,,Проект Куќа со Кристина,, е хуманитарен ТВ проект. Автор, водител и продуцент на овој проект е Кристина Арнаудова. Од неодамна Телма ТВ започна со емитување на поединечни емисии од проектот, но истиот се изведуваше и претходно. Имено, по принцип на селекција се бираат семејства од ранливи категории, кои немаат достојни услови за живот, но истите се работноспособни и желни за понатамошно самоиздржување и им се врши целосно реновирање и опремување на домовите.. Целото реновирање и опремување на новите домови оди по принцип на донации од фирми кои активно се застапени на македонскиот пазар. Лично давам целосна поддршка за овој тип на проекти и мислам дека дефинитивно заслужува повеќе внимание како на ТВ медиумите, така и на социјалните мрежи со цел да се поттикнат компаниите за донации и подавање на рака на се повеќе загрозени семејства. Сте слушнале ли за проектот, кој е вашиот став за вакви иницијативи ?
jas prednost bi dala renoviranje na kuki na luge koi ne se sposobni za rabota od nekoja pricina, invalidi, i sl na rabotnosposobni luge rabota da im se najde, a ne kuki da im se renoviraat
Колку што го сфатив концептот, идејата е да не се промовира живеење од донации. Секако се бираат семејства кои поради Х-причина доживеале животен пад ( болест, повреда, смртен случај, самохрани родители ), да им се олесни новиот почеток, а потоа им се помага и во наоѓање на работа.
Во овој случај и не баш оти баш дека се емитува на ТВ има донации. Си се рекламираат компаниите иначе не би биле поттикнати да донираат. Само ќе кажам алал на компании кои донираат и не бараат ништо за возврат, на една рака се бројат.
Сакам да има донации, ама не да ги снимаат после тоа.. Замисли дете од 13-14 години, колку ќе биде исмевано после тоа во школо кога ќе видат сите на тв во какви услови живеело, сакам да им помогнат, и се тоа, ама мислам дека треба да ја снимаат само куќата и тие што помагаат компании, како една реклама да им се направи, семејствата и децата да не се снимаат. Психички тоа лошо може да се одрази на детето, кога ќе му се смеат, а кај нас на деца што се со посебни потреби им се смеат, а не пак за ова.
Ми се допаѓа концептот се додека не се експонира целата фамилија заедно со децата во јавност или пак комерзијализација. Не би требало да се снимаат деца од причина што после стануваат мета на исмев како што имаше случаи скоро со Х фамилија (не знам точно што беше но прочитав). Конкрено може да биде кратки видео исечоци од куќата пред и потоа чисто визуелно да се види разликата што е направена. А исто така мислам дека оваа акција пред се треба да се спроведува строго регулирана бидејќи (можеби звучи грубо) има фамилии кои се работоспособни а само чекаат помош од некој но има и вистински случаеви каде што луѓе за жал поради здравствен проблем не се работоспособни и се тероризирани од нашиот скапан систем молејќи за секаква помош која државата не ги приметува а општеството ги стигматизира.
Децата се одраз на родителите, родителите - одраз на општеството ! Не само за ова, туку ние секого исмеваме, од политичари, до јавни личности, пејачи, глумци... Толку злоба има на ова мало парче земја - зачудувачки е ! @WildMk колку си само во право!
Треба да се поработи на свеста на децава дека е океј и да си сиромашен и да живееш во трошна куќа, дека не е само пари пари пари.Баш пошо вака мислите, така и се одразува тоа. Ќе му се смееле дека живеел во трошна куќа.И?Шо дека ќе му се изнасмеат?Они ќе станат побогати?Парите се минлива ствар, денес на трансакциска можеш да имаш 1,000,000 утре чиста 0.И? Во Србија тој проект кога беше Куќа од срце, сите членови ги снимаа па никому ништо. Не треба да е срамота да си сиромашен.Се дур вака мислите ќе се дешава материјализација и помодарство, и сите ќе се умрени и зинати по пари. Пошо се плашите некој да не видат дека е сиромашен, има луѓе што цела плата си ја трошат за викенд колку да бидат видени во кафич или на забава и после цел месец леб и сол јаде.Сами си го праите ова свесни сте?
Не е баш се црно и бело во реалноста, ти колку и да викаш дека е океј, кога на дете ќе му се смеат и тоа ќе се затвори во себе, ќе стане личност со намалена самодоверба поради тоа што било омаловажувано и исмевано, нема да биде важно дали ние мислиме дека треба или не да го снимаат. И во Србија била иста ситуација, немој да мислиш дека не, цел Балкан сме со ист менталитет..
Ама тоа ти викам, треба да се нормализира тоа да немаш пари, сфаќаш шо зборам? Поготово овде у Македонија,Кај што углавном е сиромашно населението, и треба да е океј да немаш пари, а не да им се смееме на таквите.Ја знам луѓе шо едвај собираат стотка за кафе, а знам и такви шо едно искачање не им е испод 500-1000 денари, ама у моите очи и едниве и другиве се океј пошо они нит ме ранат, нит ми плаќаат сметки, нит ме облакаат.Сеа секој со својата судбина и среќа.Некој има помалце некој повеќе.И тоа не треба да е смешно.
Добар проект. Ама според мене боље би било да се организираат пари за болните. Џабе куќа без здравје.
и условите во кои живеат се важни, џабе ако ги лечиш од пнеувмонија да кажеме, кога дома пак ќе живеат у влага, у мувла, или со прозори што пропуштаат воздух.Боље спречити него лечити. Не е само купи лекови, џабе шо ќе прима терапија ако ѕидовите се ко од тоалетна.Пак ќе се разболи, може и од нешо друго. Глејте малце оптимистично, добро шо се нафатиле и за ова
Предобар проект. Подобро некаква помош отколку никаква. Што вика @Feminka22 , битно е да имаат и живеалиште со соодветни услови.
Ако си здрав ќе бидеш способен и работа да си најдеш. Ама здрав прав и да неќе да работи да чека некој да му направи не е океј. Некој ќе иде ќе работи од јутра до сутра, а некој ќе чека помош.
Не е секој здравствен проблем видлив на површина. А,и има луѓе кои се физички здрави,ама не и психички. Плус,некои немаат среќа. Системот ни функционира претежно со врски и ради тоа ни е скапан.И ради тоа некои луѓе се без покрив,палто и леб.