Продукти кои не ги препорачувате

Дискусија во 'Тело' започната од Primadonna, 22 февруари 2017.

  1. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Бидејќи постои тема „Омилени продукти на месецот“,ова нека биде негативната страна на таа тема т.е овде да кажеме кои продукти не ни се допаднале и зошто.Мислам дека темава би била од голема помош за тие што се двоумат при купувањето на одреден продукт.
    Еве јас ќе почнам прва
    [​IMG]
    Ми ја мрси косата,и добивам уште толку првут од него,иако е против првут.Има многу подобри шампони во маркетите за таа цена.
    [​IMG] [​IMG]
    На многу девојки им се допаѓаат но за мене едноставно никогаш нема да бидат добри.На почетокот го прошетав целиот град барајќи соодветна острилка,потоа кога го ставив се размачкуваше и се пресликуваше насекаде (вилушка,лажица,чаша па дури и облека),башка што бојата не е иста како на пластиката на долниот дел.Течните кармини се одлични но за мене овие не се доволно добри.
    [​IMG]
    Премногу лоша и тешка текстура,тешко се размачкува,лицето ми го прави мрсно...
    [​IMG]
    Висока цена,а за мене не прави ништо повеќе од обична крема за лице.Тие што користат креми од Орифлејм и што ја имаат пробано подлогата знаат дека имаат скоро ист мирис.Не е толку лошо ама залудно потрошени пари.

    Ако има ваква тема,се извинувам :)
     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    16.984
    Пол:
    Женски
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.