Годинава прв пат подготвувам пакетчиња за мали деца и ќе имам мали гостинчиња. Сакам да ги пречекам во убава атмосфера и добредојдени ми се секакви идеи за што можам да купам. Темава е да споделуваме идеи за благи, бонбони, колачи или било што од храна и пијалоци со празнична амбалажа за периодов што следи.
Во кам и стокомак највеќе избор видов деновиве, веќе купив нешто од овие за во пакетчињата. Се мислам и за некои бонбони, а може и било какви други предлози што ќе ги прочитам тука.
Прошетај во џамбо, ќе најдеш ситници тон.. пакетче не ми поминува без оние дедомразовците од кам.. Зајчињата од европа( обично цела кутија ќе земам и полнам пакетчиња), гледам у рептил има убави попусти на благо…
Може слика/линк, да видам точно на кои зајчиња од Европа мислиш? Фала на идеја. Да, да, ги гледав во Стокомак. Супер идеја се и овие за пакетчиња.
Може си ги видела дека спомна Стокомак, многу ми се допадна ова од таму. Слатко беше пакувањето, деца сигурно ќе се радуваат на нешто вакво.
Желе чоколадни зајачиња. Почекај на зур летокот завршува утре, пролистај ги прво рептил/зур/жито А и веро ( у момент имаш убави попусти).
Не ми текна дека мислиш на овие, знам кои се. Убаво ти текнало, интересен дизајн имаат. Може слики да праќате од проспектите и конкретно производи за кои мислите? Може и цената да стои ако ја пишува, мислам така најкорисна би ни била темава. Предобар предлог, многу ми се допаѓа. Во тој Стокомак кај што бев не сум ги видела или не ги приметив. Гледам пишува дека ќе ги има до 7 декември на сликава што си ја ставила, ќе проверам утре и ќе ги најдам.
Порано и ние, татко ми ги купуваше, сега не ни текнало со маж ми да земеме. Ме потсети на нив и во мисла ми се од прееска, дефинитивно ќе си купам и за мене и за децата на роднините.
На Европа јас и овие ги гледав крем бананчиња во ваква баш новогодишна кутија. Аи колку се слатки првиве чоколади. Ги има пробано некој на вкус какви се, која е најубава да се купи? За себе си ги гледам да си ги купам јас.
Хахахахаха не сум срцка и ја ги меркам … остај едно за мене едно за пакетче…мислам така поштено Случајно нешто да не има лош вкус деееее,
Добро е што не сум единствена, се утешив. Мајка ми, ме гледа пред некој ден што сум си купила дедо мразовци чоколадни и ми се чудеше колку години сум имала. Јас и викам не ми се чуди, во иднина кога ќе имам деца и за внуците кога ќе спремаш пакетчиња, ќерка ти пола пакетчиња ќе им ги јаде на сопствените деца и ќе им се радува исто колку тие што ќе се деца и ќе се радуваат.
Слушај данок мора да е наплатен Ја планирам пакетче да си купам абе ќе имам и блашко и солено да мезам..
Исто, само се мислам кое, уште ниедно не ми фатило око да го одберам. На Европа гледав интересни новогодишни пакетчиња, само не пишува што производи имаат во нив. Им ги сакам производите, може ќе си одберам некое од тука на крај. https://evropa.com.mk/mk/shop/specijalni-prigodi/novogodishni-paketchina Ако најдете некои добри новогодишни готови пакетчиња, споделете со другарките од фемина што имаат 20 и кусур години и сакаат да си купат пакетче.
@Hisha овие истиве ли се, само сеа со новогодишно пакување? Spoiler: AGAPITOS Ја иам пробано само таа со вкус на капучино и не ми се бендиса, може дека не сум по кафето, а најефтината таа беше и да ја пробам викам ама не се воодушевив, може другите поубави се, а како убаво изгледаат вака. Spoiler Од Краш дефинитивно, ја друго не признавам.
Личат дека се истите, само новогодишно спакувани. Јас таа gingerbread cookie би ја пробала од сликата што ја стави @Hisha, некако примамливо звучи имево. Ќе се разочарам ако вкусот не е убав..