Производи за лице без мирис, без алкохол (denatured) и без есенцијални масла

Дискусија во 'Лице' започната од pdb123, 26 февруари 2020.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    Здраво луѓе, забележав дека има доста членови кои доста се информирани и се интересираат подетално за составот на производите за нега на кожа, па си реков ајде да отворам тема за производи за кожа кои не ги содржат набројаните состојки, кои ми се мене лично прв критериум за да не купам одреден производ. Истовремено, мислам дека темата може да им се најде и на луѓето со почувствителна кожа, бидејќи колку што знам јас, за нив особено се препорачуваат производи без овие состојки :). Истовремено, ако знаете и други почести научно докажани состојки кои се препорачува да се избегнуваат во производите за нега на кожа, слободно пишете ги. Ако сакате, напишете и од каде се информирате за темава :).

    Се извинувам однапред за долгиот пост, сакам сè наеднаш да напишам за да нема забуни и да не се дообјаснувам натаму :angel:.

    Како личност што само пред една година почна да се интересира подетално за темава, имам недостаток на информации за такви производи, особено кај нас. Како ја замислувам нашата дискусија тука? Ќе набројам во неколку точки околу што би сакала да зборуваме:
    1. Брендови кои целосно (или претежно) се оградуваат од користење на овие состојки во своите производи
    2. Линии од брендови кои имаат и производи со овие состојки
    3. Поединечни производи од брендови, иако се нетипични за нив.

    Во производи би опфатила сè: мицеларни води, масла за вадење на шминка, млека за вадење на шминка, балсами за вадење на шминка, средства за чистење на лице, тоници, лосиони, серуми, хидратантни креми, масла на крај на рутина (не есенцијални), средства со посебни придобивки (со антиоксиданси и сл), средства за spot treatment, креми со заштитен фактор (со физички и хемиски филтри), балсам за усни (со и без заштитен фактор) :*.

    Гледајќи ги прашањата и коментарите во другите теми, за да не произлегуваат дополнителни прашања, мислам дека е добро веднаш кога ќе се предложи нешто да се кажат и следните информации:
    1. За кој тип на кожа е наменет производот?
    2. Каде може да се најде (кај нас или на интернет)?
    3. Колку чини (отприлика, и нормално, ако се сеќавате; претежно за производи што ги купуваме оттука, за тие од интернет може лесно да се види цената)?
    4. Ваше искуство со производот

    Ќе почнам јас, од брендови што јас лично ги знам, но не сум ги испробала конкретно сите се: Clinique, the Ordinary, Paula's Choice, CeraVe, Cetaphil, Krave Beauty, Drunk Elephant, First Aid Beauty, Hada Labo (Tokyo), одредени производи од Neutrogena, Bioderma, Vichy, Avène, Aveeno, Dove, Eucerin, Balea, Alverde...

    Знам дека се повторувам неколку пати на форумов, меѓутоа не може сите да знаат што и каде коментирам, па ќе набројам што лично јас имам користено од овој тип на производи. Инаку, имам нормална кон сува кожа (повеќе кон сува) и зиме дефинитивно дехидрирана, склона кон затнување на порите (не можам да поднесам тешки производи, барем не сум можела ноќните креми од Nivea и Afrodita Cosmetics и една крема од Byotea - знам, знам, имаат мириси во нив...).

    1. Мицеларна вода:
    - Garnier Micellar Cleansing Water (all skin types) - L'Oréal Micellar Cleansing Water (normal and dry skin)
    483036_xlarge.jpg 1571846011895.jpg
    Двете можат да се најдат во dm или cosmo, а мислам и во маркети како Vero, Ramstore, Tinex и сл. Цената им е меѓу 250 и 350 ден (Garnier има од 400 и 700 ml, L'Oréal 400 ml). Не ја чувствував затегната кожата по употреба и траат долго време. Наменети се, според мене, за сите видови на кожа, не само за нормална, сува и чувствителна.

    2. Млеко за чистење на лице:
    - Clinique liquid facial soap, extra mild (very dry to dry) 200 ml
    d5128ca757dcbfd6c2e80df8ca1ab728.jpg
    Технички пишува дека е сапун за лице, но конзистенцијата му е како млеко. Го купив во странство, мислам дека не беше повеќе од 20 евра, а кај нас го има во cosmo (како и останати Clinique производи), а има и фејсбук страна Clinique Macedonia од каде може да се порача. Хидрирачки и мене ми трае многу долго време (го имам над 4 месеци и го користам 2 пати дневно, па не можам да го дотрошам). Наменето е за сува и многу сува кожа.

    3. Масло за вадење на шминка:
    - Balea Reinigungsöl (trockene Haut) 100 ml
    balea-reinigungsoel--10036854_B_P.jpg
    Пресно купено, само еднаш употребено за вадење на маскара. Чини 180 ден., го има (surprise!) во dm. Потечно е отколку што очекував (налик на вода), но добро ми ја извади маскарата. Пишува дека е наменето е за сува кожа, но не знам искрено како би било поинаку за мрсна или комбинирана кожа (можеби со хохоба масло наместо сончогледово и арганово?).

    4. Гел ексфолијатор
    - Paula's Choice Skin Perfecting 2% BHA Gel Exfoliant (Salicylic acid) 100 ml
    1611019_1.jpg
    Купена е онлајн од нивната страна од странство, 33 евра. Еден од најдобрите производи било кога, иако првите 2 месеци бев ужасно нафрлана, заради purging. Сега немам никаков проблем. Трае предолго, минатото пакување ми траеше околу 3 месеци (иако го користев 2 пати дневно, може и еднаш), ова го трошам веќе над 3 месеци. Ја имам пробано и верзијата во вид на лосион, а има верзија и во вид на течност. Наменето е за сите видови на кожа.

    5. Витамин Ц производ (не знам како да го класифицирам :rofl:):
    - The Ordinary Vitamin C Suspension 23% + HA Spheres 2% 30 ml
    ord007_theordinary_vitaminc_suspension23_haspheres2_1560x1960-67lh5.jpg
    Купено од Douglas во странство, околу 6 евра беше. Не ми се допаѓа конзистенцијата, можеби јас не знам да го нанесувам правилно, а и не гледам некои драстични промени кај мене. Наменето е за сите видови на кожа. Долго време ми треба да го потрошам (го користам само навечер дека така препорачуваат на пакувањето).

    6. Нијацинамиден серум (?) 30 ml
    - The Ordinary Niacinamide 10% + Zinc 1% 30 ml
    ord002_theordinary_niacinamide10_zinc1_1560x1960-41z06.jpg
    Купено од Douglas во странство, околу 6 евра беше. Знам дека нијацинамид се препорачува претежно за мрсна кожа, поради својството на контрола на себумот во кожата, а јас го купив поради неговото својство за избелување на флеки. Не видов никаков драстичен резултат, но знам дека е култен производ и дека им е еден од најдобрите производи, па би го пробала пак. Прилично брзо го потрошив, но можеби ставав по многу.

    7. Хидратантна крема:
    - Paula's Choice Resist Skin Restoring Moisturizer, Broad Spectrum SPF 50 (with antioxidants, normal to dry skin) 60 ml
    1515631-28315-paulas-choice-resist-skin-restoring-moisturizer-spf50-60-ml.jpg
    Купена е онлајн од нивната страна од странство, околу 30 евра. Лесна, немрсна текстура, веднаш се впива и не се чувствува повеќе. Воедно и хидратантна крема со антиоксиданси и крема за сончање со хемиски филтри, во случај некој да е почувствителен на нив.

    - Neutrogena Hydro Boost Gel-Cream (dry skin, fragrance-free) 50 ml
    61pcAvJLm+L._SY355_.jpg
    Купена од странство, околу 18 евра. Лесна текстура, веднаш се впива. Ова е за сува кожа, иако мислам дека повеќе можеби би ми одговарала за extra dry skin, но мислам дека таа е со мирис :(.

    - Clinique Moisture Surge 72 Hour Auto-Replenishing Hydrator 50 ml
    2521824.jpg
    Купена од странство, не се сеќавам точно колку беше, но како што кажав и погоре, ги има во cosmo или на нивната фејсбук страна Clinique Macedonia. Слична конзистенција има како Neutrogena и ако се сеќавам добро, мислам дека беше похидрирачка. Мислам дека одговара за секаков вид на кожа.
    Инаку, сакам да ви кажам како tip: последно кога бев во странство, 70 милилитарската верзија од ова беше 36 евра, но во авион за 35 евра се продаваше комплет од оваа крема од 70 ml и нивните крема околу очи и освежувачки/хидратантен спреј.

    8. Крема за сончање:
    - Carroten Sensicare SPF 50 100 ml
    carroten-snsicare-face-cream-spf50-2015.jpg
    Ја пробав одамна од cosmo, не се сеќавам баш на цената. Свиленкасто чувство, мааааалку мрсничка и малку остава бел талог на лице, но ништо драстично.

    - Sundance Sonnenfluid Sensitiv SPF 50 50 ml
    sundance-sonnenfluid-sensitiv-lsf-50_front_photo.jpg
    Од dm, не се сеќавам на цена. Малку мрсничка, но нема претешка формула. Остава бел талог, мене лично не ми одговараше на кожата, ми ги затнуваше порите, ја користам сега за раце.

    9. Балсам за усни:
    - Carroten Summer Kiss Sun Protection Balm
    s-l500.jpg
    Купено од dm, не се сеќавам на цената. Ми се допаѓа, добро хидрира и се впива релативно брзо.

    10. Масло за крај на рутина:
    - Emu Derm 50 ml
    emu-derm.jpg
    Купено од dm (го има и во cosmo), има две верзии - сина (1200 ден. ) и црвена (1400 ден.). Разликата се состои во степенот на рафинираност, наводно црвената има послаб мирис од сината, иако мене ми е исто. Предобро масло, полно со витамини K2, A, D, E и F и омега киселини 3, 6 и 9. Има антивоспалително дејство и помага за рани, егзема и сл. Мене многу ми помага кога имам поголеми мозолчиња, побрзо ми ги смирува. Не е комедогено и одговара за секаков тип на кожа. Како и секое масло, трае многу време, бидејќи се користи во мали количини (не би требало да ви е мрсно лицето после користење). Спаѓа во „помрсните“ масла, ако ви има тоа смисла :D.

    - Institute Orgaica Organic Moroccan Argan Oil 50 ml
    le-1144.jpg
    Купено од dm (го има и во cosmo), мислам дека беше околу 800-900 ден. Не знам што друго би кажала со оглед на тоа што аргановото е едно од најпознатите масла за добра кожа. Го користам мешано со ему маслото. И ова спаѓа во „помрсните“ масла.

    - The Ordinary 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil 30 ml
    ord028_theordinary_100organiccold-pressedrosehipseedoil_1560x1960-ro1km.jpg
    Купено од странство, околу 10 евра. Прилично лесно масло, во споредба со другите две погоре.

    11. Линијата Hada Labo Tokyo - ја имам пробано целата линија (обичната, не anti-aging, со исклучок на средството за миење на лице, значи лосионот, серумот, кремата за очи и хидратантната крема. Цените им се, ако се сеќавам добро, меѓу 900 и 1300 ден, ги има во dm. Ги купив кога почнував да навлегувам во skincare, тогаш доста се спомнуваше Hada Labo и беа единствените што знаев дека се без мириси, па ги купив сите наеднаш (пошто нели демек најдобро функционираат заедно) :rofl:. Беа навистина хидратантни, но хидратантната крема/гел беше преслаба за мене и хидратацијата ми беше краткотрајна. Можеби подобро функционира за тие со мрсна/комбинирана кожа? Можеби пак би ги купила само лосионот и серумот.

    За некои од овие што ви пишав дека се купени од странство, веројатно знаете, ама ајде, за тие што не знаат, Neutrogena и The Ordinary ги има на веб-страната look fantastic, а мислам дека The Ordinary можат да се порачаат и директно од нивната страна, т.е. страната на Deciem).

    Paula's Choice исто така ја има на look fantastic, ама од некоја причина не може кај нас да ги донесат, барем мене не ми дозволи. Ако некој знае од каде друго место можам да ги порачам, освен од нивната американска веб-страна, ве мооооооооолам да ми кажете ;(;(;(;(;(;(. Истото важи и за Krave Beauty, ако знаете од каде можам да ги порачам, ве молам кажете ми ;(;(;(;(;(.

    Добредојдени се исто така предлози за немрсни креми за сончање, особено ако знаете со некој добар со физички филтри, и особено ако ги има кај нас, да не мора да ги порачувам :D.

    Добредојден е и добар балсам за усни без мирис :).

    Happy skin caring :lol:.
     
    Последна измена од модератор: 28 февруари 2020
    На sorbet, Dust, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  2. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Јас имам комбинирана осетлива кожа која е склона на акни
    Cerave Moisturising Lotion
    [​IMG]
    Вели дека е за сува кон многу сува кожа, но според мене повеќе би одоговарала на нормална/комбинирана и можеби мрсна кожа. Некои денови ме светнува некои не, за дополнителна хидратација понекогаш нанесувам по 2 слоеви откако ќе се впие првиот. Една цела пумпа би доњло да е доволно за целото лице и вратот, си пумпам по една четвртина или една половина па на образот, размачкувам за да се впие па перминувам ан другиот образ, па на челото и на крај на вратот. Лично ја обожавам многу, купено од Бугарија од апетка помалата пумпа околу 11-12 левови, поголемата 20 мислам, не сум сигурна

    Cerave Hydrating Cleanser
    [​IMG]


    Гелеста текстура, треба малце време за да се навикнеш на чувството откако ќе ја измиеш дека има како мрсно да е, но е прекрасна. Ми ги чисти порите супер, не го остава затегнато лицето воопшто, мислам дека би било погодно за секој тип на кожа. Користам една цела пумпа за кога носам шминка или сум била цел ден излезена, пола пумпа за кога нема потреба од многу миење и сум седела дома цел ден. Земено од Бугарија од аптека едно малечко travel size мислам 10 левови беше, поголемата пумпа бесе ко 25-28 левови. Одамна ми се земени продуктиве па не сум сигурна со цената.

    The Ordinary Salicylic Acid 2% Solution
    [​IMG]

    Го користам само на акните, на некои работи на некои не или ја влошува, зависи на кој предел ги ставам. Тоа повеќе зависи до типот на акните бидејќи имам читано на габични акни не помага многу а и така и ми се покажа на мене на тие што ми се на јаболчниците, но на хормоналните или на blackheads работи супер, ако “фатам“ некоја акна додека сеуште се развива ја “замрзнува“, прекинува да се развива и 2-3 користења си умира и после една недела се лупи кожичката сама и не остава трага. Единствена маана што ја имам е текстурата е течна како серумче но ако ја тапкат со прст или ја размачкуваш многу малце се прави пена и не делува, а малце е лепливо самото. Земено од Douglas од Германија за 5.30 евра, исто како на нивната страна.

    The Ordinary Lactic Acid 10% + HA
    [​IMG]
    [​IMG]

    Сакав да ја земам таа со 5%, но бидејќи ја немаа на залиха ја земав и фала богу не и беше премногу на кожата бидејќи немав користено друга претходно. Текстура како вода, супер производ. Си ставам по една капка на образите и челото и многу малце на брадата, или понекогаш по две капки и една цела капка на брадата. Ја користам 2 пати неделно или еднаш неделно само ако користам и маска со зелена глина. Ја оставам да се впие околу 5-10 минути или дур не има леплив допир, подобар ефект имам така, следно утре секако мора да се измие иначе ми се затнуваат порите од мртвите клетки што се “извлечени“ на површината.

    Nature of Agive Rose Water
    [​IMG]

    Не знам дали би се броело за без парфем бидејќи сепак си има мирис иако е слаб, но на составот не пишува ништо за додаден парфем или алкохол или етерични масла. Супер ми е мене, не сум имала лоши реакции, го користам како тонер и за дополнителна хидратација си прскам откако ке нанесам алое вера гел. Од Бугарија земено околу 5.30 левови.
     
    На grungy и pdb123 им се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    @angela.kostova, таман помислив дека ќе изумре темата, ме израдува :inlove:! Имам слушано доста за CeraVe, планирам да ги пробам некогаш :$.
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Сакам да им ги пробам Moisturising cream PM i AM бидејќи во PM има нианцимид а во АМ па им е со заштитен фактор 30 (од тоа штп гледам составот има и физички и хемиски фактори) и слушам позитивни рецензии.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна пд следнве производи:
    bioderma-sebium-gel-moussant-gel-D09227142-p1_636x636.jpg
    Најпрво го мијам лицето со вода, па ставам од гелот. Мразам да користам гел на суво лице, дури и раце кога се мијам, прво ги ставам под вода, па потоа ставам течен сапун. Гелот е без масла, без алкохол и без сапун, за комбинирана и масна кожа. Тоа што нема сапун е многу важно за да не ја чувствувате оптегнато кожата т.е. сапунот ја суши кожата, а тоа е лошо за било кој вид на кожа.
    ord001_theordinary_hyaluronicacid2_b5_1560x1960-0sohq.jpg
    Откако ќе го исплакнам гелот, не го бришам лицето и на влажна кожа нанесувам од серумов. Супер ја хидратора кожата и остава лесно чувство.
    p_550x550.jpg
    Сè уште ми е влажно лицето од водата и серумот кога ја ставам оваа хидратанта крема. На тој начин му помагам на кожата да остане влажноста подолго, а и хијарулонската полесно да си ја брка работата. Има лесна текстура, остава свежо и чисто чувство.

    Сакам да ја пробам оваа крема на CeraVe. Пишува дека е за и за лице и за тело, мене ми треба за тело. Имам и порано пишувано и прашувано за неа на форумов
    61c5dK4tv9L._SY355_.jpg
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    За таа Cerva крема имам читано дека има погусто чувство и дека е по погодна за сува кожа ако ја користиш на лицето, иначе била супер за телото.
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    @moon1, супер, баш барав средство за чистење базирано на вода како втор чекор од двојното чистење (само кога користам шминка). Баш би сакала да пробам ако имаат иста верзија за сува кожа. Дали се сеќаваш колку пари е отприлика? :$

    Навистина добро изгледаат сите производи што ги споменавте од CeraVe-то, баш со ceramides како што барам и јас :$.
     
  8. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Цената е 777 дрнари
    Имаат уште еден гел за чувствителна кожа, ама го немам пробано
    bioderma-sensibio-gel-moussant-200ml.jpg
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    37.336
    Одлична тема!
    Производи со алкохол во нив, не користам речиси две години.
    Сѐ што ќе нанесам на лицето со најмалку алкохол во него, ми прави некоја чудна иритација и ми ја суши кожата, иако природно имам мрсна кожа и буквално лицето ми го прави ко бурек.
    Со есенцијални масла немам проблем. Ниту еден домашен пилинг, или маска за лице не ми поминува без етерично масло од лаванда, или рузмарин.

    Линијата на Балеа за ултра сензитивна кожа е без алкохол. Пената за бричење ја користам повеќе од година и пол, а од неодамна го користам и гелот за миење лице кој многу позитивно ме изненади.
    Од масла, константно користам масло од јојоба. Го има и на брендот Institute Organica, кој веќе сте го спомнале, но јас го користам на BioCosmos кое е трипати поевтино, а разлика во маслата нема.

    Ќе ги пробам SPF кремите кои сте ги спомнале. Одамна сакам да почнам да користам sunscreen, но со онлајн шопинг ич немам среќа.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    @Ketchup, во иднина (и ако сакаш да порачуваш онлајн) можеш да го имаш и ова видео како guideline (азиски креми за сончање, за мрсна кожа):
    П. С. Имај предвид дека ако во иднина, не дај боже, ти се јави некоја алергија, дека може да ти е од етеричните масла (т.е. нивниот мирис), бидејќи сензитивност може (иако не мора да значи) да се развие со тек на време. Мислам, претпоставувам си знаеш, па сѐ додека е ок, go for it :D.
    :*
     
    Последна измена: 2 март 2020
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ell1

    Ell1 Нов член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали имате препорака за крема за сончање, по можност минерална( не содржат оксибензон мислам дека се викаше состојката што е многу штетна за океаните) од 30 заштитен фактор па нагоре?
    Слушнав дека на CeraVe Mineral SPF 30 е добра, гледав погоре дека компанијата продава во Бугарија, каде поточно или во повеќето аптеки? Ако не од Бугарија дали имате нарачано негде од интернет и ви стигнало за брзо време?
    Инаку имам доста мрсна кожа и повеќето креми за сончање се доста мрсни па потешко ми е да најдам некоја без штетниве состојки и да не светам цел ден.
     
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    @Ell1, aко можеш, ископај видеа од Hyram, тој постојано препорачува минерални креми за сончање и обрнува внимание на тоа кои состојки се лоши за животната средина. Во ова видео споменува два од Purito (а имам гледано дека и други ги фалат), ама пробуричкај низ неговиот канал, сигурно има и други :$.

    Инаку, не мора да значи дека сите креми со хемиски филтри содржат штетни состојки за околината, азиските креми содржат нови, помодерни хемиски филтри, па ако немаш чувствителна кожа, хемиските креми се подобри од аспект на тоа дека не се мрсни. Види го видеото од погоре за креми за сончање, дали споменатите таму се без такви состојки, а се за мрсна кожа :*.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.697
    Допаѓања:
    137.049
    Cerave производи купувам од SoPharmacy аптеките. Ги има скоро секаде низ Софија и како што гледам има скоро се од нивната линија :)
     
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    2.241
    Ајде, во духот на темата, а и за сите оние што се прашуваат зошто постои, едно видевце:


    :*
     
    На SnowDOG му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SnowDOG

    SnowDOG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Го обожавам и него и Џејмс Велш :inlove:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.