Lea classic имаат неколку видови на креми за лице од кои јас ја имам пробано кремата против пеги и флеки (ја користам и за лице и за тело) и дефинитивно можам да го потврдам фантастичниот ефект. Не ни се потребни премногу производи за нега, потребни ни се само вистинските, а со оваа крема дефинитивно ќе елиминирам некои други производи што сум ги користела досега, а не се покажале нешто баш. Ме интересираат искуства и со другите креми на Леа. Моментално користам и лосион за чистење лице од овој бренд, следно би сакала да го пробам и млекото за чистење.