Девојки што мислите за производите на Seventeen? Сте ги користеле ли? Колку сте задоволни? Јас користев млеко за тело розево со ситни светки преубаво мирисаше и траеше но ми беше поклон и не можам да најдам ... Каде да барам Користев и пудра и сум задоволна
Од пудрата понезадоволна и не можев да бидам ! Катастрофа нешто...како кал беше !! Невр аген ! Ставаш секаде рамномерно и на дневна светлина ишарана негде се фатило негде не .....абе крај ! друго не знам не сум користела , а и после пудрава немам намера
Многу сум задоволна со сенките на Севнтин и од тое поединечните и од палетите од по 3 сенки. Многу убави нијанси имаат, доволно се пигментирани и солидна трајност имаат. Ги препорачувам! Исто и од маскарата Xtraordinare сум многу задоволна, издолжува и ги дефинира трепките не ги лепи и ги прави да изгледаат по густи. Лакиовите за нокти се супер доста се трајни и одличен избор на бои имаат. Од карминчињата имам неколку ок се, не се лоши само боите малку не им се баш... Руменилата им се многу пигментирани што мене лично не ми се допаѓа, не сакам многу нападни руменила, а овие ми се баш такви. Премногу темни, премногу розеви или премногу праскасти. Општо вака ми се супер марка со одлични производи и прифатливи цени.
Задоволна, многу Посебно ми се свиѓаат сенките, а и сјајчињата не се лоши А за маскарата, да не збориме, за мерак
За точно оваа боја зборувам,а баш на кафени очи стои убаво лилјакова маскара. А и ептен се познава бојата отколку од некоја друга маскара во боја. Неделава ќе ја земам па ќе пишам
Користаки јас ја имам користено таа пишав погоре, само црна имам користено, а виолетовата ја имам пробано многу убава боја и на зелени очи е ептен ефектна.
Го имам користено прфемот, млекото за тело , двокомпнентниот одстранувач за шминка, пудрите, маскара , глитерот ...една од маскарите здоволна сум од сите производи
Млеката за тело се врв, посебно за летниот период се незаменливи. Имам користено и други производи и задоволна сум.