дојде до мојот прозор и почна да ме обвинува за напуштање на место на сообраќајка и кај гледам коа возам итн и сакаше да се потпишува европски (или да им дадам пари на рака), после отиде да ја слика колата од страна нешо не знам, јас за тоа време погледнав во сообраќајната (колата не е моја) и видов дека регистрацијата е истечена претходниот ден и поради тоа одбив да потпишам европски, ама не кажав вистината туку само одбив. Па двајцата ме сликаа и мене и колата и таблиците и рекоа ќе sвонат во полиција и јас си отидов од местото бидејќи како да останам а нерегистрирано возило, али они имаат слика од таблиците и слика од мене кроз прозор од колата. Знам дека ова не е океј ама и они ја преувеличија работата, немаше никакви видливи оштетувања на колите, можда имало гребаница што реално јас не приметив никакви гребаници, а они тврдеа дека имало голема штета на нивната кола. Нивната кола поскапа беше. После дознав од сигурни извори дека ме пријавиле во полиција и полицајците рекле дека за толку мала штета (гребаница) нема нишо шо да се праи, али они инсистирале за тоа бегање од место на сообраќајка, одбивање да се потпишам и плус рекле као наводно совозачот го боли рамото (повреда) што не верувам зашо буквално не беше ни удар, многу малце ја закачив колата, не се ни осети. Мислам дека скроз ја преувеличија случката, а посебно во полиција. И на крај полицајците направиле записник за прекршочна постапка и после коа си отишле овие, полицајците рекле дека тоа е ситница и нема ништо да има, ама мене не ми е јасно... поведена е постапка (плус ќе ме тужеле овие приватно), колку би била казна за ова и дали да идам кај адвокат за ова? И плус за немање возачка (положено ама без возачка). Никој не ми sвонел официјално од полиција за ова, ја ова го знам онака неофицијално. Ве молам за помош и ви благодарам однапред.
     
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.125
    Пол:
    Машки
    Негирај ако случајно те викнат во полиција за исказ, дека не си ги удрил така како што велат, и не спомнувај ништо за истечена регистрација, инаку штом не излегла полиција на лице место, и воедно не сте потпишале европски записник, не може да биде поведена постапка против тебе, единствено што може да направат е да поткупат вештак да им направи лажно вештачење за телесна повреда од сообраќајна незгода и да бараат надомест на штета во граѓанска постапка.
    Ако евентуално ти стигне тужба тогаш разговарај задолжително со адвокат, оти има луѓе кои намерно тужат тендециозно за ситници за да земат пари како надомест на штета.
    Ако ти стигне писмо од судот ако сакаш пиши ми приватна порака да ти кажам за што се работи.
     
    На Ace03 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    8.484
    Пол:
    Машки
    Како и дае виновен си. Прво си го удрил возилото и не требало да заминиш без разлика дали имало штета голема/мала, второ ако се поднесе против тебе кривична ќе се дознае дека и возилото нее регистрирано. Трето нема. За секој случај запознај го адвокатот.
     
  4. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    654
    Пол:
    Женски
    Па и без возачка си возел.Да си застанал можеби ќе поминело со разгпвор немало да стигне до полиција штом немало некоја штета
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Прво бегање од место на несреќата е прекршочно дело, со тоа што си застанал подолу ни најмалку не те ослободува од одговорност.
    Второ возење без дозвола и со нерегистрирано возило исто така е прекршок.
    Трето имаш загрозување на животи со тоа што не си застанал да прашаш дали е ок човекот што седел и воопшто не те ослободува од одговорност.

    Сепак нивно право е да те тужат со тоа што го имаат полицискиот записник е доказ плус.
    Тоа што не си соработувал, ако застанеше и се договореше можеби ќе се извлечеше,а вака само длабоко се закопа.
    Тие ќе си бараат оштета од тебе и од осигурањето на колата што си ја возел,а тебе може и да те казнат за нелегално возење.

    Најубаво фати си адвокат за да поминеш со некоја полесна казна или бар да се договориш со другите од удреното возило.
     
    На eliesaab, Ajronmen, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Ти сите можни прекршоци си ги направил, кај си избегал, нерегистрирано возилото, возачка имаш ама немаш…
    консултирај се со адвокат не знам колку би ти било во твоја корист, казните за овие прекршоци се огромни и во иднина да знаеш со убав збор и извинување секој би ти излегол во сусрет
     
    На eliesaab, Feminka22 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.624
    Допаѓања:
    40.112
    Пол:
    Женски
    @Luciferka Можеби би можела некој совет да му дадеш.
    Иако реално, на толку прекршоци, треба да си одговараш, па памет за друг пат. Како што не си видел кола застаната со 4 жмигавци, си можел и пешак да не видиш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Машки
    Ќе го папаш убаво.
    Најди си адвокат за да пројдеш малце од малце полесно, иако искрено, не заслужуваш.
    Возењето автомобил носи голема одговорност.
    Изгледа млад си, се надевам 1% ќе научиш некоја лекција, особено ако те казнат.
     
    На elimkd и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    не делува дека има доказ кој кого поткачил.
    за најсигурно, фати си адвокат и барај записник од полиција.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    За шо е темава всушност?
    Како да издејствуваш за да не бидеш казнет?
     
    На eliesaab, raww и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    How to get away with a car accident :rofl: (facepalm)
    Има триста прекршоци напраено не знам што очекува да му кажеме? Брави?
    А ова 03 ако е за 2003 трагедија.Уште еден доказ дека поновиве генерации ( па и мојава) се канта жива
     
    На eliesaab и WildMk им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Ко родителите и тие.
    Шо ќе научат од луѓе кои корумпираат и се лесно коруптивни?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Постапка да биде почната против него не верувам од причина што веднаш после сообраќајната несреќа не излегла на терен полиција за да направи увид на лице место или нема европски потпишан од негова страна.
    Ако ете тие имаат некои дебели врски во полиција и случајно го викнат писмено во никој друг случај не се оди ако си усно повикан сите нивни тврдења ќе ги негира и ќе ги карактеризира како невистинити и ќе кажува дека се прават за да извлечат пари од него.
    Сега има проблем што совозачот скоро па сигурно ќе извади лекарска потврда за телесна повреда и ќе бара оштета на суд во граѓанска постапка.
    Во никој случај не се споменува бегање од местото и истечена регистрација на возилото.
    Тој можел во моментите кога го сликале во возилото и неговите регистарски ознаки да се закани со тужба за неовластено сликање и сликање на приватен имот но што е тука е сега мислам дека имал доста голема среќа и се извлекол од кашата.
    Но најдобро е доколку си има луѓе во полиција да потегни врски и да си провери како стојат работите и секако да си има на располагање адвокат кој ќе може секој момент да му биде достапен.
    За виновен виновен е и тоа од повеќе членови од законот за прекршоците во сообраќајот.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што прочитав од иден адвокат.
    Така,така само напред со вакви квази совети со врски да се заташка се,нека има и жртви па нека се извлечат со парична казна. Скини си ја дипломата!
     
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Доколку МВР поведе прекршочна постапка, ќе треба на суд. Со оглед на тоа што не си застанал веднаш, си возел без возачка и со истечена регистрација, сигурно ќе има парична казна и забрана за управување со моторно возило (зашто најверојатно дотогаш ќе се стекнеш со возачка дозвола). Секако, како што пишале и погоре, бидејќи не излегле на лице место, најверојатно е дека нема да поведат постапка. Во секој случај, не мора да спомнуваш за регистрацијата.
    Во поглед на повредите, претпоставувам дека ќе покренат граѓанска постапка за надомест на штета, иако прво оди на тоа да се нагодат вонсудски. Во тој случај сигурно ќе ти треба адвокат. Штета се бара од осигурувањето на сопственикот на возилото, па после оди регресна постапка спрема сопственикот.
    Ако ти треба уште нешто слободно пиши ми во ЛП.
    И да, не сметам дека е соодветно да се пишуваат постови со кои дечкото се става на рамниште како да убил некој. Во ред направил прекршоци, ама тоа што ќе го уплашите нема да има никаков ефект, освен што повеќе ќе го вознемири. Претпоставувам дека се работи за адолесцент, допрва ќе стекнува искуство, а од сето ова треба да извлече лекција.
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Никаде не споменав да фати врски за да не одговара иако сигурно нема да сноси никакви последици со оглед на тоа што не излегла полиција на терен, јас реков да фати врски за да провери дали има пријава и сл, најдобро е да провери сам ако има некого одколку да плати адвокат.
     
  17. ShotCaller

    ShotCaller Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, ќе ве замолам за помош во врска со сообраќајка. Се работи за другарка, никогаш немала ваква дешавка, официјално не е возач почетник (има 21 год) али као да е, затоа што не вози толку често.

    Значи другарката била учесник во сообраќајка, еве детаљи:

    Дешавката е на булевар во Скопје, во нејзината лента кола нагло застанала да пропушти пешак на пешачки (што другарката не приметила тогаш дека има и пешак пред возилото во таа паника) ама баш нагло и другарката проценила дека нема да може да закочи без да го удри возилото пред неа, па свртела во другата лента за да го избегне тоа возило (во меѓувреме пешакот истрчал до другата страна на булеварот и не бил удрен од никого) и она удрила во возилото што било во таа лента. Иначе тоа возило исто не го пропуштило пешакот, али пешакот успеал да претрча зад тоа возило и испред возилото на другарка ми. Затоа што другото возило веќе било понапред од другите две возила. Се надевам дека добро ја опишав случката како било.

    Е сеа...

    Другарката удрила од позади во тоа возило од другата лента (во меѓувреме возилото од претходната лента си продолжило да си вози бидејќи никој не го удрил него) и застанале двете возила да праат муабет и да пробаат да се договорат што како. Е сеа следен проблем - колата на другарка ми со истечена регистрација (помалку од 6 месеци али сепак). Она незнаела за тоа, бидејќи знаете како е, девојче како девојче, седнува во кола и вози, не се замара да проверува сообраќајна, уље ова она... јбг. Другиот возач предложил европски, ама она кога извадила сообраќајната, видела дека е истечена регистрацијата и тоа му го кажала искрено на другиот возач. Тогаш другиот возач и побарал пари на рака за да оди во овластен сервис за неговата кола (и побарал 500 евра на рака) ама проблемот е што неговата кола има мало оштетување што може да се среди за околу 100 евра (јас ги видов сликите со свои очи). Она не се разбира во тие работи, ама му рекла искрено дека нема 500 евра да му даде. Он ја прашал зошто и она му кажала искрено - дека не работи, дека е студент и дека нејзините родители се починати, еднинствено може да го замоли за тие пари нејзиниот роднина и дека ќе збори со него, па ќе му се јави. Исто така му предложила наш другар механичар да ја sирне колата, ама он не сакал други механичари, само пари на рака и во овластен сервис. Он на тоа побарал име презиме и број од нејзиниот роднина (не и верувал дека ќе му се јави итн) ама она не му дала, од причина што нејзиниот роднина е политичар што сите го знаеме и не може туку така да дава негов број. Она нормално не му кажала причина, само не му дала ни негово име и презиме ни број. И ваљда тоа го изнервирало него, по што ја излажал - и рекол дека нема потреба од пари, дека сам ќе си ја направи колата и да си одат. Она го прашала неколку пати дали да се вика полиција (пошто нели неригистрирано возило нејзиното) али он одбил и она си отишла..

    Он потоа викнал полиција, ги излажал дека она откако удрила во неговата кола избегала од лице место, дека му се заканувала со другари полицајци (си нема везе) итн. Иначе на нејзиното возило има полициско обележје внатре ама ваљда останало заборавено од некој нејзин другар полицаец, не знам. Полицајците му правеле алко-тест и испаднало дека он бил пијан (над дозволениот лимит). Он изглеа мислел дека во меѓувреме му спаднал алкохолот под дозволениот лимит ама ете, го измериле над дозволениот лимит. Ова на другарката го кажале полицајци кога ја викнале нејзе во полициска станица да ја каже нејзината страна, како што било. Ама бидејќи он вртел на 192 ништо неможе да се направи, сега сето ова ќе оди на суд и сакам да прашам што може да се деси на другарката?

    Полицајци кажуваат дека на него поради алкохолот во крвта ќе му ја земат возачката (сам себе го заебал лол) али нејзе на терет и се става предизвикување на сообраќајка (удирање од позади нели), возење на нерегистрирано возило и "бегање од лице место" (што е лага ама ај) и сето ова ќе оди на суд поради тоа што е преку лимитот за само во полиција за прекршоци. Другарката е загрижена иако неколку полицајци и рекле да не се грижи за ништо, она сака да дознае кои се последиците за ова и дали и е потребен адвокат таму за на суд? Иначе она не била пијана (она никад не пие, не и се свиѓа алкохол) ама тоа секако не и правеле алко-тест бидејки нели си отишла од лице место, затоа што другиот возач ја излажал. И сеа што може да испадне од сето ова?
     
  18. ShotCaller

    ShotCaller Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Хмм не се разбирам во форуми, ваљда некој админ ја префрлил темата тука па ве молам да ме цитирате со одговори
     
  19. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    3.396
    Пол:
    Женски
    Тој и рекол ок оди си и таа онака си заминала? Како му поверувала не знам. Сведоци нешто немало да кажат дека она не избегала од местото на настанот?
     
  20. ShotCaller

    ShotCaller Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Тоа е, јбг... иначе нема сведоци, само жената што била со другиот возач ама она нормално ќе си сведочи на негова страна