Производите на Denk Mit (DM)

Дискусија во 'Дом' започната од sorbet, 17 април 2020.

  1. sorbet

    sorbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.259
    Denk Mit е марка на DM (Drogerie Markt) ланецот германски догерии и оваа марка е достапна ексклузивно во DM. Како што секоја марка на DM е наменета за одредена група на производи (Balea за нега на тело и лице, Mivolis за додатоци во исхрана), тука спаѓаат производите за одржување хигиена во домот.

    Дали сте користеле некој произод од оваа марка? Дали сте задоволни или не? Дали ниската цена гарантира блескаво чист дом?

    Првото нешто што сум го пробала беше сапунот за отстранување на флеки и бев воодушевена од ефектот. Лани го пробав средството за миење садови (мислам дека беше некаков лимитед едишн, сега го немам видено по полиците). Правеше убава пена и не ми ја пресушуваше кожата на рацете.
    [​IMG]

    До сега сум ги пробала сите омекнувачи, но најзадоволна сум од жолтиот бидејќи најдолго се задржува на ткаенината и трае со денови (бањарката ја исправ со него и цела недела ми мирисаше). Другите омекнувачи (белиот и синиот) воопшто не се чувствуваат на испрани алишта, а во мирисот во амбалажата е прекрасен.
    [​IMG]

    Задоволна сум од течниот детергент за шарени алишта Nature. Го претурив во шише од омекнувач бидејќи полесно ми е да мерам и истурам детергент во машина (едно капаче од омекнувачите на ДМ е околу 40 мл.). Исто така овој детергент е поконцентиран за разлика од обичните, па не треба да се претерува при перење (на задната страна на секој детергент пишува колкава количина се става).
    [​IMG]

    Исто така задоволна сум од течниот детергент за црни и темни алишта. Нема мирис како Нила и морам да додавам омекнувач (фрик сум за алишта што мирисаат убаво), но сепак убаво ги пере алиштата.
    [​IMG]

    Најново нешто што го купив се таблетите против бигор. Една таблета се става во делот за детергент и се користи за едно перење. Ја омекнува тврдата вода и спречува настанување на бигор во машината. Ги пробав денес и таблетата не ми се раствори целосно па морав да ја растворам во чашка и да ја истурам течноста во истиот дел. Прочитав доста позитивни рецензии, па ќе видиме како ќе се покажат.
    [​IMG]
    Го користам и освежувачот за алишта. После некое време во плакар алиштата замирисуваат на стоено и ги освежувам со овој спреј. Има дискретен мирис на свежо (не знам како да го опишам попрецизно :D).
    [​IMG]
     
    На Doozy, Mishela, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Женски
    Средството за маса (стакло) 49 ден, за ништо не го бива. Ужас!
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sorbet

    sorbet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.259
    Секогаш кога ќе поминам покрај рафтовите гледам дека најмногу се троши и ептен сакам да го пробам. :lol:

    Ти благодарам, имало подобри алтернативи.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Arja

    Arja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    1.076
    Пол:
    Женски
    Средството за ламинат е супер, светнува ламинатот и многу убаво мириса откако ќе се исчисти со него. И средството што им е како паста, за мијалник, шпорет и други метални површини е супер исто така (не знам како точно се вика, моментално ми е потрошено, но знам дека е во жолто шише со плаво капаче). И двете беа околу 100 денари мислам, ги имав со месеци пред да се потрошат.
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од alverde производите за лице.
     
  6. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    8.954
    Пол:
    Женски
    Пред одприлика еден месец, мајка ми го купи производов и можам да кажам дека е за сега ни е омилено средство од ДМ во однос на чистењето. Има мирис на лимон, длабинско чисти и навистина вреди.
    bddrdg.PNG
     
    На poenta, sorbet и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.877
    [​IMG]
    Ultra nature за миење на садови, презадоволна сум. Многу многу долго трае, прави убава пена и убаво чисти и нема безвезни мириси, неутрално, таман за садови.

    [​IMG] Есенцијалните масла им се исто убави и квалитетни. Ги имам користено и во такво со свеќичка и во дифузер и се супер. Концентрирани, траат и имаат убави мириси. Летото ова од еукалиптус ни беше дневен ритуал :inlove::inlove:

    [​IMG]
    Млекото од соја им е исто убаво. Ова е покремасто, имаат и едно исто од соја со калциум, двете ме бендисуваат. За во чај/кафе се супер. Не знам која им е цената во МК ама мислам во споредба до другите низ маркети се секако поефтини.

    [​IMG] Презадоволна сум и од овие, додаток за зацрвстување на коса и нокти. Не очекував дека ќе има некоја разлика, повеќе ми беше да знам дека имам некои додатоци ама доста сум задоволна. На нокти одма се примети разлика, ми растат побрзо и поцврсти се.

    [​IMG]
    И храната за мачки, мачорот е заљубен во овие кашички а и паштетките кои ги имаат.

    Од тоа што не ми се допаѓа, овие тврди шампони за коса. Повеќе од 6 години користам тврди шампони и ова беше најужасно нешто што имам пробано. Мислам го потрошив само зашто го користев на море кога живеев и во лето секако секој ден се миеше коса. Ужасни.
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, Doozy и sorbet им се допаѓа ова.
  8. Arja

    Arja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    1.076
    Пол:
    Женски
    Дали капсулите за коса и нокти ги зема од Македонија или Германија? Не сум сигурна дали ги имам видено тука (во Македонија) а баш добро би ги искористила.
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.877
    Не ми се од Македонија земени, ама мислам дека ги има и кај вас. Да провериш во ДМ директно најдобро :)
     
    На Arja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.599
    Омггггг баш некна си мислев за ова :inlove::D

    Морам да ги пофалам ДМ Натур чистачите, значи преееееекрасни се. Малку мирисаат на оцетче и сода, ама веќе не можев со доместос, секаде го има во последно.... мочаш и ти се врти од мирисот, епа доста беше. :rofl:

    Еве што користам, цените се движат од 50-60 денари, сосема прикладно.

    Чистачот за вц школка натур - https://www.dm.de/denkmit-wc-reiniger-nature-p4010355490636.html

    Универзалниот чистач натур - https://www.meindm.at/haushalt/shop...t-Badreiniger-nature/224922/2_10045465.action

    Чистач за вц школка, обичен, ама мириса на лимончиња - https://www.dm.de/denkmit-wc-reiniger-zitrone-p4010355490599.html

    Зедов и на Фрош чистачи ама тоа у друга тема ќе пишам, може ако сакате тема за био чистачи да си отвориме и да се журкаме таму. :party:
     
    На cresa-jagoda, Blue.Sky, tigerlady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.877
    А општо био прозводи/ еко производи, да имам кај да глорифицирам сода бикарбона? Од дезодоранс до чистач, за се ја бива :D:D:D:D
     
    На sorbet и Doozy им се допаѓа ова.
  12. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    3.519
    Дали сте ги користеле овие?
    Mivolis-DAS-gesunde-PLUS-Zinc-Histidine-Cysteine-Depot-Tablets-40-tablets.jpg
     
  13. GirlVolley

    GirlVolley Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Одличен за бели алишта, концентрат е и малку се става
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.