Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    23
    Љубов,
    што навистина значи ?

    Таа е надеж
    Помоли се на морето
    кога ке тргнам до дното
    Верба,
    Следи ме во провалијата
    со затворeни очи
    Болка,
    Одкини дел од телото
    и подари ми го со насмевка
    Борба,
    Прегрни ме силно
    кога ке ти забодам нож во срцето
    Жртва,
    Легни крај мене и смртта
    и затвори го ковчегот.


    ОДА НА НЕКОЛКУТЕ ЖОЛТИ ЦВЕТОВИ- Пабло НерудА

    Наспрема небесното синило морето ги движи
    своите синила, а наспрема небото
    неколку жолти цветови.
    Доаѓа октомври.

    Па макар што е толку важно дека морето го развива
    својот мит, својата порака, своето надоаѓање,
    се разгорува
    на песокот златото
    на една единствена жолта билка,
    а твоите очи
    се врзуваат за земјата,
    бегаат од големото море и неговите грчеви.

    Прав сме и ќе бидеме.
    Ни воздух, ни оган, ни вода,
    туку
    земја,
    само земја
    ќе бидеме
    и можеби
    неколку жолти цветови.

    Дополнување од модератор: Оваа тема е наменета конкретно за извадоци од литературни дела – романи, раскази, збирки, поезија.
     
    На Tanjamm, kjukli и david-nadal.86 им се допаѓа ова.
  2. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    23
    Пабло Неруда – Смрт

    Многупати одново сум се родил, од длабочините
    на поразените ѕвезди, оновувајќи ги нишките
    на оние вечности што сум ги населил со своите раце,
    и сега ќе умрам, ништо повеќе, со земјата
    врз моето тело, определено да биде земја.

    Не сум го купил парчето небо што го продаваа
    свештениците, ниту сум ги прифатил темнините
    што ги произведуваше метафизичарот
    за безгрижните големци.

    Сакам во смртта да бидам со сиромасите
    што немале време да ја проучуваат
    додека биле тепани од оние
    што го поделиле и го уредиле небото.

    Ја имам својата смрт спремна, како облека
    што ме чека, во боја што ми се допаѓа,
    по мерка што напразно сум ја барал,
    со длабочина каква ми е потребна.

    Кога љубовта ја потрошува својата јасна содржина,
    а борбата ги здробува своите чекани
    во други раце со насобрана сила,
    доаѓа смртта да ги избрише знаците
     
    На shekerna, Tanjamm и kjukli им се допаѓа ова.
  3. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    20
    Ај те молам кажи ми каде може да се најде поезија од Пабло Неруда, на интернет или печатена книга, без разлика.

    Фала однапред:)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Во кујната влезе пес
    И корка леб грабна
    Но црпалката го мавна
    Со кутлачата - трес?
    Мртов падна тој пес.
    Сите џукели дотрчаа
    Му го ископаа гробот

    Над главата му напишаа
    да видат другите пси:
    Во кујната влезе пес
    И корка леб грабна
    Но готвачот го мавна
    Со црпалката - трес!
    Мртов падна тој пес.

    Сите џукели дотрчаа
    Му го ископаа гробот

    (Извадок од „Чекајќи го Годо" од Семјуел Бекет)
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    „Кога не те бива за друго, нема ништо поубаво од убивање на времето; макар и со ѕиркање во туѓи животи, додека си го немаш својот.„

    „Зора зад аголот„ - Димитар Солев
    _____________________________________

    „Јас не сум тело во кое се засолнила душа, јас сум душа која има свој видлив дел наречен „тело“. Во текот на овие дни, спротивно на она што го мислев, оваа душа постојано беше присутна. Таа ништо не ми велеше, не ме критикуваше, не покажуваше сожалување спрема мене: едноставно, ме набљудуваше.“

    „Спротивно на она што го мислат моите клиенти, сексот не се практикува кога било. Во секој од нас постои внатрешен часовник и две лица за да водат љубов, неопходно е нивните сказалки во ист миг да покажуваат исто време. Тоа не се случува секој ден. Доброто расположение на оној кој сака, не зависи од сексуалниот чин. Двајцата кои се сакаат и се заедно, треба стрпливо и упорно да ги усогласуваат своите часовници, благодарение на игри и на „театарски“ претстави, а потоа да сфатат дека водењето љубов е повеќе од необична средба: тоа е „прегратка“ на гениталните делови.“

    П. Коелјо - 11 минути
    ___________________________________________________________

    Видов траги од чекори,
    црни точки
    што заминуваат и
    доаѓаат.
    Белиот снег
    за кого велат
    дека е чист
    ги издаде
    врапчињата и мачките
    и сеништата на моите мисли
    пред мрзливото сонце
    да изгрее и да избрише се‘.


    Марам ал-Маср
    ________________________________

    „Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина.“
    -
    „Сакаш ли вечна среќа - не спиј!
    Превртија ноќта во ден!
    Зошто оној што спие е слеп,
    а при успаните среќата не доаѓа.
    Но еве ви еден совет на сите што сте тука:
    зградата построена во прав -
    во прав и ќе се урне.
    Ако ви се случи тоа -
    не обвинувајте го ни Бога ни човека:
    самите сте виновни.
    Избегајте поскоро од затворот на своето „Јас“
    Одделете се макар на чекор од себеси
    и ќе видите -
    во ружите освен трње
    има и ружи.“


    Томе Арсовски - Парадоксот на Диоген
    ____________________________________________________

    Зборот му е несреден,трескав, како бладање, запален, и не секогаш разбирлив. Но затоа пак да се слуша, и зборот и гласот е нешто необично убаво. Кога зборува откривате и лудак и човек. Во своите расудувања за луѓето тој употребуваше густи бои, само бела и црна, не признавајќи никакви нијанси; човештвото кај него се делеше на чесно и подло; средина тука немаше. За жените и љубовта секогаш зборуваше со страст, восхитено, но никогаш не бил вљубен...

    Чехов
    _______________________________

    „Како иглата од компасот која покажува на север, така обвинувачкиот прст на мажот секогаш наоѓа некоја жена. Секогаш.“

    Никулецот на една прекрасна книга „Илјада неверојатни сонца“ од Калед Хосеин.
     
    На 1209 и glow им се допаѓа ова.
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    „ Во светот што ретко кога можам да го разберам, постојат ветрови на судбината кои дуваат кога најмногу ги очекуваме.Понекогаш тие имаат сила на урагани, а некогаш само ќе не погалат по образот.Во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат, затоа што често ни ја носат иднината која не можеме да ја избегнеме “
    извадок од „ Порака во шише “ - Николас Спаркс
     
    На Mimi123 и Schoenheit им се допаѓа ова.
  7. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Дали ви се случило некогаш исфрлени од колосекот да му речете на секојдневието збогум и да се извините,носени од стравотен виор,вчудоневидени како оној на кого тлото му се измолкнува под нозете?
    Дали ви се случило да ви земат се и да ви ја стават на душата тешката одвратна рака на судбината и да направат од вас немо,преплашено робинче?Разновидни и многу се боловите на луѓето на оваа земја,каде што со "поубава душа подлабоко се липа" но тој,кого што само една од овие вистински и големи болки го снашла-брат ми е и најдобар пријател.
    На сите оние што страдале и страдаат заради душата и поради нејзините големи и вечни барања-им ги посветувам овие неколку реченички.
    На сите кои се чувствуваат како мене,во бол и надеж......

    Прекрасно е ....од Иво Андриќ
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    „Понекогаш знаев: мојата цел во животот е да станам подеднакво ист како мајка ми и татко ми, подеднакво светол и чист над останатите и да се придржувам на редот како и тие."
    - Херман Хесе „Демијан"
     
  9. girl8

    girl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Тажни се твоите принкливи очи. Ја испитуваат мојата душа како месечината кога сака да проникне во морето.Го разголив својот живот пред очите твои од крај до крај, и ништо не сокрив ниту задржав. Затоа не ме познаваш.Да е камен, ќе го скршев на илјада парчиња и ќе ти нанижев гердан околу вратот.Да е цвет, свеж, мал и сладок ќе го откинев и ќе ти го ставев во косата.
    Но, тоа е срце драга моја. Каде се неговите брегови а каде е неговото дно?
    Не ги познаваш границите на тоа кралство, а сепак си негова кралица.
    Да е само момент на радост, ќе расцветаше во лесна насмевка ,и ти ќе можеше да го видиш и да го прочиташ во мигот.
    Да е само бол, ќе се растопеше во сјајни солзи , во кои би се огледала неговата најголема тајна, тајна без зборови.

    Но, тоа е љубов, драга моја.
    Нејзината радост и бол се без граници, бескрајни се нејзините желби и нејзиното богатство.
    Таа ти е блиска како живот, но сепак неможеш целосно да ја познаеш.

    Од Тагоре


    Јас имам избор да бидам жртва на луѓето или авантуристка по сопственото богатство. Прашање е само од кој агол ќе погледнам врз својото живот. Пауло Коелјо - 11 Минути
     
    На david-nadal.86 и MistichnA28 им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    „Дали мојот злочин беше кражбата или лагата - тоа беше сеедно. Мојот грев не беше ова или она, мојот грев беше во тоа што му пружив рака на ѓаволот. Зошто појдов по него? Зошто го слушав подобро од сопствениот татко?"
    - Херман Хесе „Демијан"
     
    На Devojka20 и Bradshaw им се допаѓа ова.
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски
    Ееееее како поминува времево, ми текнува кога јас го читав "Демијан" а бев заљубена во еден Дамјан. Еееее младост-лудост :D :D :D
     
    На gavolica4 и DrBabl им се допаѓа ова.
  12. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Ако

    Ako mozes da sacuvas svoju glavu kad svi oko tebe
    gube svoje i okrivljuju te za to;
    Ako mozes da verujes sebi kad svi u tebe sumnjaju
    i sam pridodajes njihovim sumnjama;
    Ako mozes da cekas a da ti ne dosadi cekanje,
    ili,ako si prevaren - da sam ne varas,
    ili,ako si omrznut - da sam ne mrzis,
    a da pritom ne izgledas predobar ili premudar;

    Ako mozes da sanjaris a da snovi ne ovladaju tobom,
    Ako mozes da mastas a da ti mastanje ne bude cilj,
    Ako mozes da se suocis sa uspehom i neuspehom
    i smatras te dve varke kao da su potpuno iste;
    Ako mozes da podneses da istinu koju si rekao
    izvrnu nitkovi,kako bi od nje napravili zamku za budale,
    ili da posmatras propast onoga cemu si posvetio sav zivot
    i da,pogrbljen,s dotrajalim alatom opet novo stvaras;

    Ako mozes da prisilis svoje srce,nerve i tetive
    da te sluze dugo iako si ih nemilice trosio,
    i da izdrzis i kada nema vise niceg u tebi
    sem volje koja ti dovikuje:"Istraj!"

    Ako mozes da razgovaras sa nizima od sebe
    i ne istaknes svoju superiornost,
    ili da u drustvu s visima od sebe -
    sacuvas svoje dostojanstvo;

    Ako mozes da ispunis jedan nezaboravni minut
    sadrzajem koji traje sezdeset sekundi -
    tvoja je zemlja i sve sto je na njoj,
    i,iznad svega,bices covek,sine moj!

    Rudyard Kipling
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    Da se navreduva moze samo cesen covek i cesna zena, no da mu kazes na kradec deka e krades, toa e samo utvrduvanje na faktot!
    Ana Karenina-Tolstoj
     
    На xoxo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    ... I nishto ne e realno, nitu oblacite ,nitu nivnata senka.Realen e samo migot sto se preslikuva vo ocite na nabljuduvacot.Vnimavaj sto mislish,postojano se potsetuvam.I najtivkata i najnemata mislase se prestoruva vo uragan koj viori pred tvoite oci.Zatoa ,misli ubavo,ubavo da ti se slucuva...
     
    На david-nadal.86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Ниеден човек не е остров сосема сам за себе.Секој човек е дел од континентот, дел од Европа.Ако морето однесе грутка земја, Европа е полесна како да однела некој рид, посед на пријателите или твој сопствен.Смртта на секој човек ме намалува мене, бидејќи јас сум опфатена од општеството.Затоа не прашувај за кого бијат камбаните, тие бијат за мене.
    „За кого бијат камбаните“
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Мојата најомилена песна.

    Васко Попа

    МАЛА КУТИЈА

    На малата кутија и‘ растат првите заби
    И расте малата должина
    Малата широчина, малата празнина
    И воопшто се‘ што има.

    Малата кутија расте и натаму
    И сега во неа е шкафот
    Во кој таа била.

    И расте и натаму и натаму
    и сега во неа е собата
    И куќата и градот и земјата
    и светот во кој таа била.

    Малата кутија се сеќава на своето детство
    И од преголем копнеж
    станува пак мала кутија.

    Сега во малата кутија
    е целиот свет мал малечок
    Лесно можете в џеб да го ставите
    лесно да го украдете, лесно да го загубите.

    Чувајте ја малата кутија.



    Мајстори на малата кутија

    Не отворајте ја малата кутија
    Ќе испадне од неа шапката небесна.

    Никако не ја затворајте
    Ќе и ја пресечете ногавицата на вечноста.

    Не фрлајте ја на земја
    Ќе се здробат во неа сончевите јајца.

    Не фрлајте ја во воздух
    Ќе се искршат во неа земјените коски.

    Не држете ја во рацете
    Ќе се скине во неа ѕвезденото тесто.

    Што правите тоа Господ да ве види
    Не испуштајте ја од пред очи.


    Закупци на малата кутија

    Уфрлете во малата кутија
    Камен
    Ќе извлечете птица.

    Уфрлете ја во својата сенка
    Ќе ја извлечете кошулата на среќата.

    Уфрлете го својот татковски корен
    Ќе ја извлечете оската на светот.

    Малата кутија работи за вас.

    Уфрлете во малата кутија
    Глушец
    Ќе извлечете златен кршигора.

    Уфрлете ја својата мајчинска школка
    Ќе го извлечете пехарот на бесмртните.

    Уфрлете ја својата глава
    Ќе извлечете две.

    Малата кутија работи за вас.


    Непријатели на малата кутија

    Не поклонувајте и се на малата кутија
    Во која божем се‘ се наоѓа
    И вашата ѕвезда и сите други ѕвезди.

    Испразнете се
    Во нејзината празнина.

    Извадете ги од неа сите шајки
    И дајте им ги на нејзините сопственици
    Да ги изедат
    Направете и‘ дупка во средина
    И наденете ја на своето клато.

    Наполнете ја со нацртите
    И со кожата на нејзините мајстори
    И изгазете ја со нозе

    Врзете ја за опашот на мачката
    И потерајте ја мачката.

    Не поклонувајте и‘ се на малата кутија
    Зашто нема да можете
    Повеќе да се исправите.


    Жртви на малата кутија

    Погрижете се дури ни насон
    да немате работа
    со малата кутија.

    Ако сте ја виделе полна ѕвезди
    Ќе се разбудите
    со празни гради без срце и без душа.

    Ако сте го вовлекле јазикот
    Во нејзината клучалка
    Ќе се разбудите со дупка во челото.

    Ако сте ја смачкале
    Меѓу забите
    Ќе се разбудите со четвртеста глава.

    Ако сте ја виделе празна
    Ќе се разбудите
    Со стомак полн шајки и глувци.

    Ако насон сте имале работа
    со малата кутија
    подобро воопшто да не се разбудите.


    Оценувачи на малата кутија

    Што сте зјапале пред малата кутија
    која во својата празнина
    го држи целиот свет

    Ако малата кутија го држи
    светот во својата празнина
    тогаш несветот ја држи
    малата кутија во својата нерака.

    Кој на несветот ќе му ја прегризе нераката
    и на нераката
    петстотини непрсти?

    Верувате ли
    дека вие ќе ги прегризете
    со вашите триесет и два заба

    Или чекате
    Малата кутија
    сама да ви влета во устата?

    Дали затоа сте зјапале?


    Заточеници на малата кутија

    Отвори се мала кутијо

    Ти го бакнуваме дното и капакот
    И клучалката и клучот.

    Сиот свет се стуткал во тебе
    И сега на се‘ прилега
    само не на себе.

    Ни мајката ведрина
    повеќе не би го препознала.

    ‘рѓата ќе го изеде твојот клуч
    нашиот свет и нас во тебе
    и тебе на крајот.

    Ти ги бакнуваме сите четири страни
    И сите четири агли
    И сите дваесет и четири шајки
    и воопшто се‘ што имаш.

    Отвори се мала кутијо.


    Последна вест за малата кутија

    Малата кутија во која е целиот свет
    се вљубила во себе
    И зачнала во себе
    Уште една мала кутија.

    Малата кутија од малата кутија
    се вљубила и таа во себе
    и зачнала во себе
    уште една мала кутија.

    И така одело во бескрај.

    Целиот свет од малата кутија
    би требало да биде
    во последната кутија на малата кутија.

    Ниедна од малите кутии
    во малата кутија вљубена во себе
    не е последна.

    Најдете го сега светот.
     
    На david-nadal.86 и SexyLady им се допаѓа ова.
  17. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Blaise Pascal- Срцето има свое размислување, кое разумот не го познава.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.207
    NEZAKONSKA MATI

    Kaj pa je tebe treba bilo,
    dete ljubó, dete lepó!
    meni mladi deklici,
    neporočeni materi? -

    Oča so kleli, tepli me,
    mati nad mano jokáli se;
    moji se mene sram'váli so,
    tuji za mano kazali so.

    On, ki je sam bil ljubi moj,
    on, ki je pravi oča tvoj;
    šel je po svéti, Bóg ve kam;
    tebe in mene ga je sram!

    Kaj pa je tebe treba bilo;
    dete ljubó, dete lepó!
    Al te je treba bilo, al ne,
    vender presrčno ljúbim te.

    Meni nebö odprto se zdi,
    kadar se v tvoje ozrem oči,
    kadar prijazno nasmejaš se,
    kar sem prestala, pozabljeno je.

    On, ki ptíce pod nebam živi,
    naj ti dá srečne, vesele dni!
    Al te je treba bilo, al ne,
    vedno bom srčno ljubila te.

    превод:

    НЕЗАКОНИТА МАЈКА

    Што ли ми дојде на светов страд,
    мој љубен мал, мој свиден злат;
    на мене млада девица,
    без прстен мајка клетница?

    Ме тепал тате сред клетви, в гнев,
    во плачот мајчин презрена бев;
    за моите - срамување,
    за туѓите - зборување!

    Тој што ми беше љубен мој,
    тој што ти беше татко твој,
    по светот богзнај кај фатил пат,
    од нас му стана и срам и јад!

    Што ли ми дојде на светов страд,
    мој љубен мал, мој свиден злат.
    Но, штом ми дојде, макар в кој час,
    од сета душа те сакам јас.

    Се бистри сводот, јас добро знам,
    штом в очи ти се загледам,
    штом наѕрам в твојот детски смев,
    заборавам на својот гнев.

    Тој, што под сводов в лет птици збрал,
    да би ти среќа и радост дал.
    Ти кога дојде дал беше час,
    јас не знам, но те љубам јас!

    Франце Прешерн(словенска поезија)
     
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    ‘‘Ако откриеш нешто што е во состојба да ти го парализира цело тело,најдобро е да се обидеш за тоа да дознаеш што повеќе.Ако едноставно го занемариш тоа чуство,никогаш нема да дознаеш што можело да се случи,а тоа е, во секој случај полошо отколку да откриеш дека си згрешил на самиот почеток.Зашто ако си згрешил можеш да одиш понатаму во животот не обѕирајќи се назад и не прашувајќи се себеси што можело да се случи‘‘ - Извадок од ‘‘Порака во шише‘‘ Никола Спаркс.


    "А дека ми зборувала, не е вистина, музиката никогаш не ми зборуваше, таа се закачуваше за мене со тенки нишки што не ги осознавав, длабоки како алги, музиката ги доведуваше до површината и ненадејно ќе провреше врвче, јас требаше само да го фатам и да го потегнам. Музиката не беше откритие од општ вид, ами таа откриваше работи „за мене“, таа беше криумчар кој ноќе ја минуваше границата, а од другава страна оставаше нешта што не ги насетував. Згора на тоа, музиката и мене ме криумчареше, таа ми помагаше да ги преминам меѓите како скриен емигрант, таа ме водеше надвор а тоа надвор секојпат се разрешуваше низ некаква постапка."
    "Одлично се сеќавам на сите видови музика во мојот живот, но не можев веќе да ја слушам, таа му припаѓаше на моето минато, не беше реална. Музиката беше откривање, оној дел од мене што го носеше на површина беше матна и гнила материја, друг пат чиста и исповедлива, со годините учиме како да си допуштаме многу на себе, а за некоја година ќе научиме и да реагираме без никакви скрупули за тоа кои сме. Музиката за мене беше акција."
    „Апсолутен слух“ од Даниеле Дел Џудиче
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    „Снег по полноќ. Гомбрович по полноќ. Ограничен живот. Локален живот. Се живее со она што го носи денот. Работа. Семејство. Дејствување. Некако да се преживее. Конкретна егзистенција. Тоа измачува и привлекува истовремено. Ох, тоа ограничување, колку го посакувам. Вселената веќе ми здосади.“ - Димитрие Дурацовски („Insomnia“)