Продавање на свеќи за слави во маркет

Дискусија во 'Религија' започната од Polska.Win, 13 ноември 2022.

  1. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Ете на фејсбук налетав на ваква понуда, за само 39 денара супер цена свеќа за слава од 51 см само во нашите маркети.
    Црквената свеќа се продава по маркети за слава?За заштеда од 30 денара?Бизнис со свеќи во маркети?Што е следно?Света вода?

    Нели поентата е да се купи од црква со тоа ги потпомагаме на некој симболичен начин?
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Машки
    Добро е ако ако речат за Света вода немој да речат доаѓајте во маркет на литургија
     
    На Polska.Win му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Некој пиша на фејсбук дали ќе направат простор да има каде да си палиме свеќи за здравје,среќа :)
     
    На marchi-cool и Pinkdust им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Машки
    Црквата никогаш немала монопол во продавање на свеќи. Свеќите се дар, кој верниците го носат в црква, исто како што носат и масло, поскури, вино, темјан итн. Единствен проблем овде е што свеќите се продаваат како црковни и потрошувачите се доведуваат до заблуда. Мислам, дека нема потреба да се прави фама од тоа.
     
    На JoyJoy и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.950
    Допаѓања:
    130.359
    Пол:
    Женски
    Не е за мрчење.
    Баш убаво им текнало.
     
  6. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20221113-183013_Chrome.jpg
     
    На marchi-cool и Mart1na им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Машки
    Црквата има реална потреба од финансиски средства. И тоа секогаш го нагласувам. Потребно е да се плаќаат комуналии, вработени (не попови) итн. Но, тоа не значи, дека купувањето на свеќи кои не се црковни е грев или работење против Црквата.
     
    На Dust, jacqueline.s и Mic18 им се допаѓа ова.
  8. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Да, убаво е од црква да се купи свеќи, но исто така бев "разочарана" кога во една црква видов 5 пати залепено да не се купува од улични продавачи, туку од црква, како да треба грижа на совест да имаш. А реално ете некој се трудел некако да заработи
     
    На Orthophill и Dust им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Машки
    И да не заборавиме, единствена вистинска свеќа достојна да се принесе при Бога е восочната свеќа. И секогаш кога имаме можност подобро да принесеме една малечка свеќичка, ама восочна, отколку свеќа од 2 метра, која ќе биде парафинска.
     
    На Dust, Feminka22 и Mic18 им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Нема врска од каде ќе купиш исто е свеќа е свеќа без разлика дали е купена од црква или од продавачот пред црква, маркет и сл.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.637
    Пол:
    Женски
    Ова во Стокомак го имаше, немам видено на друго место. Нека прават пари и од свеќи, ако им дошло толку. :D Јас од црква сум купувала и ќе купувам. :)
     
    На Zhukov, Polska.Win и Mic18 им се допаѓа ова.
  12. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Имаше сега за задушница во сите маркети:lol:
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Сериозно?
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Машки
    Да. Од истиот производител. И претходно имаше, мислам за Духовден.
     
    На Polska.Win му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Не гледам лошо во тоа свеќи да се продаваат и купуваат надвор од црква. Во црквата секако ќе оставам на икона пари, ако кревам леб и слично. Зошто да не заработи некој пред црква што продава денес леб ќе јади со тие пари. Нема да не казни Бог ако купиме од друго место, не е тоа приоритет. Ќе лажиме, ќе крадиме, ама важно не сме грешници, од црква купуваме свеќи само. Инаку да... купуваме од црква за да поповите земат плата инаку тоа нема врска никаква со вербата. Само доста оставам кај попот за друго, барем за свеќи ќе земам од кај некоја бабичка.
     
    На Orthophill и Polska.Win им се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.845
    Допаѓања:
    173.329
    Пол:
    Женски
    Да знаете со какво ѓубре се изработуваат и мнозинството од свеќите во црква што се продаваат...чист бизнис

    Моите свеќи за ароматерапија од ЧИСТ пчелин восок се милион светлосни години пред овие...
    Ама парафинот е 250ден кг а пчелиниот восок 1500+..

    Бизнис е бизнис...далеку од свеќи се парафинските..


    Јас од црква си купувам ама според мене нема ништо лошо било каде и да се продаваат..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    4.195
    Пол:
    Женски
    Знаат црквине да напишат само од црква свеќа, а ќутат кога ги собираат штотуку запалени свеќи. Ни минутка не ги оставаат да погорат кога ќе ја запалиш, одма иде една тетка и ги собира.
     
    На poi, L.i.n.a.a, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.337
    Допаѓања:
    37.333
    Пол:
    Женски
    Ова најмногу ме нервирало. А не дека немало место или нешто туку не знам зошто толку брзо ги собираат.
     
    На tanjita и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    3.385
    Пол:
    Женски
    Може ги преработуваат и повторно истите ги продаваат. Затоа брзо ги гасат, за повеќе восок да им остане
     
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    4.195
    Пол:
    Женски
    Во тоа сум сигурна, затоа не ми е проблем во маркет што продаваат. Секако кога ќе ја зпалам во црква тие си ја преработуваат и ја продаваат.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.