Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.297
    Допаѓања:
    42.099
    Темава ја отворам за да споделуваме вести и мислења за епидемијата.
    Еве нешто поново.
    Седуммесечно бебе од Студеничани е најновиот пациент заболен од мали сипаници. Заразена е и воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела вода. Со овие случаи бројката на заразени порасна на 106 пациенти.

    Во тек на вчерашното дежурство на Клиниката за инфективни болести, прегледани биле четири сомнителни случаи на морбили, од кои двајца биле задржани на болничко лекување. Станува збор за седуммесечно бебе, кое не е вакцинирано и воспитувачка на 35 годишна возраст од градинка во Кисела Вода. На клиниката во моментов има 26 пациенти. Поради малиот процент на невакцинирани деца не очекуваме ескалација на ситуацијата во училиштата, велат од Министерството за здравство.

    Оттаму додаваат дека со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата на 3 јануари досега, вакцинирани се вкупно 4.387 лица. Само утрово до 9 часот вакцина примиле 42 пациенти.

    Во меѓувреме, се уште нема потврда дека се уништени 624 -те вакцини за кои беше констатирано дека се повлечени од пунктовите за имунизација, по што Агенцијата за лекови донесе решение за уништување и побарала од увозникот и дистрибутерот „Македонија лек“ да го направи истото.

    Алфа упати прашања до МАЛМЕД, дали вакцините се уништени, и колку точно ќе изнесува казната за пропустот, но до почетокот на вестите, не добивме одговор.

    Од министерството за здравство не сакаа да дадат коментар за ова, се додека не се изјаснат од Агенцијата за лекови.
    https://alfa.mk/епидемијата-на-морбили-се-шири-два-н/

    Ве замолувам тука да продолжите да се цитирате и споделувате мислења. :)
     
    На cresa-jagoda, Sexybaby86 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    15.863
    Пол:
    Женски
    Зошто се повлечени тие 624 вакцини?
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.371
    Пол:
    Женски
    Штом е забранета посета на болни во болниците со образложение дека има епидемија на грип и мали сипаници, мислам дека состојбата е алармантна и треба малку на повисок тон ова да се чуе ...да не за забошотува ништо...Загриженоста на родителите што си ги вакцинираа децата е огромна и срцепарачка...треба да се бара точен одговор, точен извештај, а за казнување на неодговорните отом потом...сакам прво некој да соопшти чиста права состојба во која се наоѓаме моментално..која е правата вистина и до кој степен е дојдена опасноста!!!
     
    На SummerGirl, tace73, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Poppins

    Poppins Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Имаа *грешка декларациа* со поминат рок важечки до 10/2018 .
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    83.585
    Пол:
    Женски
    Не е само во Македонија ова. Моментално и во САД се случува ова односно Вашингтон имаат покриено подрачје само 70 и нешто % каде што исто така е прогласена епидемија поради 30 тина дечиња заболени од морбили.
    Мое лично мислење е дека време е да го направат породилното подолго такашто не ќе мора дечиња од 7-8-9 па и 15 месеци да се носат во градинка. До 2 год децата многу тешко поминуваат со морбилите а за потоа е МНОГУ поНЕризично.
     
    На minneymouse82, azelea, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Се се сведе на: или ќе се вакцинираш или ќе прележиш морбили.
    Е сега треба паметно да се одлучи народов на која варијанта ќе оди.
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    Искрено веќе ме фаќа нервоза од ова и од "модерниве родители" што не сакаат да си ѓи вакцинираат децата, зошто пред 15-20 год немаше епидемија, бидејќи како идело покана за на вакцина родителите така си ѓи носеле децата, а денеска бидејќи многу "истражуваат" и мислат дека е попаметна идејата да не ѓи вакцинираат бидејќи вакцините предизвикувале некакви си болести, затоа се рашири епидемија, како во 19ти век да сме,срамота.
     
    На Але ~, SummerGirl, tace73 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    2.992
    Допаѓања:
    9.881
    Пол:
    Женски
    Во кои градови има епидемија освен Скопје?
     
  9. Black girl

    Black girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    6.292
    Gevgelija mislam
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Абе ајде јас од ,,поновиве” генерации што сум сите до една вакцини ги имам примено.Не ми се во книшка иначе ќе сликав ќе ви покажев.Моите никогаш не правеле проблем за вакцини.Тетка ми што е специјалист и има кажувано на мајка ми да ги примам сите вакцини.Значи медицинско лице, не некој баук што ќе соли памет.Во основно и средно одиш на систематски и бап вакцина.Јас не знам за дете од мое одделение/клас што нема примено вакцина.Сите до еден сме вакцинирани, и сва среќа што сме.
    Пример кај мене во школо е ПРЕТОПЛО буквално со гази маици одиме.Таму седиме 30 души по 7-8 саати.Ај пролет,есен ќе отвориш прозор, ама деновиве не можеме да отвориме па го користиме прочистувачот на воздух.Еден да кивне кај мене во училна пола клас се разболува.Не ветрееме нема провев и бактериите остануваат и се шират.Замислете некој со морбили да дојде.Па маф ќе ни биде работата.
    Не знам што толку фама се дигна за вакциниве.Поминат рок имале, аутизам стварале ова-она.Докажано ли е?!?Знаете жив пример што стварно од вакцина има добиено некое ,,пореметување”?
    Па побрзо од морбили може некој да добие трајни последици него од вакцина.За морбилите е бар потвредно научно.
    И паметно е што не примаат невакцинирани деца во градинка бидејќи уште толку заболени ќе има.Тие деца до 5 години не разбираат што се позериозни болести, не можеш да им кажеш не се доближувај до другарчето вака така.Ама затоа на возрасен човек можеш да му објасниш кои се последиците, заштитата, третманот..
     
    На SummerGirl, tace73, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    6.292
    Ima clenki sto imaat loso iskustvo. Ako ne si procitala, odi vo temata Vakcini za ili protiv I ke vidis
     
    На Stressed Out и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Читав се.
    Ама има и членки кои немаат лошо искуство.
    Еве јас лично.Добро не сум од скоро вакцинирана ама од сè што имам примено до сега уште сум читава.
    А од кај знаете дека баш ќе има последици?Поголема е варијантата од морбили да има сериозни последици него од вакцина.
    И мене ова ми личи искрено на лажги и манипулации.Не од страна на членките туку од страна на народот општо што шират такви муабети.
    Која би била користа да продаваат бајати вакцини кога прават пари од тоа?Знаете колку болести се хемиски направени и раширани по светот само за да се прават пари?
    Повеќе болести повеќе лекови ќе се трошат, повеќе пари ќе се прават.Многу е провидно.Зашто имаше во Африка пред некоја година епидемија на ебола?Од лилјаците и комарците?
    И да е од нив, како они го имаат вирусот во себе?Се е местенка, нели не тестираат се и сешто на животни.Ќе ги инфицираат и после ги пуштаат да шират зарази..не знам.Може не сум во право ама јас си стојам позади мислењево.
     
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.522
    Пол:
    Женски
    И јас сум од генерацијата кога сите вакцини се примаа, и си ѓи имам примено сите до една па фала Богу сум здрава и права и немало негативни ефекти од вакцините, а исто и цела моја генерација е вакцинирана, бидејќи нели кога иде време за вакцина или не викаат на систематски преглед, или доаѓаа во школо и не вакцинираа сите, па сите сме здрави и прави, а немало ни негативни последици кај никој.
    Ама ако кога изиграваат нешто нека има епидемија, уште малце можеби и чумата повторно да се рашири како тргнало ова...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Абе глупости.Како порано немаше вакви глупости?Од скоро се.Ми смрди нешто овде, народов е риба која плови по матни води.
    Многу се верува на секого.И на рекла казала
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    83.585
    Пол:
    Женски
    Не знаеш. Едноставно боцкаш и молиш господ се да е ок.. И да не е твоето тоа едно на миљон што умира од вакцина.
     
    На Stressed Out, mariz, Вереничка и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Добро, да може да има несакани ефекти.Тоа е терапија многу нормално, баба ми од што ја клукаа со грешни лекови има Алцхајмер сега и живее во 2002 кога сум била бебе.Ама ептен ја направија големава мислиш секој што ќе се вакцинира ќе добие аутизам.Ако еден имал несакани последици не значи дека сите ќе имаат.Секој има различен организам.Која би им била користа да продаваат бајати вакцини?Каков ќар ќе имаат од тоа?Никаков.Не зборете глупости.
     
    На SummerGirl, Alisa22 и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    83.585
    Пол:
    Женски
    Не знам на кој алудираш дека збори глупости но јас тоа не сум. Пред се, вакцина не може да створи аутизам онаму каде што нема. А за давање вакцини со поминат рок е од неажурност односно од што гајле не им е па не виделе.
     
    На M&M и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.371
    Пол:
    Женски
    Поштено би било, морално и обавезително, уништувањето на вакцините да биде јавно, сите да се увериме дека навистина тоа што го гледаме се случува.

    Пред многу години, вакви стресови и размислувања дека ќе имам, ни на сон не ми доаѓале...животов стана страв и трепет, хорор:(
     
    На Alanna, SummerGirl и azelea им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    12.109
    Пол:
    Женски
    Не си.Ќе ти кажев да мислев за тебе.Повеќе души се по темиве што дигаат фама.Искрено не ни читам кои се.
    Па колку што читав сега по темиве така сфатив.Не сакале да ги вакцинираат децата бидејќи биле со поминат рок и развивале аутизам.
    А апчиња со поминат рок сигурно дома клукаат бидејќи не проверуваат датум..
     
    На SummerGirl и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. Poppins

    Poppins Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Ќе го кажам она стандарт долг е патот пред тебе за мислачки и да осетиш и да се справиш со мислите во глава што е најдобро за своето дете , никој не може мене или на др родител да ме убеде вакцинирај или не вакцинирај , или да веруваш у една рекла казала , не се носе лесно ваква одлука за свое чедо , макар и друго , кога имало ипак докажано компликации од таа вакцина , Ќерка ми е скоро 2год и до мрп сите др и се примани ама тука закочив , не читам мн по инт и не дозволувам др да ми влијае на одлука , едноставно се плашам да не донесам грешна одлука

    не е само аутизмот во прашање , само една подточка е тој во целата таа *фама* мн др компликации се јавиле , и не е лесно за една мајка да одлуче да го носи детето на тоа столче и да потоне во мисли и страв дали ќе биди се во ред , не е се од занес или да се правиме важни ,еве и малата не ми е вакцинирана до мрп прими се , сега ми е мн подлежна на настинки и вируси , и настаниве ми го бунат умот , неможам да донесам правилна одлука се работи за моето дете за дел од мене ..
     
    На anggell, azelea, Вереничка и 4 други им се допаѓа ова.