Немам и никогаш не би. Тему е само за некои ситници, тракатанци низ дома што велам. Имам ситнурии за низ дома порачувано, некои ствари за дете со Стич, шноли, лепенки, играчки украс, и мм некои машки ствари. Шминка, никогаш не би ставила од таму. Ах да и сијалички ама секогаш под надзор кога беа вклучени јас було какви не оставам така не па од тему. Јас дури се мислев и за сунгерчиња за шминкање многу, и на крај не порачав, шубе ми е некако. Кај нас имаш сигурна шминка за ефтини пари, не ризикувај. Немој да станеш бумбар во лице од неа.
Да, исто мислам и јас но се повеќе ми излегуваат статии дека и скапите шминки се штетни па чисто за споредба да прашам нели сега е популарно за се тему
Имам нарачано шпатула за лице слична на таа што ја рекламираше Магнолија. Не ми стои да е ефикасна баш како што се фалат кај нејзе или постои и опција јас да не знам правилно да ја работам
Секоја шминка може да има нус појави. Само што има голема разлика на пример Лавера со некоја од Тему. Јас за чешел се мислев и на крај баталив. Се лажеме што има буквално се, па и бесплатна достава и купуваме што треба и што не треба.
Кога ќе се сетам порано купувавме фејк копии на сенки од Кина, не сакам да се сеќавам на тоа. Добро е што имав купено само сенки за очи и еден бронзер стик друго се купував од некој познат бренд. Нема шанса да ставам нешто на лице од Тему. Кој знае како се прават во какви услови ај што се штетни за нас туку и штетат и на околина кој знае што прават тестираат на животни и слично. Не дека скапите производи имаат некои посебни карактеристики, но има многу брендови со пристапни прозводи по поволни цени.
Многу нешта се „брендови“ а, истовремено, многу нешта се брендови. Од оние кои ги познаваме и ги плаќаме, поевтино или поскапо, а им веруваме. Зошто и како сме сигурни дека скапата сенка (пример) е автоматски супер со супер состојки, дека нема ништо во неа кое е штетно за нашата кожа и нашето здравје? Пример, во детската пудра на Џонсон'с, имаше скандал дека имало недозволена супстанца. Лично користам бренд стикови против потење. Се погоди еднаш да ми направи живи рани на кожата. Прогуглав, видов дека и на други, во различни земји, им се случило истото. А зборуваме за бренд, светски познат. Треба да прогугламе, да видиме што од козметика користат кинезите. Ако и тие користат од оние што се продаваат онлајн на нивните ТЕМУ и Али, тогаш-океј. Инаку, сомнежи има. Не би користел козметика купена од таму. Меѓутоа, во исто време, зошто користам тетратки, пенкала, закачалки, масички, сталажи, чаши, НАКИТ, патики, блузи... Не мора да е козметика за да биде штетно за кожата/здравјето. Интересна е темава, дискутабилна е и бара истражувања.
Да, кој се разбира, тоа се дрогериски брендови како Револушн ( што е вервв најј од сите) Лореал, Мејбилин, Есенс итн… Од кина тие у кам маркет, по парфимерии, на пазар… а во дм се све дрогериски а High End се веќе за професионална употреба затоа и цената им е таа затоа што вредат, нив знаеме дека ги нема кај нас само копии кинески, така да од странство само може да се набават. Јас си ги порачувам од странство од официјалните нивни веб страници и ме кошта ѓавол ипол со се шипинг и царина.
Има многу хај енд брендови кај нас кои не се фејк. Mac, Anastasia Beverly Hills, Dior, Estee Lauder итн.
Дали сте нормални да ставате козметика од Тему? Оваа хистерија со тему е дефинитивно нешто што треба да се проучува. Не разбирам и никогаш нема да разберам. Освен купување реално корисни работи што тука не се наоѓаат(или се наоѓаат ама се препродавани од тему/алиекспрес за многу повисока цена), сѐ друго е учествување во чист конзумеризам. Малку и запрашајте се зошто се работите толку ефтини...
Точно никогаш не би ставила кинеска копија на лице. Темава е малку контрадикторна бидејќи до пред 2020 година за пример ќе ги земам Есенс на сите нивни производи пишуваше " made in prc". Од 2020 година почнаa да се веган и да не тестираат на животни. Има многу брендови што се во Дм што имаат штетен состав затоа треба да се внимава. Исто и познатите скапи брендови не мора да значи дека за скапа цена добиваш здрав производ пример Мас не е веган.
Од Тему не купувам козметика, дури и за облека сум скептична. И прибор за храна, садови за готвење, ништо такво. Некој алат за работа нарачувам или некои ситници што не се конзумираат. Off topic - вчера видов видео каде некоја девојка нарачала од Тему ламба за маса во облик на кроасан. Добила вистински кроасан, однадвор облеан со епоксидна смола, со пластично капаче и копче на задната страна од кроасанот. Го скрши и внатре беше издлабен со сијаличка но не беше пластичен туку се ронеше како тесто. Па таа луда уште и го проба од внатре, а смолата е канцерогена... Не знам што ме плаши повеќе небезбендоста на производот или тоа што не мувлосал кроасанот од внатре, од што е најверојатно со триста маргарини правен. Причина плус зошто не сакам да јадам лиснато тесто...
На мене секогаш ми излегуваат реклами за тему, смачено ми е веќе. Мислам дека не можам да уклучам инстаграм или јутуб без да ми излезе реклама, особено јутуб.
Да но дупло поскапи ги препродаваат кај нас за разлика од нивната официјална онлине продавница. Сега незнам како се цените одамна не сум купила од тука нит па сум влегла да разгледам. На почетокот јас коа купував беа прескапи а повеќето стари и тестери увек кај нас прават некои ујдурми а камоли па попусти да начекаш као што можеш да начекаш онлине ма да и попуст не вреди за тестер да ти продадат! Инглот ја затворија