Едно прашање до сите мајки? - Внучето мое е на 7месечна возраст, пред некоја недела мајка му го носела на Ортопед но му востановиле неоформени јадра на колкчињата. Инаку он е цврст, стои стабилно, седи самостојно.Прашање до сите вас за ова искуство? До кога најкасно треба да се формираат јадрата и да не има некои последици ако му се развие јадрото покасно или не - кое е вашто искуство со оваа тема?
Што направивте со јадренцата? Керка ми има скоро 7 и сеуште нема јадра ,капките вигантол и ги зголемија ,седи ,не скока не потскокнува ,но седи сама ,клоца и мн е активна.сега читав дека се појавуваат од 2 до 8 месеци ,поздрав
кога го носевме и ние, истото ни го рекоа, и плус дека едниот колг бил поразвиен од другиот и дека понатаму можело едната нога да биде подолга од другата па не извадија од памет, оди сними го, така му напрај, ово оно, од памет бев извадена тој ден, одма го однесов кај матичниот педијатар, таму таа има ортопед, па си плативме приватно го прегледа тој, и рече дека се е во ред и нема потреба за паника, ни кажа само да не го ставаме да стои, да почекаме уште малце и после тоа се беше во ред... затоа побарајте мислење и од некој друг ортопед и видете што ќе ви каже и тој
Здраво. Детево мое е на 9 ипол месечна возраст и сеуште не му се развијани јадрата. Детето од 7 месеци лази од 8 месеци се исправа и оди по кревети. На контроли редовно носено. Капки сол де вит. Некој со слично искуство