Една убава мисла од Олдус Хаксли вели вака: “Младоста е нешто што го имаат само младите, а го ценат само старите.” Во темите на форумов, а и во дискусиите надвор од форумов, често се спомнува фразата да си ја проживеам младоста. Но, како да немаме сите иста дефиниција за тоа. За некого тоа значи излегување во дискотеки, бурен ноќен живот, шетање на светот. За некого значи избегнување на сериозна врска, а за друг значи пронаоѓање на човекот со кој ќе го помине целиот свој живот. За некого значи избегнување на обврски и живеење на грбот на родителите, а за друг значи вложување во себе и искористување на своите потенцијали. Пред некое време читав статија дека потенцијалот на човекот го доживува својот максимум до 27мата година од животот. Голем број музичари ги компонирале своите најпознати дела, а голем број писатели ги напишале своите најпознати романи во тој период од животот. Истото важи и за спортистите. Затоа постои мислење дека најубавите години можат да се потрошат залудно, но и да се инвестираат во нешто трајно. Какво е вашето размислување? Што значи за вас проживување на младоста?
Јас лично ќе го дефинирам периодот младост не временски, туку периодот пред стапување во брак. Тогаш дефинитивно треба да се искористи за вложување во себе, за личен развој, образование и едукација. Не само факултет и она што следи, туку и професионално усовршување, јазици, возачка задолжително. Патувајте ако имате можност (зошто и тоа е учење), поставувајте прашања, барајте одговори, запознавајте карактери. Може и да се опробате во повеќе професии, пред да ја најдете вистинската. Не дека после во брак сево ова е неможно, но е многу покомпицирано и задолжително нешто страда. Се' друго е минливо. Забава, гардероба, шетање, да ама со мерка.
Имам исто мислење со Пеперминт. Мене глупаво ми е кога ќе се спомене проживување на младоста и кога веднаш ќе се помисли на глупирање,само да се шета,да се пие,да се беснее,да речам. Треба човек да се фокусира на образование,работа и семејството,бидејќи тие ќе ни требаат за цел живот,за другите поневажни работи има време,не се дотолку неопходни.
Да се проживее младоста. Што е тоа што треба да се проживее, според мене, е дружењето, без разлика дали тоа ќе се одвива во клуб, во кафана, дома кај некого, надвор... Потоа, движењето, да патуваш без разлика дали блиску или далеку. Да уживаш во животот без толку одговорност и обврски, да уживаш во слободата знаејќи дека се што правиш го правиш за себе, за себеси да се издигнеш и да постигнеш нешто. Со други зборови, младоста е додека не создадеш потомци, тогаш веќе нема толку многу дружење и патувања, полни сте со одговорност и обврски, веќе не се грижите само за себе туку за малечките и за сопругот. Секако дека млади сте и после тоа, некои стануваат родители на возраст од 18, 20, 23, тоа не значи дека им поминала младоста. Им поминало само тоа време за проживување на младоста. Времето. Некои знаат да речат - Си ја скрати младоста предвреме. И не само тоа, проживувањето на младоста е и губење, паѓање, станување, учење. Преполна со лекции. Па и плачење, смеење, спознавање на себеси и на светот. Младоста е нашата еволуција.
Оној кој си живее онака како што си сака ,прави работи кои го исполнуваат и има младешки дух ,цел живот му е младост. Така даа и на 30 и кусур со деца , не знам зошто не можам да си излезам да си се журкам Едино ете ќе немам може време за секојј ден искачанки . Е сега кога ќе бидам баба , пак ќе играм со внуци детски игри , диско нема.
Младоста е непроценлива, но не се цени доволно, можам да замислам постарите колку многу ја посакуваат.
Секој си има различна перцепција, а највеќе се сложувам со @Peppermint и @Anabelle.Amorette . За мене е да имам што повеќе достигнувања, повеќе дипломи, успеси, да градам успешни врски со луѓе, да патувам што повеќе, секако и да се дотерувам, да посветувам време на себеси и личниот развој, да излегувам понекогаш, но тоа не ми е толку приоритет ко другите погоре.
Убаво објасниле членките погоре. Поимот „проживување на младоста“ некои го сфаќаат доста површно - во смисла на лудо журкање, експериментирање со разни ствари, па и влегување во повеќе романтични врски пред да влезеш во една стабилна и сериозна (во што и нема нешто лошо, но не треба да им се наметнува на оние со едноставно различен, поинтровертен карактер и преференци). Во подлабока смисла, општо сите ние млади треба да се стремиме кон личен развој, напредок, проширување на видиците, патувања. А слободното време и личниот живот е индивидуална ствар на карактер