Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Мислам дека секоја од нас поседува барем по некое средство за коса, тело, лице и сл., кое не би го купиле повторно доколку ви се потроши.
    Незнаев каде да ја ставам темава, па затоа се решив овде да ја ставам, а ако има ваква, клуч :lol:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Продукти кои не би ги купиле пак

    Не би купила крем против мозолчиња по што мислам дека нема ефект :)
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Продукти кои не би ги купиле пак

    Баш сега размислував кои продукти никогаш не би ги купила повторно, сум користела многу и има дузина такви што никогаш повеќе нема ни денар да потрошам на нив, но еве за почеток продукти кои сум ги купила а најнеискористени се од причина што не ми одговараат:

    [​IMG] крема Лимон наводно за кожа подложна на проширени пори и мрсна т зона, ма јок, тешка е како свинска маст да сум мачкала, едноставно моево лице не ја трпи, па така од жал да не стои неискористена си ги мачкам стапалата. :D




    [​IMG] Крема за коса од субрина, има неверојатен мирис, на сам почеток кога ја купив ми се виде супер, но со тек на време, почна некои чворови низ коса да ми се прават дури језиво, така престанав да ја користам, косата ми се оправи, потоа пак почнав да ја користам си викам ајде можеби замислувам, но пак истиот случај и така си стои неискористена а си џитнав 170 денари мислам да придодадев уште некој денар ќе си ја купев на Нивеа која е 3 класи подобра од оваа. Но тоа е секое школо се учи.



    [​IMG] И оваа маска на Дов, 215 денари срце ме боли, не се малку а косата ми како на кокошка, ништо не ми помогна само ми одмогна, односно ми даде еден убав елетрицитет, како да ме стреснала струја, се навратив на овој производ 2-3 пати да му дадам шанса, ама не, едноставно не го бидува.
     
  4. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Продукти кои не би ги купиле пак

    Не би го купила повторно еуцерин кремот ph 5, никогаш повеќе. Пред неколку месеци го земав за да го пробам, достапна беше цената (околу 450 ден. а 75mil.) кожата не ми го поднесуваше, како на површина да стои, не се впива, а па и пудра да ставиш врз него, си утнал работа. Бар кај мене така беше, ама гледам други го фалат, секој разлилно. Како и да е, НИКОГАШ повеќе нема да биде во мојот несесер!
     

    Прикачени фајлови:

  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Продукти кои не би ги купиле пак

    Не би го купила Тесори д`Ориенте спрејот со ориентален мирис. По тешко нешто во живот немам мириснато, ич не сум фан на такви мириси.

    И пена за коса никогаш не би купила пак,никаква, ја суши косата,лепи,одвратно ми изгледа. Од сега само крема за коса му е спасот.
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Продукти кои не би ги купиле пак

    -Кремата од Авон. Ич не ми се бендиса мирисот, беше многу водлеста и не беше хидратантна. По неколку мачкања му ја дадов на мајка ми да ја користи.


    -Колгејт пастата за избелување. За џабе фрлени пари. По 3 пати на ден ги миев забите со неа и не забележав ни една нијанса да ми се побели забите. Дефинитивно е подобра Лакалут.

    Сега за сега толку. Не ми текнуват други :^)
     

    Прикачени фајлови:

  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Гола вода,како млеко за тело НИКАКОВ ефект барем кожата помазна да ја правеше |(
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Признавам дека не сум имала подобра пудра во однос на покривноста, ама што е многу - многу е.
    Лицето партал ми го направи, ми беше претешка. :x
    Ја користам таа што ми остана за покривање на некоја акничка или флекичка на деколте, раменици, ама дефинитивно не би ја купила повторно.

    [​IMG]
    И Орифлејм непријатно ме изненади, мојата омилена маскара е тотал шит. :doh:
    Многу брзо ми се разлева. |(
    Ја купив по втор пат и ете - зажалив! :D

    [​IMG]
    Дали само мене ми се чини така, или навистина со новата амбалажа им го сменија и квалитетот на производите? :|
    Претечно е млекото, ми се лизга низ ватите и многу ми ја масти кожата. Не беше такво - потпишувам! :!:
    Прв пат купив од овие новиве и не би повторно.
     
  9. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    ^И јас се согласувам дека млекото не е истото како што беше. Многу е течно и некако не ми мириса исто како што мирисаше старото, али пак го користам кожата ми ја прави помека :)

    Повторно не би ја купила пастата за заби од колгејт за белеење на заби. Забите си остануваат исти, нема никаков ефект.. :|
     
  10. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    L'oreal спрејот за волумен..
     

    Прикачени фајлови:

    • Hair12003.jpg
      Hair12003.jpg
      Големина на фајлот:
      9,7 KB
      Прегледи:
      7.432
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    К А Т А С Т Р О Ф А!
    Ај што не си ја погодив нијансата, нема врска. Пудрава одма се суши, не се размачкува, се познава многу, колку и да ја мачкам пак има некои грди линии, и едноставно, ужасна е.
     
  12. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    И моето искуство со пудрава е катастрофално.Имам пишано и во друга тема. Без врска , само ја шлакав да се потпотроши и да си купам друга пудра.Сега си се вратив на старата и си немам проблеми како со оваа.
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Се согласувам узасна текстура и еден од полошите производи сто сум ги купила!
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    [​IMG]

    Многу е сува и не ми ги прави трепките убави

    [​IMG]

    Многу брзо се суши и треба да се фрли дур ти е уште полно кутивче

    [​IMG]

    По одредено време не пуштаат боја точињата и треба пола саат да брцаш со четката за да „се фати“ боја.

    Тоа е моето искуство :lol:
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Истово и со базата на менхетен се случува...
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.017
    Пол:
    Женски
    Леле, дали е можно пудрата на Боржуа, Био-Дитокс само мене да ми беше речиси совршена !? :tmi:
    Уште малку попокривна да беше и ќе беше десетка, ма и повеќе од тоа. :$
    Неврмајнд, да се вратам на темава, ми светна уште нешто. :D
    [​IMG]
    Не би ја купила пак маскава, иако е наменета и за мрсна кожа.
    Мене премрсно ми делуваше и некако дополнително ми го измасти лицето, мислам, ми даде некој си мрсен сјај иако убаво ја измив и го исчистив лицето. Тоа не беше случај со плавата маска. :^)
    Дефинитивно НЕ од мене. :D :Down:
     
  17. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Палете фарби за коса.. никогаш повеќе.. ми ја уништија косата..
    [​IMG]
     
    На Ema.Sk, Sexybaby86 и kolovoz им се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски

    Уф, колку само се согласувам! Никогаш повеќе, ај што ја оштетуваат косата, туку и плавите нијанси се КАТАСТРОФАЛНО ЖОЛТИ! Два пати се имам фарбано со нив и првиот пат косата ми излезе жолта (инаку ми е бебешко плава, накај бела). Си реков ај ќе и’ дадам уште една шанса на фарбава, сигурно наредниот пат ќе ми излезе убава боја, а тоа бетер жолта ми излезе. Потоа, едвај успеав да си ја вратам убавата (нормална :!: ) бебешко плава боја. Со еден збор, катастрофа од фарба :x

    А, да, морам на листата да ја додадам и најодвратната маскара на светот од Deborah, која не прави ама баш ништо за трепките, ниту дава волумен, ниту пак ги витка. А не е ни баш евтина, колку што се сеќавам беше околу 600 ден. Секоја пазарска маскара е подобра од оваа:
     

    Прикачени фајлови:

    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.098
    Ја купив околу 600-700 ден. а не вреди ни денар, ниту покрива, ниту изедначува, се познава од километар...
    [​IMG]
    Млеко за тело од фелче, мислев поефтино да поминам ми се виде големо пакување, ама ете така ми стои, мирисот не го поднесувам...
    [​IMG]
    Сите производи на Dove ги обожавам, освен овој...
    [​IMG]
     
  20. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Прво парфемот толку неубаво мириса, толку нападно, како во времето на баба ми оние бугарските парфеми ефтините што биле, се продавале многу ееее така мириса , причај ми причу! оној кој ќе го пофали овој, мислам дека би бил 1 на 100000 ..

    Ова чудово од Авон, беше 119 ден, па викам ај две да земам, читам 3 во 1 , велам добро е. Ма какво добро бре, пена да си ставам од сапун за раце подобро ќе беше!

    И пудрава Catherine Arley , е како смачкана бисквита, (подобра верзија од течната за која неможев да најдам слика, е камената ама и таа е бљак ) за жива глава не се размачкува а камоли нешто повеќе!
     

    Прикачени фајлови:

    • nd.12861.jpg
      nd.12861.jpg
      Големина на фајлот:
      60,7 KB
      Прегледи:
      652
    • prod_1121624.jpg
      prod_1121624.jpg
      Големина на фајлот:
      15,6 KB
      Прегледи:
      651
    • feat-430x263.jpg
      feat-430x263.jpg
      Големина на фајлот:
      23,2 KB
      Прегледи:
      652